1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Избори за убавина за деца

Дискусија во 'Дете' започната од De-lovely, 22 декември 2010.

  1. GreenEyes

    GreenEyes Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    44
    па после ќе се чудат зашо децата им бегаат од контрола. бесмислено е како самите мајки си ги упропастваат децата... кадееее беее
     
  2. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Ова е таква перверзија што ми се :puke: . Децава според мене се жртви на психичко малтретирање, засекогаш им е одземена можноста за нормален живот и сето тоа заради скапаната психа на „родителите“. Кога видов какви настапи имаа, едно девојче се влече по бината :( , друго со костим како да има гради, трето буквално меша на сцена... И од публика мајка и и вика "work it, baby!" како во стриптиз клуб да е :puke: .
    И друга работа, мислам многу важна. Ги гледате родителите? Скоро сите се overweight, (за некои и тоа е благо кажано). Мислам дека службите за заштита на децата тука би имале многу работа.
    И убаво напишал некој погоре, мека за педофили.
     
  3. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Навистина жално е што родителите лечат комплекси така што ги прегладуваат, ги шминкаат ги прават пластични и вештачки и ги прават да сметаат дека НАДВОРЕШНОТО е она важното. На овој начин тие прераснуваат во личности кои пред се им е важно да изгледаат убаво,карактерот е сосема неважен, сигурна сум дека главна животна мисија ќе им биде да се најдат на насловна во порно списанија,а не да имаат семејство,вистинска кариера. Глупаво е што мајките им се дебели магарици со 100 кила,а тераат деца што едвај имаат 28 кила да бидат на диета. Што им прават уште, не им даваат да јадат,а преднив јадат хамбургери,тостови... Жално, ваквите работи треба да се забранат и децата на ваквите родители да им бидат одземени.

    Ако веќе прават избори и натпревари зошто не направат за нешто вистински важно и вредно, нека направат за спелување(има повеќе з аубавина отколку за ова),за математика,за други предмети, нека прават за спорт,за пишување поезија или проза,нека се натпреваруваат з анешто квалитетно и навистина вредно,а не за кој има повеќе пудра на носот и кој знае повеќе да меша со задникот. Мизерии...
     
  4. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Ги имам гледано натпреварите во Америка што ги организираат. Поима немам дали и кај нас има такви глупости, ако има би била прва што ќе протестира пред тие местенца за збиранка на педофили, пошто друго нешто во таквите избори јас не гледам, освен што хранат нечии ненаситни очички за млади кревки телца и родители, што си лечат комплекси, неостварени желби и соништа.
    Она што го имам видено на американскиве избори е неподносливо, срамно и вулгарно кинџурење на мали дечиња кои едвам се додржуваат на нозе, а со толкави трепки, кармин нашлакани, перики, тен, пудри и облека, како мали теткици, шетаат разголени. Ај, што децата се изгубени зад тие маски на мали госпожички, ама начинот на кој што овие мајки се однесуваат со нив, плаче да и го земеш детето и да не го види повеќе.
    Алал да им е за оваа демократија. Вистина умеат. Се надевам дека во оваа наша држава нема место за таа нивнава демократија.
    Живели комплексари и љубители на мали девојченца ;).
    Џаст сеј НОУ! :shake:
     
    На La.Reina.Del.Sur и LivingGlam им се допаѓа ова.
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Ја слушам една исфрустрирана мајка и вика мојата ќерка 2019 година ќе е Мис на Америка, а дотогаш ќе има 1377 титули од регионални избори. Таа е прекрасна, таа обожава да е на сцена, има карактер.
    Леле кога ќе речат има карактер а малата рика на сцена и се спие. Греотичка.
    Ги будат децата рано насабајле ајмо потемнување, вештачки трепки, шминка, фризура витлери, вештачки коси, вештачки заби им лепат да не видат дека им паднале природните и се штрбави, па нокти лепење па маникир, а тоа плаче ли плаче.
    Оффф зашто не ме вработат во социјалните служби во Америка да им ги испоземам децата на таквите дебели мајки кои не можеле да станат мисици па ги замараат децата. Лудачи!
     
  6. padme1517

    padme1517 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    14
    Легална педофилија.
     
  7. al4e

    al4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2011
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    11
    И јас ја гледам оваа емисија и неможам да им се начудам на луѓево. Значи 5 годишно дете да депилираш и да чупаш е тотална лудост. Им нанесуваат болка без потреба на своите дечиња. А тие пак едни размазени, едни невоспитани незнам стварно.
    инаку незнам дали е случајно или не ама мајките на децата претежно или се дебели или се грди, мислам дека со децава само си лечат комплекси.
    инаку баш сега на истата програма гледам една многу поучна емисија TAKE HOME NANNY, е ова е пример како треба да е воспитуваат децата
     
  8. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    прво треба што викаат еден кол во г*з на родителите или потоЧно на мајката!
    тоа е психиЧко измаЧување и леЧење комплекси :worried:
     
  9. love.edward

    love.edward Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2011
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    243
    исфрустрирани свињи им се мајките, една слаба нема. Пробуваат тоа што они не го постигналре во животот а имале голема желба за тоа, па им поминал возот низ децата ко божем да го "остварат". А децана на деца не личат, страшно нешто.
     
  10. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Страшно, ова е чиста перверзија и производ на болни умови!
    Уште еден доказ дека сите не се создадени за да бидат родители. Искрено ми е жал за децата, детството им е изгубено и најверојатно тоа ќе има последици и понатаму во животот. Ќе останат со мислењето дека изгледот е поважен од она внатрешното. Зошто? Заради некои кои воопшто не заслуживаат да се наречат родители.
     
  11. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    Одвратно... На телевизија почнаа и педофилски програми да пуштаат, да не им текне и на овие да им даваат права :puke: само се чудам кај оди светов
     
    На rajna-vojvoda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Ова ти се вика изживување врз децата.
    Мајките сигурно како мали не си играле доволно или можеби ВООПШТО не си играле со кукли, па сега го надохнадуваат тоа со тоа што своите ќерки ги претвораат во кукли.
    Страшно! :x

    Јас на дете мое вакво нешто ако му направам, значи ми фали нешто и слободно давам дозвола постов да се искористи во иднина како доказ дека ДАВАМ ДОЗВОЛА ДА МЕ СМЕСТАТ ВО ИНСТИТУЦИЈА ЗА ЛИЦА СО НАРУШЕНА ПСИХИЧКА СОСТОЈБА.
     
    На rajna-vojvoda и woow им се допаѓа ова.
  13. woow

    woow Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    88
    Какви болни родители има, само да дојдат до пари и децата сопствени си ги искористуваат. Добро, дали постои некоја организација за заштита на децата???
    На што личат децава??? Боже мој, поисвештачени се и професионалниве манекенки...
    Болно, грозно, срамота...
     
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Бизнис на болни луѓе за да заработат огромни суми на пари. Какви деца?! Ова воопшто не личат на деца, пре би рекла спонзоруши-џуџиња. Па човеече јас не се шлакав толку ни за матура. Срамота и греота е тоа што се прави со децава. Искрено зад овој бизнис сум сигурна дека стои уште погадна работа, не сакам ни да ги споменам моите сомневања. Потполно се согласувам со woow каде се оние организации за заштита на децата, ова веќе е злоупотреба која ги надминува сите граници. При толку педофили низ светов, само уште ова “шоу“ фалеше. И општо сум против секаков вид на избори на убавина за деца. Има поздрав начин да се помине детството, запиши го бе детето на тенис на пример или на некој курс за цртање или јазик. Ова вака не оди.
     
    На dimoska и rajna-vojvoda им се допаѓа ова.
  15. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    Срамота ....болни умови!!!!! или кога ке видам деца облечени ко за пред МТВ ( девојчиња) срамота :fubar:
     
  16. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.029
    Имам гледано на Travel&Living емисијата, и тие девојчиња личат на се`, освен на девојчиња. Убави биле, како не биле, женчиња. Вештачки заби, вештачки локни и уметоци, вештачки трепки, на 4 годишно девојче. Ретарди.

    Све се тоа тешки сељанки мајките, улежани од по 300 кг со некои малограѓански сурати, па лечат фрустрациите преку децата. Памтам баш близначки имаше, и мајкава едната ќерка демек си ја сака повеќе, она победувала секогаш, другава ја брка од соба, немала таков шарм како другата, не ја сакала публиката... |( Ма за бесење. :fubar:
     
  17. Cookiemonster

    Cookiemonster Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    70
    Овие нормални ли се??? :fubar: :fubar:
    Толку шминка на дете од 4-5 не му се става 20 кг шминка им ставиле кога ќе пораснат на што ќе личат???
    Облеките им се катастрофални изгледаат ко некои проститутки!А овие мајкиве нивме се толку амбициозни затоа што тој што ќе победи има даваат по 10-20 илјади долари!
    Јас не сум против овие натпревари нека прават само да им биде запрането да се шминкаат нивната детска кожа е толку нежна!!Нека се облекуваат во нормални алишта што се за нивна возраст и косата нека им биде нормална пуштена,во којнско опавче,плетенчиња,кикици...и нека ја имаат она природната насмевка не ваква вештачка!!
     

    Прикачени фајлови:

    • 326214.jpg
      326214.jpg
      Големина на фајлот:
      88,3 KB
      Прегледи:
      257
    • cute-little-girl.jpg
      cute-little-girl.jpg
      Големина на фајлот:
      58,3 KB
      Прегледи:
      257
  18. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    аууууууууууууууу одвратно....леле види ја аууууууууууууу :envy: :envy: :envy: :fubar:
     
  19. maca78

    maca78 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    78
    се сложвам со се наведено од сите вас и се грозам од самата помисла дека ке го изложам детето мое на вакви работи.
    баш сега мислам дека нема недела дена на -турнеја- низ австралија беше еден вуд,и нејзината ако смеам да ја наречам мајка даваше интервју на некоја емисија,заедно со детски психолог...
    немам видено онаква особа и несакам ни да видам.буквало се тресеше во зборвењето за да му докаже на народот дека е во право.ама најпојке ме изреволтира кога психологот и рече дека си лечи свои комплекси со ова а таа одговара дека не е тоа по нејзина желба туку по желба од девојчето.
    жити мене краво една како може едно бебе буквално да има желба да го скубаат и да го шлапаат со што ке најдат??????
    а пак за секот замешан во овие натпревари немало ништо секси во нив????????а како прилог даваат како еден вуд меша како стриптизерка...страшно навистина страшно....
    :envy: :envy: :envy:
     
  20. selly.gomez

    selly.gomez Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    42
    Според мене овие ми се ко за грефф!! Уште од мали и со сила ако треба ги тераат да излегуваат на сцена, а тоа со вештачките заби, трепките и периките, мислам дека ни возрасните не претеруваат до толку... Само ги форсираат та сакале та не. Ги гледав порано на travel & living, и му се чудам. Ужасс!!!