1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Избори за убавина за деца

Дискусија во 'Дете' започната од De-lovely, 22 декември 2010.

  1. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Чиста глупост. Малтретирање на децата. Сиротички. :worried:
    Како што рече ова се искомплексирани мајки, или грди (па самите неможат да учевствуваат на таков натпревар па ги малтретираат децата) или ненормални. Т.е сите се ненормални тие. Безразлика колку пари ќе ми даваат НИКОГАШ не би го малтретирала вака детето мое. :!:
     
  2. dimoska

    dimoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    47
    Во право сте сите кога го видов ова на една интернет страна ми се плачеше.Јас имам ќеркичка од 3 и пол години и сепак мојот избор е да ја оставам да биди ДЕТЕ во вистинска смисла на зборот.и најискрено не само мајките се прашувам што ке биди со децата какви личности ќе станат од нив.затоа што и нивното однесување не баш за пофалба.од кога се родени се како принцези.од нив се ќе биде само вистинска личност никогаш.и не знам дали забележавте оти ниедна од мајките не е модел не е средена,не е слаба,поточно не личат на ништо а ги малтретираат децата со тие нивни комплекси за совршенство.не само физички туку и психички се многу измалтретирани.не знаат што е уживање што е детство игра во парк и сл.знаат само шминкери фризери избори за убавина и ништо друго.фала богу што сеуште ме држи паметот.

    Точно така во право си за секој збор.не знам дали гледавте прилог на ТВ за најлошата мајка во америка со жената што го малтретираше своето дете.и тоа не беше воопшто во ред ама овие треба да се први на таа ранг листа.читав пост за девојче од 6 години кое се пензионира од избори за убавина поради не знам точно ама мислам беше 300 победи до сега.почнало со избори од 1 година.штознае тоа од детство игри и сл кога цел живот нејзин и само избори и подготовка за истите трчанје од шминкер кај фризер па козметичар и поново се така во круг.жалосно.
     
  3. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    Против, нема шанси да го пуштам моето дете пред педофили да се покажува. А и тие на првата страна не се деца, барбики се. Ја имам гледано емисијата и ако на сликите го отсечат телото и ти ја покажат само главата ќе помислиш дека се работи за 20 годишна девојка.
     
  4. maca78

    maca78 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    78
    баш точно се!!!!!!тоа девојче е еден вуд што пишев претходно во мојот пост
     
  5. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    72
    Мозам сакам да кажам дека е малку претерано што им прават на децата а дали ги гледате нивните родители, може патат што не се они убави.
     
  6. bal0n43

    bal0n43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    81
    Сум ја гледала повеќе пати оваа емисија и запрепастена сум од тоа како размислуваат мајките на овие девојчиња. Јас не сум против да има вакви избори, ама тоа да се избори за природна убавина, а не со сила да ги тераат децата да пораснат пред време. Мислам сето тоа е премногу..толку шминка, маникири, педикири, вештачки трепки, коса, па дури и депилација и потемнување.
    Има и машки пријавени на изборите па и нив ги шминкаат.
    И горди се што потрошиле толку пари во облеката и останатото, наместо тоа да го вложат во образование или нешто покорисно за нивното дете.

    Има и избори на кои можат да учествуваат и мајките и на крај мајката и ќерката се конкурентки. Глупости!
     
  7. Lady.Rose

    Lady.Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    51
    Абе ужаси! Како можеш на мали дечиња, толку слатки, толку природно убави да им шлапаш шминки, костими и што уште не? Ако не се забележале, сите мајки на девојчињата се огромни искомплексирани тетки што си ги лечат комплексите на своите деца. Па каде се моралните вредности? Зар од толку мали да ги учиме децата да бидат површни луѓе на кои изгледот им е поважен од внатрешната убавина? Па тие се само деца, цел живот ќе имаат да се депилираат, шминкаат, дотеруваат. Не треба ли да си уживаат во детството малку, безгрижно да си играат?

    А втора работа е што и да не ги шминкаа и дотеруваа не треба да се одржуваат избори за убавина, бидејќи така на децата им се наметнува мислењето дека приоритет во животот е надворешната убавина, а да не зборам за тоа дека е погубно за детската самодоверба да изгубат во некој таков натпревар па цел живот да си мислат дека не се убави.

    Детството е за игра и забава, а не за лечење комплекси на дебели мајки!
     
  8. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Ова е едно од најгрозните работи од цела оваа грозна експлоатација на дечињата.
    Мајката и намонтирала вештачки гради (И вештачко газе!) на ќерка и (Која има 4 години) за демек оваа успешно да ја имитира Доли Партон на тој перверзен избор... :puke: :puke:
    [​IMG]
     
  9. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Остај за пријавување, уште 2000-3000 ќе лупнат за фустан(и), штикли, потемнување, маникир, педикир, личен тренер, и остали пропратни глупости.
    И сега ако во годината иде едно дете 5 пати на избор, по 2500 долари во просек на секој, за една година 10 000 долари, и наместо да ги собираат и штедат тие пари за иднината на своите деца тие ги лупаат на безвезални избори.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Одвратно! :puke: :puke: :puke:
    Off with their heads! :!:
    Тие мајките нивни да ми се при рака јас лично би им ги отсекла главите!

    По автоматизам на децата им всадуваат погрешна претстава за тоа што би се ценело кај нив кога ќе пораснат.
    Дека тоа е физичката убавина првенствено ,а не карактерните особини.
    И нормално ,од тие девојчиња ќе излезат напичени ,пластифицирани моми кои знаат да отворат тема на разговор под услов истата во себе да содржи шминка ,естетска хирургија и неизбежниот секс.

    До кај дојде светов ,Господе мили ,слези и земај си ја вересијата!
     
  11. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Јас би им ги одзела децата и би ги пратила во затвор! А децата во домови! Добро а UNICEF што работи? Што не реагира? Зарем не гледаат што се случува? Некој нека направи таму нешто за децата,ова е ненормална работа!

    http://www.youtube.com/watch?v=0BPElw28 ... re=related
     
  12. Inhume

    Inhume Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    243
    Гледав една епизода каде што мајката на керќа и и ги бричеше нозете и ги кубеше веѓите а девојчево 7 години дали имаше :fubar: Очајни луѓе што сакаат лесно да дојдат до пари и слава и девојчињата мали од кај разбираат толку па велат само наградата сакам да ја добијам сакам пари кога го слушнав тоа се наежив кај отиде светов :puke:
     
  13. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Станува збор за родители кои си ги полнат џебовите со парички така што си ги експлоатираат децата. Болна работа.. Си лечат комплекси преку децата. На 6-7 години ги носат на депилација, ги китат со шминка, накит, костими и уште триста работи и ги пуштаат да шетаат како подвижни новогодишни елки. :x

    Е на вакви луѓе треба да им се одземе правото да бидат родители :!:
     
  14. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Сите избори за убавина на деца, малку по малку прераснаа во реални шоуа, со разни скандали.
    Тоа што им се прави на децата е чиста срамота и немање совест.
    Доволно кажаа претходните случаи што беа на интернет.
    Треба и законски да се забранат.
    Уште од мали се готови за проститутки, мета не порнографската индустрија, на тровијата со луѓе, итн.
    Децата треба нормално да си го живеат детството и крај!
     
  15. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    Една реченица: То треба да се убие.
     
  16. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Па да ево Македонија, цел свет ќе се дигнеше на нозе,ама бидејќи е Америка во прашање,таму се е дозволено.
    Никогаш детето не би си го изложила на толкава тортура.Уште од најрана возраст ги водат по солариуми, што ќе рече нивната кожа во пубертет?И ред други циркуси што им ги прават.Класичен дебилизам!
     
  17. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    234
    Сите што сме против ова,ставете лајк на групава,обично не барам лајкови за групи или слики,ама мислам дека оваа група мора да ја поддржиме. Бараа уште 3 лајка за да биде групата отворена (не знам баш како одат тие работи) ама вреди да ги поддржиме тие што од таму можеби ке се потрудат да направат нешто против оваа болна работа,што кај и да е,ке стигне и кај нас (веке имаме натпревари за избирање на најубаво бебе,најубаво дете,фали уште да почнат да ги шминкаат) :worried: Најискрено страв ме фаќа :worried:

    https://www.facebook.com/pages/Remove-T ... 0067489075
     
  18. girl-in-love

    girl-in-love Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Иако имам 13 години мајка ми не ми дава ни трошка пудра да ставам а и самата не сакам да ставам ниту пак коса да пеглам,па да виткам итн.
    Но не се виновни децата туку мајките. :( Па јас на мое дете да му правам такво нешто :headbang:
    Живи барбики се ова а не деца... :puke:
     
  19. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Едно од најбаналните ТВ шоуа, а воедно и едно од најгледаните - "Toddlers and Tiaras" секојдневно шокира. На ова видео е прикажано едно од девојчињата кои се натпреваруваат – Алана која мајка и ја нарекува „дива кралица“.

    Мајката на Алана постојано ја дозира со енергетски пијалаци, а дали гестикулациите на девојчето се резултат на истите, проценете сами.

    Ќе ни извините на речникот, ама ова е една од по болните работи кои сме ги виделе, а мајкава е невиден „дибек“!

    http://www.youtube.com/watch?v=NTW4QHuW ... _embedded#!

    превземено од crnobelo.com

    :x :x :x
     
  20. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    и јас го имам фатено неколку пати ама не ми се баш ареса има ли неубаво дете