Избори и политички случувања во светот

Дискусија во 'Политика и настани' започната од DS10, 27 јануари 2025.

  1. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.034
    Допаѓања:
    4.764
    Пол:
    Машки
    Добив дозвола од администратор да ја отворам темава. Идејата ми е темава да биде општа за сите избори низ светот, да не би отворале посебни теми за секои едни избори и да не би имале 150 теми од кои 80% би биле празни или со 10 мислења максимум, да постои една општа каде ќе коментираме. Верувам дека има доста луѓе како мене кои ги обожаваат изборните процеси и кои сакаат да ги коментираат. Администраторот ми рече да ги исклучам американските претседателски избори и дека кога тие ќе се случуваат би било подобро да си има посебна тема. Отом потом. Најголема инспирација ми беа вчерашните претседателски (без)избори во Белорусија и февруарските избори во Германија.
     
  2. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.034
    Допаѓања:
    4.764
    Пол:
    Машки
    Во моментов е предизборен период во Германија откако и беше изгласана недоверба на владата после распадот на левичарската семафор коалицијата на Социјалдемократската партија (СПД), Слободната демократска партија (ФДП) и Зелените на 6 ноември само 12-тина часа по изборот на десничарот Доналд Трамп за претседател на САД. Канцеларот Олаф Шолц веднаш закажа гласање (не)доверба на владата (знаејќи дека ќе го изгуби што ќе му отвори лесен пат до предвремени избори на 23 февруари, првично закажани за септември или октомври годинава). Бундес претседателот Франк-Валтер Штајнмаер кој е член на владеачката СДП, на 27 декември 2024 го распушти собранието и закажа предвремени избори. Моментално анкетите покажуваат победа на коалицијата ЦДУ/ЦСУ (демохристијани и конзервативци) кои беа на власт до декември 2021 кога Меркел го напушти канцеларското столче. Изненадувачки, крајнодесничарската партија АФД (Алтернатива за Германија) стои доста добро на анкетите па дури и се предвидува и второ место додека пак владеачките социјалдемократи паѓаат на трето место. Доста загрижувачки е предизборниот слоган на крајнодесничарската и ултранационалистичката АФД кој гласи Alice für Deutschland (Alice е премиерската кандидатката на АФД) кој доста потсеќа на фашистичкиот поздрав од времето на Хитлер кој гласел Alles für Deutschland. (Не верувам во прашање да е случајност, пре би рекол доста тактички и политички изиграно. По улиците кога се одржуваат митинзи или кога АФД поставува штандови неретко левичарските поддржувачи знаат да им застанат на патот како на пример викендов кога од спротива им ја пееа партизанската Bella Ciao.
    Следува доста интересен и турбулентен период во германската политика.
     
    На Mumoftwo30, Realist1 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.881
    Допаѓања:
    186.614
    Ај да ја сефтосаме темава- се дешава доста турбулентен момент и во Србија деновиве.
    Денес падна владата, односно Вучиќ им даде на штрајкувачите нешто, ама дали ќе биде доволно или на кај ќе оди работата?8-|
    По европски медиуми е тивко на оваа тема, само хрватите засега следат ситуација...
     
    На Victorian, Karamela12, DS10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.034
    Допаѓања:
    4.764
    Пол:
    Машки
    Српските анти-Вучиќ медиуми викаат дека оставката на премиерот е поради Вучиќ, тој го натерал со цел да се спаси, ама ко што гледам не пројде тоа кај студентите, повторно најавуваат протести и блокади.
     
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.881
    Допаѓања:
    186.614
    Па логично е ради Вучиќ де, нема тука голема наука.
    А што сакаат студентите, јасно ли е уствари?
    Ич не следам српски медиуми (додуша не ни очекувам да разберам нешто од нив) ама ова е цело многу чудно и не ми е јасно на кај тера. Наводно нема странски сили, странски медиуми ќутат ко да не се дешава, ама има нешто.
    Има нешто и во Словачка, као последен трзај на некои гарнитури од амбасади, пред да бидат сменети :bandit:
     
  6. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.859
    Допаѓања:
    4.588
    Пол:
    Машки
    Ич не е јасно, еве и ја незнам шо е ама ко шо напомна секаде се случува, романија словачка србија грузија некако многу ми доаѓа ко од едно место да потекнуваат работиве.
    Сега очекувам да почне и германија, само да помине првиот избор на адф ко кај нас сдс ќе бидат левичарите таму, веднаш после тоа доаѓаат протестите…
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    269
    Пол:
    Машки
    Тоа „место“ е просто незадоволноста од десничарските влади. Вакви протести не можат да се организираат ако народот е среќен со моменталната влада.
     
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.881
    Допаѓања:
    186.614
    Германија веќе има протести против афд:drunk:, они пред времето се.
     
  9. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.859
    Допаѓања:
    4.588
    Пол:
    Машки
    Vakvi protesti opozicija nemoze da organizira moze samo vlast pred zaminuvanje da organizira
     
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    2.809
    Пол:
    Женски
    Зошто би организирала ако заминува?
    Освен ако сака да остане, па смислила начин и ако е така генијален е тој план и потврда дека народот е навистина обична гумена маса ;(
     
  11. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.034
    Допаѓања:
    4.764
    Пол:
    Машки
    https://youtube.com/shorts/Cr6R_hC87T0
    "Левичарите" на протест, единствено жално што ја огрдуваат песнава со такви знамиња.
     
  12. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.859
    Допаѓања:
    4.588
    Пол:
    Машки
    Вака коментари шо читам адф не бега 250 да има во бундештаг :D Овие само уште повеќе го предизвикуваат германскиот левичар да гласа за десницата
     
    На DS10 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.881
    Допаѓања:
    186.614
    Мислам дека не се разбравте...за туѓа власт во заминување мислам се збори:?:.
    Не си праи ваљда Вучко сам на себе рушење:smirk:
    Народот. ..има милион причини за незадоволство сегде. Ама не сегде се случува. Не е дека е гумена маса, ама лесно се манипулира. И после од едно срање, секогаш во поголемо. Не дека не сме го виделе ова, и одново и одново ќе го гледаме. Не памтам во цел мој возрасен живот да сум видела/чула за политичка пресвртница кон подобро за народ.:(!
     
    На Billy Idol, sonuvana и Realist1 им се допаѓа ова.
  14. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.034
    Допаѓања:
    4.764
    Пол:
    Машки
    Најубаво за Вучиќ е да си поднесе оставка одма, не како кај нас ездеес да влечи до избори па да изгуби со 15% од гласовите. Доколку се одржат избори сега, пак има надеж, уште има хардкор вучиќ фанови, па мислам дека би освоил околу половина или барем 40% од гласовите. Туку друг им е проблемот на србите, ај сега ќе го турнат Вучиќ, ама што после? Немаат стабилна опозиција што може да го наследи, а особено не треба да се жолтите што би го продале Косово уште првиот ден на власт па дури би дошле и до ситуација Војводина едвај да ја задржуваат.
     
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.881
    Допаѓања:
    186.614
    Абе нели лани имаа избори парламентарни? Ете,тоа е резултатот. Поделено е општеството, ама и утре ќе биде, и со и без Вучиќ.
     
  16. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.034
    Допаѓања:
    4.764
    Пол:
    Машки
    Имаа декември 2023, ама не ти е малку чудно партија која цела 2023 се соочуваше со протести да освои 48%? Ако се сеќаваш и после случувањата на 3 мај 2023 цела година протести имаше.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.881
    Допаѓања:
    186.614
    Појма немам дали да ме чуди, многу или малку е 48%?
    Гледам во Хрватска сто години е Хдз на власт, пустеш прават и пак лани си победија лагано. А сега пред месец ли беше, пак си го избраа истиот претседател, од спротивна политичка партија и тоа со јака доминација. Значи мојот логикометар вика нешто расипано е, ама ваљда сум единствена.
    За парламентарни има многу клиентелизам на Балкан, многу народ напикан на државно, многу бизниси зависни од државни пари- не ме чуди стално власта да е на власт.
     
  18. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.034
    Допаѓања:
    4.764
    Пол:
    Машки
    48% за толкави протести е многу, изгледа полнеле кутии. Туку за ХДЗ... еве зошто премиерскиот систем е лош, Милановиќ што победи со скоро 80% од гласовите на претседателските трчаше и за премиер 2024 ама на парламентарни ти избираш претставник кој ќе те претставува, не премиер. Пример ко кај нас човек да гласа за вмро бидејќи му се допаѓа листата во неговата ие, ама Мицкоски воопшто да не го поднесува и подраг да му е Ковачевски, ама со гласот за листата на вмро дава глас за Мицкоски кој ќе те води наредните 4 години додека претседателот нема никави должности и дреме 5 години на водно. Претседателскиот систем е многу поедноставен и полесен, гласаш директно за тој што сакаш и тој ќе одлучува за тебе.
     
  19. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.859
    Допаѓања:
    4.588
    Пол:
    Машки
    ауф во сржта право влезе
    Моментално хрватите избегаа во мурика, во хрватска останаа тие што беа имотните, и обесените на државна цицка другото се летна надвор. Работната рака сега ја надополнуваат со македонци срби босанци и најевтините непалци и индијци.
    Македонија на пример да ја земеш самата држава зависи од светски пари не од државни. значи ние немаме буџет за да ги задоволиме платите на државните институции и пензиите на пензионерите а не па да градиме нешто во државава, а нема ни начин како да го полнат буџетот.
    Ова шо се случува сега во србија јас стварно не го разбирам, про европа ли е ? или против е ? За шо се протестира за шо падна кровот ли или? ја неможам да разберам коа е целта на протестот.
    Исто и у словачка за фичо не разбирам...
    романија и грузија јасно ми е веќе што е поентата ама мислам дека поентата од романија грузија сега ја префрлија србија словачка а сега почнува и германија.. Мир да се нема, незнам и самиот шо напишав :D
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    2.809
    Пол:
    Женски
    Аха, навистина не сум разбрала. Ги заборавив главните кои заминуваат.
    Инаку случувањата во Србија се толку хаотични и без план, па иако делува дека се се помасовни и поуспешни , на крај ќе испадне дека токму Вучиќ ги режира :o
     
    Последна измена: 28 јануари 2025
    На Realist1 и Biljarkata им се допаѓа ова.