„Изборот на Лара“одлична приказна за жената која треба да избира меѓу двајца мажи, семејството и кариерата. Серијата е снимена на далматинското крајбрежје во многу романтичен стил, главни ликови се Лара и Јаша. Во светот на далматинската аристократија Лара го пронаоѓа непријателот во мајката на Јаша кој мора да замине и да ја остави Лара сама. Емоционалните победи и загуби, шокантни пресврти за една човечка судбина раскажани во „Изборот на Лара“. Модерна љубовна приказна, која почна со емитување на 5 септември на Канал 5. Дали ја гледате серијата? Кое е вашето мислење за истата?
Јас ја гледам кога ќе фатам,не редовно,инаку во последно време почна да ме нервира Лара некако како наивна цела и тој нејзин наивен глас вртам канал
Пететична серија Сум гледала преку 10 хрватски серии, оваа е убедливо најлоша. Ме зачуди само кога чув дека била една од поскапите серии во хрватска
Сега читав што ќе се случи. Права шпанска серија. Овој Динко пустош прави и никој ама баш никој не го приметува. Ма дај! Барем хрватските серии не беа толку лоши.
Баш така ептен е ко шпанска серија имам погледнато неколку епизоди и не ми се верува до колку е само заплеткано и смешно ми е. Динко ја нападна Лара и после рекоа демек она му се нафрлила гледав пред некоја епизода глупости. А уште почетокот ми беше смешно се земаа а се познаваа само 2 недели . А кај читаше што ќе се случи??
Џули,ај пиши ни што ќе се случи? Без везе е знам,претпосатвувам на крај ќе бидат среќни и весели,а Динко ќе се кае и ќе му простат
Леле жити мене ставајте во спојлер . Мислам знам дека ќе го отворам ама не сакам . Него што се случи денес ? Во школо бев
Незнам колку ќе ти помогне и јас само две сцени видов ама ајде ќе ти ги пишам Видов кога го осудија Јаков на 40 години затвор и видов кога Крис ја фрли Лејла во морето.Ете толку. Инаку многу убава серија, и онака ги сакам хрватските, ама оваа ми е посебно убава. Местата каде што е снимана серијата се прекрасни, музиката што ја пуштаат и песните што ги пеат ми се прекрасни... Само оваа Нела многу ме нервира.Змија една. Ај ве молам кажееееетееее што ќе се случи, во спојлер или не,важно кажете Или дајте барем линк па сами ќе си читаме. Јас случајно наоѓам ама има само за неколкуте наредни епизоди, нема нешто за понатака што ќе се случува. Однапред благодарам.
И јас ја гледам , малце ми е патетична ама се загледав и сега ме интересира што ќе се случи Иначе многу ме нервираат ваквите ликови ко Лара, мислам ако има некој толку наивен на светов алал нека му е -.- ...... Нела можеби е лоша ама за повеќето работи има право, иако Лара и Тончи се демек добри ликови па они треба да бидат ....
Малце изгубена сум, но во недостаток на нет и лап-топ загледав 2 епизоди од серијава и ми се допадна, онака да имам некаква занимација во текот на денот. Е сега кое време оди серијава од колку часот е, и кога е репризата?
За репризата поима немам, а инаку мислам дека почнува негде 17.40 или 17.45 така нешто. Ептен филмот се заплете како шпанска сапуница, ама ради досада понекогаш мора и такви да се гледаат, да мине времето.
Извинете што се цитирам само сакам да се надополнам, ме нервира тоа што зборуваат на англиски јазик и башка не ги изговараат правилно некои зборови не дека јас знам перфектно англиски далеку од тоа,ама знам како треба да звучат некои зборови кои они поинаку ги кажуваат.И јас сакам хрватски серии ама од оваа буквално ми се повраќа.
Значи не можам да поверувам колку е глупава серијава! Тек тук фаќам по некоја сцена и баш пред 2 мин го видов Spoiler најневеројатното бегство од затвор! Значи затворов беше обезбеден со една врата низ која послаб човек комотно може да се спровне... и .. типов 10 мин се мачеше да ја отклучи додека сите стражари се мкнеа со другиве затвореници.. абе ај! И како бе никој не може да укопча дека Динко е ЛОШИОТ?! ццц.. катастрофа!
Да бегството од затвор беше стварно неверојатно...-.-...абе ајде така се бегало од затвор и од Африка , да толку е лесно Иначе ко што читам на страната што ќе се случи ваква останувам ВТФ ???