http://www.youtube.com/watch?v=zeVBAhq_ ... re=related песнава е фантастична се заљубив и ја вртам нон стоп
Mojaта серија. Единствената што ја гледам. Ја обожавам Лара (Дорис) и Кармен, ептен ми се убави, но за некакво чудо,скоро сите во серијава се лепотици и лепотани. Ваљда дека се хрвати. А, да, ја загледав дека е хрватска, затоа што се заљубив со земјата, во менталитетот, но испадна дека е ептен интересна.
Абе ајде глупости...овој малиов Злаја го бараат 3 епизоди и цело време Вера успева да им избега со трчање,толку мажи не можат да ја фатат и плус полиција
Значи сакав да го пишам истото што и Justice.Толку пати успеа да им побегне а зад петици и беа,што е бе оваа Вера првак у трчање.Ептен ја отупеа со Злаја последниве 3-4 епизоди. Како и да е ја гледам интересна ми е,а и многу ми се допаѓаат песничките у серијава.
Динко стана градоначалник Стално ја затекнувам серијава кога се враќам дома, ич не е нешто... Обично ја избегавам, менувам канал, ама вчера и денес ме изнасмеа
Многу го иступија со овоа барањето на детето. досадна станува серијата, ептен. Ништо посебно не се случува ова што и двајцата "мачо" мажишта трчкаат по Лара па и не е баш нешто посебно интересно, се се препираат, демек се тепаат ова она едноставно досадно Обожавам хрватски серии но оваа некако ептен ја направиле сапуница
Јаооооо значи колку тупеа со Вера.... фала богу конечно си го земаа детето, инаку ќе престанев да гледам жими се. А оваа Лејла многу ме нервира, пијавица! Ова испадна покомплицирано и од шпанска серија. Досадни се веќе.
Добро луѓе што се случува со овие канал 5? Нели некако се живо испомешале?! Лара не сум ја гледала веќе недела дена, еднаш случајно ја фатив ама само што почнав да гледам таа заврши. Ќе ми кажете ли кое време ја има? И ако знае некој каде да ја гледам вчерашната епзода да ми прати линк. Благодарам
Канал 5 и Сител сем што ги земаа сериите, го земаа и „тертипот“ на А1: секој втор ден ја менуваат програмската шема, само што ќе ти се стрефи еден термин за гледање, кога - Оп, го смениле!!!
Во Хрватска серијата е на пауза до средината на јануари. Затоа и кај нас ќе биде на пауза, или ќе даваат репризи на последните епизоди или ќе ги сецкаат епизодите додека не дојде средина на јануари.
Ја гледав денес на Канал 5 првата епизода да се занимавам додека вртам Орбитрек и можам само да кажам-биваше ли и Хрвативе да си ги уништат сериите. Оние на почетокот баш им беа симпатични, ова Лара типична, ама типична шпанска серија