Од денеска продолжуваат новите епизоди на Изборот на Лара на Пет плус. Во 15:15 се дава серијата, а репризата е наутро околу 11 часот и во сабота и недела.
Јас не знам дали уште го даваат, ама сеедно ми е. На почетокот кога ја прекинаа серијата сакав да продолжи но сега не сакам. Одкако прочитав на интернет што се ќе се случува ми омрзна серијава. Лигавења колку ви душа сака. Оваа Јелена Вељача шпанска серија направила, стварно не знам што си мисли.
па не се хрватските серии веќе како порано, постарите ми се ок убави и пак би ги гледала да ги даваат ама овие поновиве ич не ми се свиѓаат и не ме ни интересираат
Ја гледав и наредниот ден оп пак ја снема...стигнав до делот кога Винко дозна дека Јаков е жив, го бареше и толку после не знам што се случи.
абе во Хрватска завршила ама кај нас бе...? ЈАс ја гледаав на Канал 5 и на сред имитување ја прекинаа ,ама слушнав дека овие наашиве немале пари да гии зеемат другите епизоди од Хрватска,така нешто бешее....А имаат пари да прават 300 други серии ...
Spoiler Завршува трагично.Динко го киднапира малиот Јаков,синот на Лара и Јаков на денот на нивната повторна венчавка,и се качува во авион со него иако незнае да вози и се руши авионот. Полицијата ги прогласува за мртви и Динко и Јаков јуниор. Лара неможејќи да ја поднесе тагата застранува,го бара синот секој ден велејќи дека е жив,дека чувствува и дека ќе го најде.Меѓутоа семејството одлучува да му направи погреб иако телата не се пронајдени.Лара зборува со Вера на погребот прашувајќи ја како таа ја преболела смртта на Бартул и Вера и одговори дека во манастир со молитва и верба во Бога се ќе биде во ред. Лара решава да оди во манастир и го моли Јаков да не ја бара и да и верува на одлуката и дека се ќе биде во ред.. Последна сцена-Динко покрај плажа со малиот Јаков го гали и му вика:Тато сега ќе се грижи за тебе,ќе се снајдеме ние заедно...морничаво,се разочарав од крајот.А инаку има филм надоврзување на серијата како втор дел каде ќе биде расплетот.Кога ќе дојде кај нас-незнам. А како парови се споија мајка и на Лара Мија со Зоран адвокатот,сфати дека го сака,а тој се врати од Кејптаун за неа..Потоа,гатачката Кармен заврши со Никша-бившиот сопруг на Лара,Нела и Тончи останаа заедно,како пријатели,Никол,на Јаков сестрата се вери со работникот од бродоградилиштето-Мате.. Модератор: Кога откривате делови од содржината користете спојлер. Користете го копчето редактирај за дополнување на пост, наместо да испраќате две мислења едно по друго.
Леле ама трагичноо...Не сакав вака да заврши ниту да го чујам крајот ама веќе кога не го дааваат морав... Инаку пред два-три месеци морее и повеќее.,...,ја гледав подолжение на еден канал и повеќе не ја видов или не ја дадоа...
Многу трагично,се разочарав и нервирав едно 20 епизоди..страшни работи имаше,ја пишав само последната епизода..Каша направија од серијата,ама зависна бев па ја следев секоја епизода..Како и да е,ова е крај на првиот серијал,ќе има продолжение...
Снимен е филм кој всушност ќе биде крај на серијата. Се вика "Изгубљени принц". Е сега кај нас дали ќе го даваат појма немам, ама слушнав дека као во него се ќе се реши. Најверојатно ќе си го најдат детето Лара и Јаков. Еве на интернет само ова најдов. http://www.youtube.com/watch?v=IOBEXiNHT00
Еве и неколку сликички... download/file.php?mode=view&id=76867&sid=qMsGwzFQ3tDyyuZBet3bf2NXDBJj7Uyk Лара и компанија download/file.php?mode=view&id=76869&sid=qMsGwzFQ3tDyyuZBet3bf2NXDBJj7Uyk Tri ljepotice Larinog izbora koje su zaludile Sarajevo! download/file.php?mode=view&id=76870&sid=qMsGwzFQ3tDyyuZBet3bf2NXDBJj7Uyk download/file.php?mode=view&id=76871&sid=qMsGwzFQ3tDyyuZBet3bf2NXDBJj7Uyk Прекрасниии се тритее.... Ларина Компанија download/file.php?mode=view&id=76872&sid=qMsGwzFQ3tDyyuZBet3bf2NXDBJj7Uyk