Посветена http://www.youtube.com/watch?v=ej9_pmzUSRU П.С. А Билката не беше фер, не можевме да ја видиме , ама ако, догодина кога ќе земеме награда за форум нема каде да се крие Слушна ли Билке :geek: ?
Јас чекам годишно,свечено обраќање на ел хефе. Сега тек сфативме кој е целиот мангуп,а ние цело време,врти-сучи на Билката и се качувавме на глава! И да му замерам зошто не ги спомна мажите у неговото скромно обраќање! Немате поим само колку мажиња читаат и креваат веѓи и на форумот и на сајтот! Еден маж,шашардиса и спои 20 000 жени! Ќе ве молам еден громогласен аплауз за дечкото! Битолска кабадаја (или како и да беше зборот,ете така беше зборот ),не е заебанција бре! Најголемо мангупиште у цела држава! Харем си има човекот! То Сесилија,опа,цупа! Се повикува Билката да го отвори славењето со еден чочек,а после можеме да глумиме културни и едно танго да одиграме! Абе ако се заебавам,читам твитер цел ден и гледам како јадат бурек. Кои шовинистички копуци и од обата пола,просто да не ти се верува и ќејф ми е бе,ќејф!!! Непознат им е зборот револуција,ама кога станува збор за секс,увек се повикуваат на сексуалната револуција и немањето табуа,а за флексибилност муабет да не праам! Да не беше утре четврток,ќе ви предложев да пиеме вечерва!
Јас па ја глеам темава и си викам си треснала нешто пак за шефот. (Нешто што не треба де ) Инаку да, многу мажи читаат, ама никој не би признал, никогаш. Ни под заклетва да е.
Конечно ми се укажа можност да ја употребам песната за нешто корисно (ама дајте и шанса после 10та секунда), тогаш е зенот , а тексот ептен му е погоден А кабадајата Михајло нека му ја мисли сега, не е анонимен, се покажа пред 20000 жени, биќе занимљиво, јел да ? ( Го замислувам како бега по снегот низ Широк Сокак, а го бркаат илјадници жени ) Или Билката треба да му ја мисли, м? Во секој случај браво за Фемина, навистина ми е мило што конечно доби признание како што заслужува, а среќна сум што паралелно растеме, заедно се развиваме и се радуваме на убавите работи А чувствувам дека и поубави ќе следат
Многу бе Вие од femina.mk јакиии!!! Да се множат признанијава и нашата бројност! Ете ова е пораката наша форумска, до Дедо Млаз Уште еднаш, честитки до цел форум, на чело со врвот
Честитки. Да се множат признанијата и наградите. Ајде следната година за најфорум Жени и по некои маже Сега знаеме на кој сме должни за ова дружење и за многуте пријателства кои се родија баш овде. Михајло.
Како програмер држи говор: Би сакал да му се заблагодарам на читателот кој шо го предложи time.mk да биде во оваа категорија,на сите читатели што веруваа во нашите алгоритми за сортирање на вестите.. Btw честитки и до читателите и до администраторите затоа што едни без други не можеме.
Е што ти е жена! Се исполигавивме по Михајло . Еми за лигавење ќе е работава . Честитки фемина. Мило ми е што сум дел од овој сајт
Охохохо којзнае дали Михајло се вклучил да види колку жени овде за него зборуваат Билката ќе не банира сите. До една