Што реков погрешно? Кога кликнав видов цели пренатрупани листи со ситни букви згора на се. Цела виртуелна Македонија е номинирана.
^Извини што ти одговорив мислев дека навистина прашуваш. Инаку нормално дека оц цела Македонија ќе се номинациите, сајт на годината не е само за Скопје, туку изборот си е на ниво на држава.
Според мене, подобро е што сите македонски сајтови се номинирани. Ако се само неколку, ќе беше дискриминација. Сите имаме различни интереси, па според тоа и сите имаме различни мислења за сајтовите. Инаку, не е пренатрупано (добро, можеби на прв поглед делува така), сите се дадени по азбучен ред.
Не туку, треба да се издвои квалитетот и од него да се бира најдобриот. А не сајтови како sakassvaler на листа, мислам сериозно? Кој стигна до сајт или блог и одма номиниран за годишна награда.
Дефинитивно не гласам за фемина, форумот е супер, има навистина корисни информации и можеш да размениш и споделиш искуства, но сајтот освен Ким Кардашијан, друго ништо не нуди. А Ким мене ми е репер за кич, простотилак и турбофолк во културата, се што не треба да биде една девојка.
Искрено да не беше блогот на анабела немаше ни да гласам за ова, зашто нешто изборот ми беше слаб. Гласав за факултети зашто за мене лично најмногу ми имаат помогнато со нивните објави за обуки, курсеви, стипендии, работа, пракса. Јас фемина нит ја читам нит сметам дека заслужува награда, зашто колумните на девојките се авторско дело нив самите, а администраторите и објавувачите и средувачите на сајтот немаат допринос за нивната креативност, само убаво што се решиле да ги споделат. Останатите новости и статиите се едноставно копи-пејст од некои странски страни, 0 креативност и иновативност. Па ни форумов не е тоа што беше, точно до нас членовите е ама и до тимот на модератори и администратори допринесуваат многу за имиџот на форумов и страната, а билката си го покажа своето право лице. За сите праници го препорачувам блогот правдико, многу многу убав блог, јас редовно си го читам и стално го фалам, тој ми е окритие на годината мене.
Hipster, одма ми иде темата За форумцките работи Инаку да, еве јас на фемина и дадов 10 најмногу заради форумот, а на Факултети 6, во секоја категорија во која се номинирани.
Јас дадов 10-ка за факултети, да бидам искрена - освен колумните и нели форумот, не ги отварам останатите содржини на Фемина, и не гледам логична причина зошто би гласала со високи поени за неа како сајт. У меѓувреме можете да гласате за мојот блог ако ви фатил окце , баш се израдував кога видов дека сум меѓу номинираните. Категорија најдобар блог, втора по ред.
Не знам кој е организатор и кој ги подготвува номинациите, ама ако немаат доволно компетентни луѓе со вкус кои знаат да го проценат квалитетот и да издвојат неколку сајта познати на целата виртуелна јавност и достојни да бидат изгласани и да ја понесат наградата, немало ни потреба да се организира некаков избор. Според мене. Но, што е овде како што треба, па за ова...
^ Се извинувам што се вмешувам во дискусијава, ама, форум е, нели, секој може што сака да пишува. Ти ја сфаќам поентава, но нема да се сложам со тебе. Еве, за пример ќе го земам блогот на Анабела (ништо лично Анабелке, блогов го зедов за пример зашто уште не сум ја разгледала листата на понудени опции и не знам што друго има, а баш и ми се вклопува во ова што имам да го кажам): Анабела води моден блог кој мене лично, а сигурна сум и на многу други, многу ми се допаѓа. Драго ми е што го има на списокот. Од друга страна, пак, познавам еден куп луѓе кои АБЕР НЕМААТ за блогот на Анабела, нит чуле, нит виделе, нит ги интересира, нит некогаш ќе ги интересира. Истите тие луѓе може си посетуваат блогови за автомобили или современа технологија, а пак мене ТАКВИТЕ блогови нит ме интересираат, нит ги знам кои се во државава, нит дали воопшто постојат. Крај краева, ако веќе зборуваме за квалитет, мене веќе ми е смачено да отварам на ЦрноБело, на Мотика, на Кајгана итн. зашто се‘ што објавуваат се вицови или гиф фотографии, а тоа за мене не е квалитетно.
Не бе, уживај, слободно ќе си напишеш тоа што сакаш, нормално. Ама во врска со болдираниот дел. Па јас за тоа викам, можеби тој сајт за автомобилизам е најстручен во својата област и најдобар во државата ама на пример 20.000 жени на Фемина кои можат да гласаат најверојатно не го посетуваат и никогаш не чуле за него. Така секој ќе си гласа за она што го чита и она што му се свиѓа без разлика колку и дали вреди и на крај ништо не се придонесува за интернет просторот во Македонија. Кога би биле оние кои номинираат самите стручни, поселективни и попребирливи би придонеле квалитетот да излезе на површина и да се разбере за него. А овде на листата ги нема само оние кои ги заборавиле или оние за кои не слушнале од икс причини.
Колку што знам, секој можеше да номинира сајт, блог или форум. Идејата е самите корисници да номинираат и да гласаат. Имаше период на номинации кој траеше до 25 ноември, а гласањето почна од 26-ти. Затоа и има толку многу номинирани во секоја категорија.
Второ место е фемина. Најдобар сајт некој си република.мк Никад нисам чуо работава. Најдобар сајт за 2013 е: 1.republika.mk 2.femina.mk 3.off.net.mk Во категорија на најдобар сајт според дизајн победници се: centrala.mk off.net.mk fakulteti.mk Најиновативен сајт е: biditamu.mk fakuteti.mk danaucime.mk Во категорија најинформативен сајт победници се: novatv.mk fakulteti.mk almakos.com Најдобар забавен сајт: off.net.mk centrala.mk motika.com.mk Најдобар корпоративен сајт e: vip.mk t-mobile.mk elenaluka.mk Најдобар бизнис информативен сајт: vrabotuvanje.com.mk kapital.mk faktor.mk Најдобар сајт за е-трговија: grouper.mk kupikatrizase.com pazar3.mk Најдобар сајт за образование: sakamknigi.mk fakulteti.mk danaucime.mk Најдобар сајт за невладини организации е: mof.mk glm.org.mk borka.org.mk Најдобар сајт за владина и државна инстутиуција победници се: ujp.gov.mk vlada.mk uslugi.gov.mk Најспортски сајт е: ekipa.mk derbi.mk 24fudbal.com.mk Во категоријата најдобар блог се: karas4training kulinar.mk sezahrana.tumblr.com Најдобар мобилен сајт e: m.kajgana.com m.t-mobile.mk m.on.net.mk Најпопуларен сајт изберен само со гласови од публиката е: fakulteti.mk
Не знаев каде да го лупнам ова па овде решив. Ако е некаде за на друго место модераторите нека го преместат. Да гласаме. http://sajtnagodinata.mk/pages/site_votes/app_for_vote.php