Далерон линкот убаво се гледа! Јас се пријавив за гласање, добив известување дека на мејлот имам можност да гласам, но изненадување - на мејлот нема ништо (нема и во Spam - како што ми напишале во известувањето)!!! Последниов час десет пати го отворив мејлот и НИШТО!!! Повторно се регистрирав на линкот за гласање и добив порака дека веќе сум го искористила правото на глас (знам дека може од еден мејл само еднаш да се гласа)!!! И сега ШТО??? Немам можност да гласам - МАКЕДОНСКА РАБОТА - дури и едно гласање не го направиле како што треба!!! Спојлер Нема да се откажам, ако не добија ништо на мојот мејл ке гласам од мејловите на сите дома - се знае за ФЕМИНА!!!
Јас си изгласав во сите категории,иако пола од сајтовите појма немам за што се и како изгледаат Лани се разви дискусија за номинирањето,навистина премногу се,треба некако да се ретчат,по десетина сајтови за секоја област,вака хаос е.
Требало селекција да направат од најдобрите. Има сајтови кои што благе везе немаат ама ете плаќаат за нивна изработка и тоа е тоа.
Искрно... за сајт на годинта си гласав за Кафе пауза, секој ден има нешто ново и интересно да читниш, на феминава со месеци исто па исто чиј задник е најголем, кој со кој стапил во брак, кој се развел.. сајтото одамна престанав да го читам За форум/блог си гласав за фемина, по цел ден дремам тука, имам пријатели, можам да си ја отворам душчката и тоа е
@Umbrella22 Токму така. И јас секој ден читам Кафе пауза, и навистина има интересни и квалитетни содржини. Сајтот на Фемина не го ни отварам. Кафе пауза во категоријата за сајтови ја ставив второ место, бидејќи сепак фемина си е фемина.
Годинава најдобар сајт за убавина и мода, ајде па следен пат, уште еднаш да биде сајт на годината баш ми е мило.