Ве молам предлог за авто школа за Битола? Комплет услуга предавања каде има најдобри и инструктори? Не сум баш многу за возење, но моиве инсистираат и сакам да направам вистински избор, Фала
decki moze glupo prasanje ali koa se vagja lekarsko za avtoskola u bolncia se soblakaat tamu? za da znam
Асуц една од најдобра сппред мене...со свој полигон...немораш да плакаш користење ако не си од нивна авто школа...и цел ден да правиш само вежби за полигон ко од др авто школи...
Можеби малку доцна, но сега се приклучувам на темава. ТОТАЛНО ИСТОТО ИСКУСТВО ГО ИМАМ. Како возач почетник кој првпат седнува зад волан, мојот инструктор сакаше да знам да возам перфектно. Уште не влезена во кола он ми се дереше. НА НИКОЈ НЕ ЈА ПРЕПОРАЧУВАМ. Секој извозен час ми беше психичко малтретирање. Нозете назад ми се враќаа кога одев накај ас коко.
Јас полагав со АМСМ ама во Прилеп за СК незнам. Цената беше повисока за разлика од другите за се.. Разлика нема, со АМСМ бев оти инстуктората мие роднина.
2000 - 2500 лекарско и прва помош 20.000 автошколата Секое полагање првпат околу 2300 (грубо 2400), нешто поскапо околу 180ден плус од цената е ако паднеш полагање и уплаќаш 2, 3 пат... Кола се плаќа 500-1000ка за полагање. Додатен час 1000-1200...
Девојки, некоја свежа препорака за автошкола или кои треба да се одбегнуваат во широк лак? Во кола освен сувозач во друга позиција не сум била, така што ми треба некој со трпение и што ќе ме научи, не е планот дома да вежбам со своја кола/друг човек. Мартин ги забележав веќе, конкретен инструкотр од таму има некој ?
Од Ас Коко бегај. На полагање баш се упознавме со еден инструктор од Мартин дур чекав да полагам, многу фин ми личеше, а и кандидатот од 3та му положи градска. Име искрено не знам, да видам слика ќе ми текне. Генерално се многу задоволни од таму, мислам дека не би згрешила. Кекец исто може да видиш. Откако сменив автошкола бев кај инструктор Глишо во Алфа автошколата. Доста искуство имаше, постар човек е, фин беше многу, флексибилен и за време и се. Мене ми се допадна, откако почнав часови со него да возам мислам многу ме научи за разлика од претходната автошкола. И трпелив беше иако грешев, знаеше да ми повтори нешто повеќе пати. Вака океј искуство имам. Ја отидов кај него по препорака од другарка после многу лошо искуство во првата автошкола. Прашај и ти по другарки исто, па види повеќе искуства може и тука ќе ти пишат, после ќе одлучиш шо како.
@Dream-Girl Коко е прв прецртан со црвена линија Фала ти. Барам, пребарувам, ставам цртки, се надевам ќе се погодиме.
Од Мартин кој и да си одбереш нема да згрешиш. Сите се професионални и професионално си ја вршат работата, мене инструктор ми беше Стефан, многу позитивен тип, знае да се нашали, ако згрешиш ти кажува следен пат каде да внимаваш, многу е трпелив а и многу добро објаснува, јас сум презадоволна од него. Исто и Љупчо и Мартин се супер.
Асуц ја препорачувам со свој полигон за вежби не губиш време целден за нив Инструктор кој објаснува... А и Мартин исто но не ми тенкнува на кој инструктор ...другарка таму возеше
Го препорачувам Инструкторот Ангел Митров. Најдобриот инструктор голем професионалец е во неговата професија,многу луѓе го фалат што возеле кај него.Јас отидов со препорака од другарка и не згрешив презадоволна сум.Дечкото е многу културен позитивен има добар однос со кандидатот и е коректен,принципиелен,трпелив,има и смеи и шали со него,смирено знае многу убаво да ти објасни и максимално е посветен на тебе за да те научи да возиш,со него часот е интересен не е досаден.Со еден збор кажано човек на место.