Навистина ли. Јас сум таму и сакав да сменам инструктор заради несоодветниот однос и сарказмот на секоја грешка што дополнително ме стресира. И дали некој знае што со префрлање во друга автошкола. Дали е можна таква опција и дали нешто би се важело од претходно. И како иде дали ако целосна сума си платил враќаат дел од парите пошто не е завршена целосно обуката?
Предлог авто школа ама да е жена инструктор. Не ми е за полагање, имам возачка но сега се решив да хипиs
Добар ден, сакав да ве прашам да ли знаете во автошкола Селика да ли има инструктор со име Ристе или како можам да најдам кои им се инструкторите
Барај ја Љупка, сега е во Мартин. Јас кај неа учев во Кекец дур беше, одлична е. Чим ја научив да возам на 33г сите ќе научат.
Да за Љупка секоја пофалба Но политиката на Мартин автошкола е катастрофална. Апсолутно не се однесува сега Љупка како порано кога беше во Кекец. Бидејќи Мартин сакаат да вадат пари од допунски часови. Членката слободно може да прочепка се што е пишувано баш за тоа. Не само од мене
Јас пред 2г учев кај Љупка во Кекец, ниеден плус час не ми побара. А ептен знае да те научи да возиш. Штета ако се сменила заради автошколата.
Дали некој има искуство со авто школа Драјв Скул? Инструкторот е Трајче - Танте https://www.facebook.com/avtoskoladriveschool/
Јас ви ја препорачувам авто школата Боби Ем кај инструкторот Билјана. Презадоволна сум од неа. На се што можеме ме научи, трпелива, одличен однос
Во Карпош што се наоѓа? Конечно се решив да полагам, ми треба инструктор што ќе има трпение и убаво да објаснува.
Да, дефитивно ти ја препорачувам Билјана. Имам сменето 2ца инструктори, со неа бев пре пре задоволна. Не се дере што ми беше најбитно да не ми создава паника, ме учи со трпение и дури седела со мене повеќе од потребно за да успеам да ја направам вежбата на полигон кога полагав. Стварно е одличен инструктор
Здраво. Сакам да полагам со автоматик кола, најдов дека таква опција постои во автошколата Мартин.. дали знаете можеби во друга автошкола каде што може да се полага со автоматик. Фала