Избор на добитници и доделување на производите

Дискусија во 'dm drogerie markt' започната од dm drogerie markt, 7 декември 2014.

  1. dm drogerie markt

    dm drogerie markt Истакнат член Верификуван профил

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    3.473
    Пријавување

    Единствено нешто што треба да го направите е да кликнете „Ми се допаѓа“ на нашето почетно мислење во соодветната тема за подарок. Нема потреба дополнително да пишувате во темата дека би сакале да го тестирате производот, бидејќи според допаѓањата веќе имаме евиденција дека сте се пријавиле.

    Ве молиме пријавувајте се за производи кои навистина сакате да ги тестирате и за кои би можеле потоа да напишете реална рецензија.


    Избор на добитници

    Со цел изборот да биде целосно непристрасен и фер, подароците ќе ги доделуваме според рангирање направено од трета страна, која не е во никаква поврзаност со dm или Фемина. Го избравме сервисот на RANDOM.ORG за подредување на листа по случаен редослед.

    Постапката на избор е следна: во моментот на доделување ги копираме сите кориснички имиња на феминките кои се пријавиле со помош на копчето „Ми се допаѓа“ во соодветната тема за доделување на подарок. Ги воведуваме сите имиња во полето тука, кликнуваме Randomize и го добиваме рангирањето.

    Потоа правиме принт скрин и го прикачуваме резултатот во соодветната тема. Рангирањето ќе го содржи комплетниот список на сите пријавени, како и точното време во кое е направен изборот.


    Доделување на подароците

    За добитнички од Скопје

    Можете да си го подигнете подарокот во централата на dm на адреса:

    ДМ Дрогерие Маркт ДООЕЛ
    Даме Груев 7
    1000 Скопје​

    Известете нѐ преку приватна порака дека ќе го подигнете подарокот во Скопје и оставете ни ваше име и презиме, а при подигнувањето ве молиме носете со себе лична карта за потврда на идентитетот.


    За добитнички од другите населени места низ Македонија

    Подарокот ќе ви го испратиме по брза пошта на ваша адреса.

    Известете нѐ преку приватна порака дека сакате да Ви го испратиме подарокот по пошта и оставете ни ваша адреса во следниов формат:

    Име и презиме
    Улица и број
    Поштенски код и населено место​
     
    На ванилала, Delgadina, Acka22 и 53 други им се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    7.818
    Допаѓања:
    40.581
    Така е реално најфер, па да се надеваме на реални рецензии. Јас би ви препорачала само кога ги копирате мислењата, предпоставувам дека ви ги дава во листа како што ми ги дава и мене, да ги исфрлите оние што имаат 0 мислења. Мислам дека така ќе биде и пофер, и на еден начин сте посигурни дека личноста нема да ја снема од кога го добие подарокот, па да не остави без рецензија. Приметив дека има многу такви кај претходниот подарок, а сигурна сум дека на некој што колку-толку се потрудил да напише нешто на форумот, нема воопшто да му биде проблем да си каже реално мислење за некој производ. Од друга страна пак, некој што се зачленил само за да го добие производот - ќе го снема штом го подигне истиот.
     
    На cresa-jagoda, SuperGirl24, naturally и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Acisal

    Acisal Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    164
    A koga ke bide dodeluvanjeto na nagradi?
     
    На mime87 и koritsaki им се допаѓа ова.
  4. dm drogerie markt

    dm drogerie markt Истакнат член Верификуван профил

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    3.473
    Со доделување на подароците започнуваме од денес, веднаш по доделувањето на овие производи продолжуваме со нови.
    Среќно :)
     
  5. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    4.505
    Допаѓања:
    22.484
    Пол:
    Женски
    Има уште 3 награди што не се доделени. Кога ќе ги доделите тие?
     
  6. dm drogerie markt

    dm drogerie markt Истакнат член Верификуван профил

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    3.473
    Многу наскоро :)
     
  7. Carlibel

    Carlibel Активен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2014
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Наградите се доделени само на популарни и истакнати членови, баш случаен избор.... Хмм
     
    Последна измена: 12 декември 2014
    На ancebanance и buba4e89 им се допаѓа ова.
  8. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.225
    Допаѓања:
    5.200
    Се е доделено, а јас сега дознав за награднава игра. Прочитав низ форумов, ама ич не удрив пажња. :worried:

    Сепак, со среќа на сите добитници. (y)

    Ај, наредно ќе играм и јас, може ќе се посреќам со нешто, иако сум невиден баксуз. :rofl:
     
    На Valerin, levely и naturally им се допаѓа ова.
  9. Mihajlo

    Mihajlo Администратор Член на тимот

    Се зачлени на:
    20 ноември 2008
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    393
    Пол:
    Машки
    Избришав неколку мислења за да се избегнат недоразбирања во врска со рецензиите. Накратко, постапката на доделување на производи и пишување рецензии изгледа вака:
    1. dm објавува дека доделува подарок во соодветна тема со префикс „Подарок“.
    2. Се пријавувате единствено со клик на „Ми се допаѓа“. Нема потреба да пишувате дека го сакате производот, нема потреба да го фалите производот пред да сте го пробале. Слободно може да пишувате мислења за производот, но тоа нема на никаков начин да влијае на изборот на добитничката.
    3. Производите ги добиваат форумџики избрани по случаен принцип од трета страна (random.org) која нема допирни точки ниту со dm, ниту со Фемина. Секое извлекување се поставува како слика во мислењето во кое dm објавува кој е добитникот. Темата добива префикс „Доделено“.
    4. Добитничката на производот треба да напише рецензија ОТКАКО ќе го добие производот и ќе го тестира. Целта на dm е да се пишуваат реални рецензии, а истите ќе бидат објавувани во теми со префикс „Рецензија“.
    Со среќа и ги очекуваме првите рецензии. :)
     
    На cresa-jagoda, SweetGirl234, tessie и 18 други им се допаѓа ова.
  10. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    4.505
    Допаѓања:
    22.484
    Пол:
    Женски
    Како гога нема теми со префикс „Рецензија“? :^) Или јас не го гледам. :D
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    14.989
    Допаѓања:
    72.558
    Пол:
    Женски

    Па уште нема теми затоа што не може добитничките да гледаат на гравчиња каков е продуктот. Не ли треба малку време за да се испроба добиениот подарок и да се види како ни одговара? Или не, според вас, веднаш мора да се напише нешто, па после така било онака било. Битно да се отвори тема, па нека зјае така и нека се полни со оф-топик коментари...
    Се` во свое време, не се брзајте толку. :)
     
    На joy1 и naturally им се допаѓа ова.
  12. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.243
    Уште колку награди останаа?
     
  13. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.380
    Допаѓања:
    6.861
    Пол:
    Женски
    Вале,имаш на главната страна на ДМ за сите подароци.
    Имаш:
    Маскара Alverde All in one,
    Alverde пена за миење лице,
    Balea 2 во 1 пилинг туфери за отстранување шминка + Balea балзам за усни
    Ѕhe stylezone гел лак за нокти + ebelin отстранувач на лак за нокти
     
    На Valerin и Lella им се допаѓа ова.
  14. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.105
    Допаѓања:
    6.588
    Сигурно се чека одреден период да помине за да може да се напишат реални рецензии, верувам дека ќе биде забележана соодветната тема кога ќе дојде време. Па вчера се доделија наградите, ретко кој успеал и да ги подигне со оглед на тоа што и дел од нив патуваат до пошта, а не пак да ги користи одреден период и да види резултати од нив, без разлика дали позитивни или негативни.

    Инаку знам дека е избришан претходниот оф топик, но едно нешто ми падна во очи. На страна бунењето за наместено добивање награди, само се чекаше некој да почне да крева тензии, но имаше и коментар како сите производи се доделени на истакнати и популарни членови (иако јас сигурно една третина од нив никогаш не сум ги ни приметила на форумов, сепак немав ниту желба ниту време да гледам секој од нив каков статус има). Не знам дали тоа е случајно или намерно, но според мене е сосема во ред. Не може да се доделуваат награди на некои феминки кои штотуку се зачлениле на форумот или на некои што исштанцале 50 безвезни мислења само колку да добијат некоја награда, затоа што форумов ќе стане како на времето што беше фејсбук фан страната на Unique ако ви текнува и ќе има наезда од женска раја што не планира на никаков начин да придонесе за подобрување на квалитетот на дискусиите овде на форумов, туку само да зграби нешто муфте.

    И патем за убаво беше работава, не мора да ја расипеме секоја тема на форумов каде што некој добил награда и треба да и се радува |(
     
    На cresa-jagoda, duffi, Valerin и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    14.989
    Допаѓања:
    72.558
    Пол:
    Женски
    Па секогаш е така тука, на тоа веќе и се навикнавме, нели? Од секоја убава работа мора да се најде некој паметен и да направи галама.
    Туку, мене најмногу ми падна во очи тоа како мене ми доделиле продукт, а јас не сум пишала рецензија? Побогу, мислам дека и врапчињата знаат колку само време посветувам на рецензиите, без разлика дали тука или преку личните пораки. Тоа што некој не ги прочитал правилата на наградната игра, не му дава за право да се перчи и да си бара закачки. Нека лечи пмс по дома, на домашните.
    Ај ако не, ние „истакнатите“ да не се пријавуваме на награднава игра, па тогаш проблемот ќе биде во тие кои имаат мислења со „да/не“ одговори и пак ќе има расправии. На жена никогаш не можеш да погодиш, не за џабе кажале постариве. :D

    Мене подарокот не можеше да ми дојде во подобро време - шишенцето масло ми е при крај, а долго време се мислев дали вреди да го земам ова што ми го доделија. Тоа што среќата се одлучила да ме послужи не е моја вина.
    Го чекам моментот ако ете така случајно на некоја членка и` се посреќи да земе награда по втор или трет пат - тогаш ќе биде весело со ваквите бесмислени коментари. Да му се одмили на човек и награда и работа и се` по список, срамота.
     
    На ivancekitty, naturally, cooll и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    4.505
    Допаѓања:
    22.484
    Пол:
    Женски
    Добро Мишела, не реков ништо лошо. Мислев дека админите или ДМ ќе ги отворат тие теми за кога ќе можат добитничките и кога ќе сакаат да напишат рецензија.
    Инаку, истото и јас го велев во мислењата што ги избришаа бидејќи бубаче велеше зошто се’ уште немало рецензии.
    Патем, честитики за наградата, со здравје да си ја користиш. :)

    И мене многу ме израдува што активни членови кои заслужуваат претежно ги добиле наградите, а не некои кои само за тоа се зачлениле, како што рече Џована, успат нешто да земат.
    Вака е според мене подобро, дури и како со Фемина на годината би било добро и да ги исфрлат од игра тие членови, ама нека. :D
    Честитки на сите кои си добија награда, со здравје да си ја користите, па и на наша глава. :D
     
    На cresa-jagoda, Valerin, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Reachel

    Reachel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2014
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    1.905
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам,после колку време се објавуваат добитниците? :) Не сум баш во тек уште од почетокот,ама ќе се потрудам.
     
    На Anabelle.Amorette и Lella им се допаѓа ова.
  18. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.996
    @dm drogerie markt Мене ме интересира дали ја добивте мојата порака? Ви ги пишав моите информации а Вие сеуште не сте ми дале повратен одговор :).
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  19. bridetobebt

    bridetobebt Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    144
    Ги прашав дм ама не ми одговорија да прашам тука за испракање по брза пошта во друг град ние си ја плакаме поштарината или на нивна сметка е? Да знам ако не да си дојдам Скопје по наградата ( сега сум на гости кај моите ) :)
     
  20. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.059
    Допаѓања:
    5.081
    Да,и мене ме интересира тоа и дали треба од пошта да се подигне производот ама нема одговор