Избор на идејно решение за плажа на Охридско езеро

Дискусија во 'Политика и настани' започната од okcenzi, 22 август 2014.

  1. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Граѓаните ќе го изберат изгледот на новата плажа на Охридското езеро

    Пет архитектонски труда пристигнаа на Конкурсот за избор на идејно решение за уредување на 500 метри плажа на Охридското езеро на територијата на општина Дебарца. Министерството за транспорт и врски одлучи граѓаните преку интернет – анкета да го изберат новиот изглед на оваа плажа, која е планирано да се наоѓа во непосредна близина на аеродромот „Св. Апостол Павле“. Гласањето се врши преку интернет – страницата на министерството (anketa.mtc.gov.mk).

    Од надлежното министерство соопштуваат дека идната плажа ќе се користи во текот на целата година. Овој засега неуреден простор ќе добие автохтон песок, хортикултурно уредување, фонтани за питка вода, детски игралишта, пешачки патеки, клупи и друга урбана опрема. Плажата ќе има сервисен пункт, кој ќе се состои од шанк со кабина за музика, место за озвучување, санитарен јазол, тушеви, соблекувални, остава за чадори, лежалки и други реквизити.

    Во согласност со замислата, предвиден е простор за чадори за сонце и лежалки, на капалиштето ќе биде обележан просторот за капење во езерото со бови, како и место за службата за спасување. Покрај оваа плажа на Охридското езеро, Министерството за транспорт и врски досега инвестираше во изведбата на плажи на Преспанското и на Дојранското езеро.


    За да не ги лепам сите слики, еве линкот подоле ги има и тука може да се гласа.

    http://mtc.gov.mk/new_site/mk/anketaohrid.asp

    Јас сум за идејно решение бр. 3, посовремено и поинтересно, иако и бр 1 е доста добро, но некако помонотоно
     
  2. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Еве како изгледаат плановите.
     

    Прикачени фајлови:

    • plaza-1.jpg
      plaza-1.jpg
      Големина на фајлот:
      746,6 KB
      Прегледи:
      487
    • plaza2.jpg
      plaza2.jpg
      Големина на фајлот:
      326,1 KB
      Прегледи:
      487
    • plaza3.jpg
      plaza3.jpg
      Големина на фајлот:
      246,2 KB
      Прегледи:
      487
    • plaza4.jpg
      plaza4.jpg
      Големина на фајлот:
      239,4 KB
      Прегледи:
      487
    • plaza5.jpg
      plaza5.jpg
      Големина на фајлот:
      211,1 KB
      Прегледи:
      487
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    И пак ќе биде скапо.
     
  4. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Може и поскапо, тоа е јасно, ама бар да имаме една убавина за гледање
     
  5. Ichliebedich

    Ichliebedich Активен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    10
    Дај Боже нека направат тие, да имаме туристичка атракција +, само некка биде поевтино, да може секој просечен човек да си дозволи еден ден, два уживање тука, а не Голден бич, Версус бар, Аква парк Изгрев..... Ама според сликиве гледам дека ништо од поевтиното..сигурно ќе се на исто ниво како и овие другиве луксузниве |(
     
  6. Marzyana

    Marzyana Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    9
    Ова е чист политички маркетинг. Ако се сеќавате имаше исто електронско гласање за плажите во Дојран и Преспа, па на крајот плажите излегоа сосем други многу поевтини и ги правеа во тек на летна сезона |(

    Дај боже да грешам, ама ова е чиста популистичка вест :)
     
  7. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Можно и тоа, но сепак се работи за Охрид и незнам дали така лесно ке успеат како во Дојран. Ама и тоа нема да не изненади.

    Кога ја отворив темава заборавив каде живеам и се израдував некако на проектов. Ама по постовиве гледам дека грешка сум направила.
     
  8. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.824
    ^ Ништо чудно да ги прават сред сезона. Аеродромот е далеку од центарот на градот, гужвата нема да пречи.
    А цените.... нема да бидат ништо пониски од оние во веќе постоечките „елитни“ туристички локали во градов и земјава.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.076
    Јас сум за најидејно решение, да ја остават природата на мира и да не изведуваат бесни глисти од некогаш препознатлив Охрид да прават друг град како што направија со Скопјево. Охрид е прекрасен и без вакви фенси плажи, кој го сака Охрид и вака му чини и не му смета ништо. Незнам што паднаа сите у несвест од Голден Бич и сличните бич клубови, уствари знам сељачана и неизживеаност.
    Ако ти е за плажа да одиш да си се сунчаш и бањаш ко човек не ти требаат вакви фенси менси чуда во кои демнат некој луѓе што мислат дека се некои фаци и се центар на внимание. Абе оди уживај, бањај се, прскај се не ми глуми лудило ко да си незнам каде. |(
    Јас на сликиве видов се освен плажа, ако толку сакаа само да уредат, а не да праат после пари од тоа ќе го средеа просторот толку колку да може да се стави песок или каменчиња ако веќе ги нема и доволно ќе беше. Не ова тука чисти бизниси ќе бидат, лежалки, пијачки, ништо чудно и влез да наплаќаат.
     
    На Hipica, Daydream, sweet-cherry и 2 други им се допаѓа ова.