Искрено многу е тешко да се одлучи човек за една. Но, бидејќи како поп артисти Тоше и Каролина ми го одбележаа детството, а воедно и двајцата заслужуваат да се најдат тука, ќе се одлучам за нивниот дует. Инаку за предлози би имала уште многу доколку имаше простор за избор на Топ 5 на пример. А кога станува збор за рок музика, тука едни и единствени ми се Ареа.
Како можев да не се сетам на оваа песна од прво. Со години ми буди емоции. Ја сонував песнава и така се разбудив утрово, па си реков еве која сум заборавила да ја објавам тука.
Има многу песни, нема толку опции во анкетата. Ајде одиме со лајкови, лајкувајте што ви се свиѓа и триесет песни со најмногу лајкови ќе одат во анкетата.
Анкетата е поставена, може да гласате и да избереме најдобра македонска поп песна. Имаме право на 1 глас.
Ми текна на темава и си викам да видам до кај е. Коментирајте да ја има на почетна, да се забележи, можеби ќе се присоберат гласови.