Избор на нови модератори

Дискусија во 'За форумот' започната од Femina, 16 ноември 2016.

  1. Femina

    Femina Администратор Член на тимот

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    1.461
    Со цел позабрзано и поквалитетно развивање на форумот, отворено ги повикуваме оние кои се заинтересирани да придонесат во одржувањето и развивањето на најголемиот женски форум во Македонија да се кандидираат за функцијата модератор.

    Ако имате желба да станете дел од модераторскиот тим на Форум Фемина, испратете лична порака на @Femina во која ќе напишете два-три збора за себе, зошто би сакале да станете модератор и колку време имате на располагање. Задолжително наведете 3 категории коишто би сакале да ги уредувате (подредени по приоритет). Потребно е да бидете активни во посочените категории и да придонесувате во разработувањето на темите, па изберете ги категориите кои ви будат најголем интерес.

    Забелешка:
    Категории се Мода и стил, Лице, Тело, Коса, а НЕ Убавина и мода, Љубов и секс, Диети и фитнес (последниве се секции).

    ВАЖНО: Исклучително ценета карактеристика кај модераторите е објективноста. Пред да се пријавите, добро размислете дали би можеле да бидете подеднакво фер со членовите кои ги сметате за свои „виртуелни пријатели“ и членовите кои „не ви лежат на срце“.

    ЧПП

    Каква функција има модераторот?
    Модераторот треба да се грижи за почитувањето на правилата на форумот, да ги одржува своите категории организирани (со помош на спојување/преместување/бришење на теми и преместување/бришење/редактирање на мислења), како и да иницира нови дискусии.

    До кога ќе трае конкурсот?

    Конкурсот ќе трае до крајот на месецов, односно до 30 ноември (среда).

    Како ќе знам што треба да правам?

    Ако бидете избрани за модератор, ќе имате на располагање детални инструкции за модерирање, а ќе можете и да се консултирате со другите модератори при донесувањето на каква било одлука.

    Не сум компјутерски експерт. Дали ќе можам да бидам модератор?
    Ако немате проблеми со секојдневното користење на компјутер, уредувањето на форумот нема да ви претставува никаква тешкотија. Впрочем, уредувањето не е многу поразлично од партиципацијата во форумот. Едноставно ќе добиете дополнителни опции за преместување, заклучување и спојување на теми, за редактирање, преместување и бришење на мислења, ќе можете да испраќате опомени и сл.

    Не знам дали ќе имам доволно време за да бидам модератор.
    Ако сте редовен и активен посетител на форумот, тоа е сосема доволно за да бидете и модератор. Немате обврска да ги читате сите мислења, ниту пак сте задолжени да поминувате одредено време во уредување.

    Дали модераторот може да пишува мислења?
    Дали може да контактира со останатите членови? Да, секако дека може. Ако станете модератор, продолжувате да си го користите форумот на вообичаениот начин.

    Дали модераторот треба да биде строг и груб кон останатите членови?
    Не. Модераторите не смеат да пишуваат работи од типот: „Зошто ле си отворила ваква глупава тема овде?“, „Аман веќе од вакви како тебе!“, „Алоооо, не гледаш дека има веќе вакви теми?!?“, „Лелееее, уште не се научивте да пишувате на кирилица?“ и сл. Модераторите не треба да влегуваат во конфликт со членовите на форумот, туку напротив, треба да им помагаат да се вклопат и да бидат пријателски настроени кон нив.​

    НАПОМЕНА: Ако се пријавите, тоа не значи дека автоматски ќе бидете поставени за модератор. Модераторите ќе бидат избирани според неколку критериуми, како бројот и квалитетот на нивните досегашни мислења, односот кон другите членови, времето поминувано на форумот итн. Кандидатурите ќе бидат од отворен тип, т.е. нема да ви одговараме дали и кога ќе бидете или нема да бидете примени за модератор. Едноставно ќе ве повикаме штом решиме дека е соодветен момент.

    Ако имате какви било други прашања, слободно поставете ги во темава.
     
    Последна измена: 16 ноември 2016
    На Сама Дома, QweenSM, daylight и 28 други им се допаѓа ова.
  2. Quuen

    Quuen Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2014
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    2.600
    Пол:
    Женски
    Ова му требаше на форумов :clap::clap::clap:
    Колку нови модератори ќе бидат избрани?
     
  3. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    3.869
    Допаѓања:
    41.165
    Пол:
    Женски
    Редно беше да се избираат нови модератори. Му треба тоа на форумот, треба некој да се грижи за почитувањето на правилата на форумот. :)
     
  4. leni_794

    leni_794 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2016
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Кои се бенифициите да се биде модератор на најголемиот женски фором во Македонија?
     
    На cresa-jagoda и Olimpija17 им се допаѓа ова.
  5. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    9.752
    Допаѓања:
    145.155
    Пол:
    Женски
    Зарем бенефиции требаат за да седиш и модерираш на едно виртуелно местенце на интернетов каде што се чувствуваш убаво?!
     
    На Сама Дома, cresa-jagoda, Victorian и 3 други им се допаѓа ова.
  6. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.496
    Пол:
    Женски
    Треба да се знаат бенефициите, дали име редовна плата..има ли воопшто некоја сатисфакција за да се занимаваш со модераторство на еден форум(и тоа пази, со куп жени)..боли главааааа(facepalm)
    Ако нудат нешто интересно, сакам да се пријавам на конкурсот:)
     
    На SAMIRA, cresa-jagoda, fallenangel и 10 други им се допаѓа ова.
  7. leni_794

    leni_794 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2016
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Па јас и онака си седам кога сакам, но ако веќе нешто треба да ти е секојдневна обврскапо неколку часа, треба и мотивација. Доколку ја нема и работата ке биде површно и подпросечно завршена.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  8. leni_794

    leni_794 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2016
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Баш така, убаво кажано, денес никој не прави ништо за џабе.... :D
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    12.881
    Допаѓања:
    161.762
    Пол:
    Женски
    Алелуја! :clap: :clap: :clap: Конечно, потребно беше одамна вакво нешто.
    Се надевам дека овојпат навистина ќе успее изборот и дека ќе се постават објективни и квалитетни членови како модератори. :)
     
    На Сама Дома, QweenSM, atala и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    9.752
    Допаѓања:
    145.155
    Пол:
    Женски
    Бабо, седи мирна, стара си хахаха :*
    Па и онака си 3 дена зачленета, не ги ни знаеш сите теми, ниту пак табиетите на членовите :) така да...џабе е.

    Знаеш што е мотивација тука? Мотивација е да гледаш како сите си пишуваат на тема полна со хармонија, а не хаос, тема каде што нема навреди и препирања, теми каде што ти е мерак да читаш, а не идеш ради реда..

    Кога сето тоа ќе ти претставува мотивација, а не паричниот надоместок (кој ако не се лажам - го нема) нема да бидеш идеална личност за работава.
    Затоа што ако се парите мотивација, секако ради реда ќе го работиш - за да добиеш некој денар, а не од мерак.
     
    На vasilevskabojana, anaja1, fallenangel и 8 други им се допаѓа ова.
  11. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.496
    Пол:
    Женски
    Џабе нема ни код бабе;)
     
    На Abeja, fallenangel и LadyC им се допаѓа ова.
  12. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.368
    Пол:
    Женски
    Повелете и друг пат!
     
    На Antebellum и Ketchup им се допаѓа ова.
  13. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.496
    Пол:
    Женски
    Можеби стара да се "кара" ама да седи на форум тамам е, стара искусна лисица:)
    За да биде човек мотивиран му треба ПАРИ, а од форумска хармонија не се живее, да не се залажуваме:)
     
    На Olimpija17 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.546
    Допаѓања:
    31.007
    Пол:
    Женски
    Секако седиме по цел ден тука на фемина. Зошто мора мотивација за да помогнеме ова катче да е уште поубаво? Сигурно ке има волонтери кои ке го прават тоа од кејф :)
     
    На SAMIRA, anaja1, fallenangel и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    9.875
    Допаѓања:
    55.330
    Пол:
    Женски
    Пазете кого бирате. :)
     
    На LittlePinky, cresa-jagoda, biGirl и 20 други им се допаѓа ова.
  16. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    9.752
    Допаѓања:
    145.155
    Пол:
    Женски
    Добро бабе, секој има своја мотивација.
    На некој парите, на некој задоволството.
    Нема лутење :hug:
     
    На atala, fallenangel, LadyC и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    16.948
    Допаѓања:
    77.169
    Пол:
    Женски
    Сакале пари за да бидат модератори. :rofl::rofl::rofl:
    Кој виц на годината е ова, ме изнасмеавте. :D

    Кај Фемина одвај модератори ќе стави, па и пари...лелеее, смешка.
     
    На candy.cane, sj *O*, sweet-cherry и 30 други им се допаѓа ова.
  18. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.496
    Пол:
    Женски
    Штом нема пари, тогаш ништо од работата.
    Јас не сум од тие КЕЈФлајчики,..мојот труд не го давам бадијала:)
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
  19. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.546
    Допаѓања:
    31.007
    Пол:
    Женски
    Бабе ти твојот труд само за пари ли го даваш??? :rofl:
     
    На Dust и baba Rada им се допаѓа ова.
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    16.948
    Допаѓања:
    77.169
    Пол:
    Женски
    Абе еден труд што треба да вложиш...сигурно нема да те тераат да правиш бизнис план или биланс на приходи и расходи. :)
     
    На Summerlover, sparklie, Victorian и 14 други им се допаѓа ова.