@sanjaeva Е баш ова сакав да го кажам,ме претекна Мислам дајте бе луѓе,се чудам кога ве читам " ехе од кога чекав јас да се пријавам за модератор." "Животна желба ми е,и јас можам да внесам промени,кои и беа на фемина со години потребни". Сериозно ова? Навистина? Еве и јас сум член 5 години,(и имам квалитетни и фини мислења,не да се фалам ова) Ете некој и мене ме предложи,ама не трчам да се фалам и ветувам наоколу и да билдам виртуелно его. Јас и за пари да се работи,не би се нафатила на ова,добро ми е и вака,фала
Еднaш бев душo, дoстa ми е. Немaм ни време и дa сaкaм. Слoбoднo пријaви се, мoже дa те изберaт, ги испoлнувaш сите услoви
@Annath мила и јас се надевам да немам време наскоро ... нз, ќе размислам а може и @kukla21 да размисли
Абе луѓе, да ве прашам вака (реторичко би требало да е прашањево, ама...) - не нè сфаќате белки озбилно со предизборниве кампањиве, агитациите, клановите...? Не, нели?
Одлична можност за оние кои сакаат да се чувствуваат битни, популарни на форумот а сами од себе не се способни таков лик да изградат, односно не се родени за под рефлектори па функцијава ќе помогне малку. Јас би гласала за оној кој најмалку ја посакува функцијава, некој во стил -не сакав ама другарката ме пријавила без да знам. Ама озбилно тоа да го мисли не како Спешл погоре што глуми дека се зеза на темава Докажани, зрели, стабилни, авторитетни, оти не планирам со дечишта да се карам по темиве.
Не планирав воопшто да пишувам во темава, ама гледам дека сум означена меѓу мислењата, па некако почувствував потреба да се изјаснам тука До сите што ме предложивте за модератор (без намера да звучам како банкар ) - ви благодарам за довербата. Сепак, нема да се пријавам, не се пријавив ни минатиот пат, зашто би сакала да останам само „обичен“ член. Ако бидам избрана знам дека ќе се чувствувам должна секој ден да го проверувам форумов, редовно да ги читам моите категории, да го средувам, а како што сум перфекционист и сакам сé да биде под конец - ќе имам многу работа Вака се пуштам кога сакам, пишувам кога сакам, читам што сакам. Не сум толку активна како порано, некогаш и гледам дека воопшто не сум во тек со случувањата тука, а за ваква работа мислам дека најдобро би било да се одбере некој што има можност повеќе време да поминува на форумов (секако, меѓу другите критериуми за модератор). Освен тоа, некако модераторите секогаш се дежурни кривци за сè нешто, секогаш некој не е задоволен зашто неговото мислење било избришано, а на некој друг не, па би ги избегнала тие главоболки Некој претходно спомна Реин да остане ангажирана за неколку категории каде се водат жестоки дискусии, за што морам да се сложам. Или ептен администраторите да одберат некој за кој ќе бидат сигурни дека добро и непристрасно ќе си ја врши работата. И секако - некој што ќе се нафати. Затоа што како што гледам низ темава, најголема заинтересираност има за полабавите категории, а овие каде буквално војни се водат, никој не ги сака. Се надевам администраторите ќе направат добар избор околу тоа. На сите кои се пријавиле - good luck Има супер членови за кои верувам дека би биле одлични модератори.
Јас нема да глумам ептен поштен и да речам дека не го чекав ова. Точно дека животот не зависи од изборов, но со оглед на тоа што ме исполнува работата на компјутер/телефон, ова го гледам како некој нов предизвик. Кој како сака нека сфати, не ми е битно. Секогаш сум сакал да видам како изгледа форумот од страна на модератор и се надевам дека овој пат ќе успеам да го искусам тоа. Кога ќе станам полнолетен, би можеле и за администратор на форумов да ме стават. Таман до тогаш ќе се пензионира Михајло.
Као успеа да ме прочиташ, џоа буквар. Штета нема таква можност да те пријави другарка па ќе морам сама да се изборам за под рефлектори. Кога можеше Трамп да победи со толкав џеб, па јас да не можам. И ако не ме изберат да знаете дека е тоа поради мојата немоќ да ги подмитам тие кои одлучуваат бидејќи јас и онака сум родена под рефлектори. (мораше оваа со дуге ноге дека немаше рефлектор) Е сеа дури збогувај се со модераторска функција
Сликиве ќе ги искористам у предизборната кампања за Феминка на годината - Бендер - олицетворение на современата жена.
Јас на партииве се чудам, вие тука за еден обичен модератор очи си ископавте, божем стварно ќе ве платат.До толку ли немате попаметна работа во животот?
Ajdeeee... ke stanes tatko brzo, brzo hihihi. Ima hormoni da te napukame okolu pa ke vidiiiis PS Ako si seriozen da si prasam sega se za sledni 5 godini u temine Stra me e
Абе ставете ја баба рада админ и готово. Кога веќе се оди екстремно, нека биде онака баш екстремно. Одма во првиот саат ќе го банира пола форум.
Обавезно да има машки модератор затоа што вие жените ќе се испотепате. Јас би сакал да бидам модератор пошто ќе бидам најправеден и нема да брзам кон заклучок додека двете спорни страни не бидат сослушани и така ќе се види кој ја зборува вистината, освен во случај каде што има повеќе од доволно докази дека некој забрљал и логично е да му следи бан доколку модераторите имаат таква опција, а знам може да им се даде на модераторите да банираат! Друга позиција за која “аплицирам“ е да бидам технички персонал на фемина. Да го одржувам сајтот, да го средувам, да ви понудам опција која боја сакате да си ставите за форумот и ред други работи. Можам дури и приватен чет да направам, имам таков технички капацитет. Како и да е, се сомневам дека фирмата што е зад Фемина ќе ми даде пристап до нивниот вебсајт и базата на податоци. Би потпишал договор за доверливост и би фурал хонорарно, што да не. Ма ќе волонтирам. Се' за љубовта према фемина и жените.