Засрамете се. Посебно вие што се правите ЗРЕЛИ жени и домќинки, а сте застанале да лечите фрустрации на непознати 18-20 год. млади личности. Како не ви е срам бе олку ниско да се спуштите? Ајде зезање ок, ајде глупи навреди пак ок, ама сите тие зборови погоре пишани едноставно не ви личи да ги пишите. Ако остане темава отворена уште малку ќе се спуштите уште подолу. Толку ви е битен овој глуп форум? Прво и основно тие што ја отвориле темава се криви пошто НЕ треба да е отворена за мислења оваа тема. Нека се пријават тие што сакаат, нека пишат што сакаат во лична порака и ТОЛКУ... зошто да ги навредува некоја напукана жена? Ау, што се нема да прочитам. Дури ми се повраќа од овие срања.
Офф-топик сум знам ама ја обожавам темата за +/- 40. И јас исто мислам дека од таму може да се најдат квалитетни модератори... За полабави теми немора толку јако препукувуња, нека биде некоја феминка која навистина има плус време и волја. Ама за посериозните, како што се темите за семејство, здравстевни теми и љубовни се потребни многу посериозни личности. Тука има многу надокажувања и препукувања, тие теми би требало убаво да се средат и да се стават под конец.
Мислам дека за модератор треба да биде стабилна особа која нема да лечи сопствени фрустрации овде и особа која ќе знае што треба да се брише затоа што не е според правилата а не да брише нешто затоа што неа не и се допаѓа. Од она што успеа да го извлечам како сопствена проценка мислам дека модератори треба да бидат некои од жените од темата Ние околу 40, затоа што тие се доволно зрели и трпеливи и можат соодветно да се грижат да ние младите не претераме во жарот на искажување на сопствени ставови. А дека знаеме да претераме покажа и примерот погоре аде се оди со лични дискфалификации и навреди што не е ок. Мој предлог и мое субјективно мислење за модератори ги предлагам @lunicka @Bridget @referentka исто така @joy1 феноменална особа со изграден став но не знам колки ќе има време да се посвети на форумов со оглед на обврските.
Јас не можам да разберам зошто толкава галама околу ова? Ќе се испотепате, полека запрете! До толку ми се чини како да сте огорчени од животот па се расправате за работи за кои ВИЕ не донесувате одлука. Ве читам два дена и не знам дали да плачам или да се смеам, поише ми иде да плачам зашто гледам тука само улижување, љубомора и омраза. Што е толку битно кој е подобар, а кој не за мофератор? Зошто не се гледате себеси? Да се пријавив и јас и што? Сега треба да се докажувам тука дека сум ТОП за модератор или да зборувам дека "тој и тој" не е добар за модератор? Не. Има кој да каже! И тоа не сме ние! Се пријавив само затоа што имам слободно време. Со среќа нека ни е нас што се пријавивме и толку. Напраивте Прва Форум Феминска Војна
Битно е затоа што модераторите на некој начин одлучуваат во кој правец ќе оди форумот. Ако на тоа место се стави незрела линост може форумов да отиде во сосема погрешен правец или да избрка квалитетни членови. Да не претерам ама ова е еда од најбитните теми на форумов и секако дека треба да има дисусија/
Спојлер: / Благодарам ,но не.Јас не можам ред да воведам дома , а не пак на форум. Реално,потребно е да има повеќе модератори и тоа личности кои имаат време да се посветат на форумов. Предлози од мене... - @Bender Rodriguez Спојлер: * (и тоа во повеќе теми би го ставила,па ако треба и со сила ,) - @AnaKarenina - @Lady Phoenix - @Mishela - @zhap4e - @Doozy - @joy1 .... толку засега ,можеби ќе надополнам ....
@lunicka Епа тогаш оставете им го форумов на децава за да потоа се изживуваат на вас. Не знам зошто толкава скромност кога и цсамата знаете деа сте многу квалитетна особа која ги разбира работите. Не треба да биде некој што има време туку таа особа која ќе биде мора да е стабилна и квалитетна особа а не само некоја која има вишок време. Од твоите предлози единствено ми се допагаат Ана Карењина и Џои1 кои се навистина квалитетни особи. Кога предлагате некој не тргнувајте од личните релации со таа особа туку бидете објективни, затоа што модератор не е мала работа и секој погрешен предлог за тоа место може да ви се удри од глава.
@Kornelija.J едноставно кажано,затоа што немам време.Да не одев на работа,зошто да не...јас сум таква,сакам праведност и исполнување на обврски на време и како што треба.
Кога нешто не можам да исполнам, не ни прифаќам таква обврска. Леле,како образложувам,како да сум на листа на модератори...
Вие сте на листата, дали ќе прифатите или не зависи само од вас. Предлагам да секој што мисли дека оваа прекрасна особа треба да биде еден од модераторите да кликне ми се допаѓа на постов за да и покажеме дека ја има целата наша подршка.
Гледам дека тука или сам се фалиш, или други те кудат, па само да си кажам дека јас да сум модераторка, како би правела. Прво, не би бришела мислења, единствено само ако се 1000 посто оф - топик, ( како чатување во СДК или мешање баби и жаби ), или пак би ги преместувала соодветните мислења во соодветната тема. Исто така, би ги бришела само навредите од постот, или пак би заменила некои изрази со политички конкретните. Не би бришела теми кои се според правилата, туку само би ги едитирала по горе наведените стандарди. Секој член ќе има три жолти картони, а црвениот би му бил бан на одредено време. По тој еден црвен картон,, има само една шанса - после тоа фајронт. Чао, пријатно. Секој кој е со два профила, ќе си има право да си избере еден кој нема да му биде избришан, другото чистка. Ова ви е само совет на вас идните модератори од моја страна, а другото е на вас. Времето ќе ( ви ) ни покаже дали сте правични и непристрасни. Со помин.
Корнелија зачленета пред 1 месец искусно знае се за членкиве што ги тагна кој и што и како е Е ај кажете се сега која има дупли профил???? Фали ме усто умре ѓ...тa што не фалеше