Ако сум членка од скоро не значи дека претходно сум била слепа и не сум можела да читам. А кој има дупли профил? Да не сакаш да кажеш дека јас всушност сум Луничка и си се фалам сама?
А се препозна Само неа ли ја тагна погоре ? Колку смешно , не ни сакав да кажам дека си таа ,ниту за друга,ако јас сакав да кажам ќе ги спомнев на име,јас спомнав во множина па ти еве сама се кажа, како и да е , ја наполнивте темата оф топици Аи додуша не ме интересира само си кажав мислење ,а да разговарам околу ова повеќе не планирам , имај убава вечер
Дали јас сум единствениот кој дури сега ја забележува темава и don't give a damn about that кој ќе биди поставен како моделатор во соодветните теми ? Полека не бива, панаѓур прерасна ова... Убава ви вечер...
Edni te isti sto celo vreme trubat deka ne se zamarat so temava i opsto so forumot dremat 25 casa od 24 ovde
За да се биде модератор,потребно е највеќе познавање на повеќе области за која се коментира на форумот. Секако за мене е,нашата форумашка"фенинка"@BabaRada, во која што многу ретко од темите што неможе да се вклопи и искоментира некој позитивен пост,кој укажува на познавање и покажување на нејзината интелигентност,и познавање на повеќе околности. Мислам дека најверодостоен предлог е бабчето!
Ако изборот на модератори продолжи да се одвива во правец кој ја одразува моменталната слика овде, ништо нема да биде и од овој обид форумот да се воведе во ред. Што е жално. Крајно време е да им се одземе "моќта" на троловите и офф-топиците кои подолго време управуваат со форумот. А тоа нема да се случи ако за модератори и админи се стават неквалификувани членови. Затоа внимателно при донесувањето на конечната одлука.
Темава нема потреба да се затвори, ама затоа може да се банира оној кој заслужува Прочитав дека некој ја предложи @Ane-Goki1 ... ДА! Не знам многу за нејзе, но сум приметила дека стрпливо чита и не е дрдрорка и при тоа никогаш не била испровоцирана да се вклучи во некоја кавга. За сите идни модератори кои не се поддржувани од мнозинството (не знам како ќе се бираат), тешко нив
Веројатно била некоја Луничка на кирилица, немогуче да си ти. BTW се вработи? Не сум у тек, честито ново работно место. Може веќе и си частела од прва плата. Кое фајде од предложување на темава, демек форумџика на годината се бира. За модератор е потребно почесто присуство на форумот и водење според форумските правила. Кој што, како и колку пишувал по темите не е битно, битно е да се воведе ред и да се почитуваат основните правила, макар модераторот бил зачленет и во мај годинава, тоа не значи дека не е компетентен. И ај доволно беше улизување за лајкови и во оваа тема.
Од сите овие години на форумов мене единствено нешто што не ми е јасно е зошто го сфаќате пресериозно. Никогаш не сум се нервирала реално секојдневно(откако ќе се одлогирам) или сум му замерила на некој ради спротивно мислење од моето, чат пат пожестоко дискутирам ама само кога има простор затоа. Форумот отиде во јабана оти многу членови се сфаќаат лично и се испофаќаа за коси, темите ги доживуваат како место за контрање и докажување кој е во право. Ако сите држиме доза на омраза кон некој член со кој на некоја тема сме се замериле за нешто подобро и да си одиме од форумот. Според мене кој и да стават за модератор нема да успее да го доведе форумов повторно во ред оти едноставно многу членови се овде за да го направат спротивното. Имам јас на ум некои членови кои мислам дека можат да ја направат ситуацијата подобра, но не можат да направат чудо. И не ми е јасно како можете да барате плата за "работава" кога реално не е работа туку хоби и не бара кој знае какви обврски дневно. Како и да е вие си знаете јас одамна се откажав од дискутирање на повеќе теми, посетувам само неколку што ме релаксираат и сакам во тие да има ред и мир па се надевам дека ќе добијат добар надлежен. Со среќа на сите кои се пријавивте.
Добро утро идни модератори и подржувачи на истите Како напредуваат предизборните кампањи? Еве кафе честам за убав ден (мора вакво мало, ќе ми го избришат постот ако ставам слика)
@Someonespecial @LivingGlam @Ketchup @Summerlover Обавезно пријавени! Ќе бидам многу радосна да ве видам кој било од вас како модератор.
@Someonespecial @Rama @theowndemon @КикиМаус @Serafima за воЏи. Ааа, оп стоп. Како можев да ги заборавам @AnaKarenina и @crimson Категориите нека бидат по нивна желба, единствено сметам дека Серафима би била идеален избор за Религија.
Тешко иде, не се спие , во Битола и Прилеп ќе губам гласови, Штип се држам добро. Тнко во Кочани , Виница и Берово. Ама ќе биде, на 30ти ќе се случи НАРОД!!. Идеме кон сигурна победа во темата Политика. После на 1ви Декември ќе направиме депортација на неколку членови.
Ај да си слушнам муабети и за мене.Што мислите за мене да бидам модератор за групата религија? Инаку фаворит ми е @Serafima да биде.
Одма ти кажувам дека ќе добиеш лајкови и поддршка од верниците од твојата верска заедница (МПЦ): Orthofill, agios, Petra777, Bitter-Sweet, Rama, krosnichka, Vitaly, meckicka и сл. Ако некој муслиман се предложи, ќе добие лајкови и подршка од муслиманите. Кога некој протестнат би се пријавил, ќе добие лајкови од протестнатите итн. Затоа реков дека за тој дел од форумот (Религија) најдобро е да биде некој непристрасен и објективен кој нема да ги фаворизира верниците од неговата деноминација, ниту пак ќе ги дискриминира неистомислениците од другите вери. А тоа реално единствено може да биде некоја атеистка или атеист кој/а не е припадник на ниту една верска заедница.