Еве јас, ко неверник. Во најмала рака, може ќе ме вратите на правиот пат. Каков год бил..православен, католички, протестантски.. Само, категоријата е Живот,или така нешто па, кој и да е модератор... му се паѓа и политика. Глава да не го боли?!
Зошто никогаш не не означуваш нас? И да, сметам дека и @Bulgarian е добар избор, затоа што сигурна сум дека добро ќе работи како модератор.
Не си во право.Еве Бендер е атеист и жолчно те брани и во секоја тема е против православие.И атистите си се пристрасни.Туку остави тоа од кој ќе добијам лајкови туку кажи првата работа која би ја направил како модератор?
Па па пааа..и после 8 страни сеуште се карате вакви идни модератори не ноже да се најдат ни преку најголемите огласници во светот! Јас сум само на поминување да видам некој по грешка да не ме поДДржал сТрам да ви е, никој ни по грешка
Ништо, мало ти е кафето, како сакаш да привлечеш гласачи со такво макијатце? Плус ти фали нешто блакце, неам ја проблеми со шеќерот, тој има проблеми со мене. Слаба ти е кампањава од старт. И Мислам дека требаше пријавувањето да го ограничат на еден ден а не на пола месец. Настаните овде добија поинаков тек. Да пишувам колку можам повеќе до први декември зашто Трамп, како нај (не)објективен, ќе ме депортира како мексиканец од Аризона.
Можеби го бива, не велам НЕ ама за нешто друго..но да биде модератор за религија, мислам дека...хммм..гарантирам уствари дека не го бива воопшто за модератор Причина: дрзок, нетолерантен, пристрасен е...па и нема некое големо знаење за религијата
Јас само си го кажав моето мислење т.с. дека не би гласала никогаш за тебе...Е сега, ако по некоја пука случајност станеш модератор на овој форум, тогаш прави си што сакаш, одржувај што ти е ќеиф...мене ми е исти к**ац кој ќе биде избран(мислам дека кажав еднаш). На форумов функционира кафе-моабет тема и се што е поврзано со секс Религијата не е многу "барана" тема за дискусија
@baba Rada Бабе грешиш дека нема да го бива @Bulgarian ,и секако дека има големи познавања од религија,и секако дека доста комплексна тема е религијата и ќе има "борби" независно дали модераторот ќе биде хардкор верник,или па ќе биде хардкор атеист
Јас сум искрено навреден и повреден длабоко во срцето. Како можеш да помислиш дека јас ќе депортирам вака добра , одлична, културна, паметна, симпатична ,хумористична, објективна, работна, забавна, храбра, успешна жена како тебе. Тоа ни на сон не би го направил. Јас дури сакав и после изборите да те викнам да бидеш моја десна рака. Да ми помогнеш во моите одлуки, да ми дадеш совети. Заедно да ја направиме фемина форум каде што успехот, добрината, хуморот, забавата, квалитетноста ќе владее. Заедно да ги искорениме клановите , омразата, сарказмот , лицемерноста и троловите. Заедно Абеја, Заедно тоа ќе го направиме.
@Serafima модератор за религија @eloves за врски @Rose96 за мода и стил @marama храна @joy1 здравје бременост и се поврзано со медицина @Cka и клавирот во семејство @daylight во другата наука @RainBow во филм, музика итн ( бар да не мора да ми пишува) @Dust ( пошто сака да биде модератор) нека биде во канта и кафе муабети. Нема што повеке да се дискутира. Што не е јасно? Вака ке биде форумот поинтересен а и реин да одмори малку пс мислам дека нема што потреба машки да ставаме за модератори на женски форум псс @joy1 ако случајно се откажеш од модератор, не ти зборам 17 мин. Да си знаеш
Е за ова ти пуштам рака Бабе,јас го предложив Ортофил,уште од почеток...и тој има најмногу познавање од религија и вера,да бидам искрена @Orthophill ,aјде пријавувај се,ти знаеш најдобро како