Ако сакате да функционира форумов како што треба, тогаш и модераторот ќе треба богами многу труд да вложи, ќе треба да трпи навреди, ќе се фрла по него дрва и камења, дежурен виновник за секој....Аааааа не, не, работите си вие за џабе и од задоволство ако немате попаметна работа во животот.
Па ако некој кој работи за при работи ради реда, немој да ги ставаш сите во ист кош. ЈАс имам спротивно мислење од Вашето, друго е да си читаш и пишуваш кога сакаш колку сакаш, друго е да МОРАШ...... Се работи за обврска која одзема неколку часови дневно. И кога веќе лично ме искоментиравте за тоа колку дена сум зачленета, не знаете воопшто за моите познавања и искуство и колку време го следам форумот затоа немојте предвреме да донесувате заклучоци. Можеби имам среќа да работам она што сакам и тоа да ми носи приходи, но моето прво мислење е доколку работиш некаде треба да си ја сакаш фирмата и да придонесуваш за нејзино развивање, и доколку сите како и вработените така и работодавците го сватат тоа толку поголем успех за сите. И секако ако нема награда никој нема да се труди, никој не прави ништо од сакање ( освен хуманитарно) Секој сака трудот да им биде награден.
Сум била, на друг форум. Не реков никаде дека не треба никаков труд, но лабава работа е, нема некаква „психичка тортура“, за да се крева галама до толку. И не, не може да се спореди со канцелариска работа во која си носител на одговорност. Тука одговорноста е од поинаков тип. Хејтање,плукање...леле, леле, мислиш новите модератори ќе бидат реинкарнација на Хитлер, па да се крева прашина до таа мера. На крајот на краиштата, волонтерско е - никој не ве фаќа за врат за да се пријавите ако сметате дека не сакате да го работите тоа.
На еден модератор му даваат максимум три категории за уредување, што значи дека поголем дел од деновите нема да има работа. Гледате последниов период каква штама е на форумот?
Имаш проблем со дискусијава бабе? Не провоцирам, ете си дискутираме, а мене уште ми е смешен твојот пост со „модераторската плата.“ Сè уште никој не ми забранил да се смеам на оние работи кои ми се смешни. Затоа чил.
Па сигурно е дека ке биде штама..сите што отвараа глупи теми се тргнаа и оставија простор за умните глави од форумов да се појават со нови квалитетни теми..но увидовме дека они освен сарказам и провокација, не знааат ништо друго..Можеби сакаат модератори да станат, ете им прилика
Прво и основно, ова е анонимен форум на кој што доаѓаат луѓе за дружба, така да модераторството треба да се разбере како дружба со дополнителни привилегии и обврски. Немам намера да се контрам со никого, ама ако некој нема страст и желба кон модерирање во катчето каде што ужива, џабе се сите пари на светов, бидејќи модераторството ќе биде само фигуративно. Толку од мене на темава.. И еден апел до сите што ќе се пријават (апел од модератор на друг форум, значи со искуство) Не се пријавувајте за бенефиции, не се пријавувајте ради реда за после 2-3 недели кога нема да ви е интересно да ја баталите својата секција.. Пријавете се поради силна желба и страст кон пишувањето.. Инаку со сите обврски што оваа позиција ги носи, брзо ќе си ја замразите позицијата
Не стварно , ако се продолжи вака ке ја затворат темата и толку од модераторите. А одвај пуштија душа да отворат конкурс