@JollyGirl мор, никогаш не е доцна... барем за нас од нашиот клан/коалиција/whatever За Насмевка би биле идеални модератори и ти и Самерка Подгответе се, на 30 ноември доаѓаат вистинските промени, а не на 11 декември!
Може, ајде ќе почнеме по темиве да одиме и да се реклмираме почнуваме од фмќ, па сакам да кажам, па последно што слушавте, па кај вицевите, па темата за 40 плус минус... @Someonespecial те бива за пишување, па напиши нешто убаво и убедливо колку да не се брукаме пред светов
Може и @Kukla994 да ја ангажираме, ја бива за реклама и промоција, плус убава, може и заштитно лице на кланот да ни биде.
Лути сме и на куклата... Скроз не заборави и не батали зар така заслуживме? На цело мфќ ни заврти грб. Барај друг...
Оооох души брее ♡♡♡ Тука сум тука, Ве читам таму и се мислам, думам,размислувам што да правам со вас како модератор нели, не е лесно... дали некоја титула нешто или некое посебно место на форумов да најдам за вас пошо сте ми посебни па заслужувате, ај ќе биде нешто и онака...
Леле, и мене со ова одма ме потсети на Куклето наше и онаа тема во фото-натпреварот кога бараше гласови по сите теми. ..... Запрашајте се, дали Фемина ви е дел од секојдневието покрај шоља утринско кафе? Дали сакате форумов да се издигне на ниво на место за културен, интелектуален, современ натпревар меѓу членовите, без вознемирување од тролови и кршење на правилата? Нашата коалиција нуди толеранција во дискусиите, креативност, вреднување на интелигенцијата и вистинската смисла за хумор... и многу повеќе пријатни изненадувања што ќе следат после 30ти ноември! Затоа... ако одговорот на прашањето погоре ви е ДА - поддржете нè! #нијесвеједно #имаразлика Ќе пројде ли ова?
Лелееееее Спецкеееее ...Одлично. Сега ке го споделам по сите теми !!! Ме опоменаа тогаш да престанам ама сега ништо не ми можат Edit: Ај ке почекам во случај да испапне некоја измена ово оно...па кажете кога ке е готово
@Someonespecial, предобро! Јас моментално ја пишувам химната на кланот која ќе биде промовирана на нашиот митинг. Stay tuned!
Мој човек бе знаев дека ќе ја доловиш суштината на нашата цел Ќе го испечатиме сега ова, и нормално ќе почнеме со митингот... Ако не не банираат во меѓувреме
@КикиМаус исто така нека одложува се што има во план и нека припреми говор за митингот! Сендвичи и сокчиња со цевче задолжително! Плус организиран превоз од сите градови!
Колку само ќе се сведе све на прашување Rainbow да каже кои членови се најстабилни за да бидат модератори. Кога ќе дојде до моето име ќе и текнат сите тие војни и бунтови што ги правев против нејзе пред 4 год. Намерно ќе каже нешто лошо , ја знам јас неа, ќе ме саботира. Се надевам ќе биде на гласање, така немам гајле имам 100 профила спремни да гласаат таму каде што треба.
Божеее , мислиш се чека лото извлекување и во прашање е милионска сум + стан + автомобил! Мајке ми , не очекував дека 21 страна ќе зафати ова.