Тајното друштво на модератори на Фемина, начув, се собрало вчера на ден (Вечер) полна месечина и жртвувале по 9 про-вмровски и про-сдсмовска мушички. Начално биле договорени за жртвување жабји батаци ама, за да нема бунт... рекле, ајде, мушички. Демек, нема кој да ги жали и велича мушичките. Ама, ако јас сум од тајното друштво... нека некој ме извести. Да знам, да почнам да ги (зло)употребувам моќите! #модератори.кланови.и.теорија.на.заговор
Јас ги замолувам надлежните да објават список со новите модератори (пошто очигледно ги има веќе). За да не ја замараме (означуваме) Реин насекаде, дајте да си почнеме да ги означуваме тие што си се надлежни. Не знам зошто воопшто толку криете? Ко кој знае каква тајна е тоа човече. Дури ДИК имаат состаноци пред камери, а вие се криете. Посебно во политика и религија ме интерсира кои се.. Или крај креава, ставете им како кај Реин што пишува, под никот дека се модератори. Да ги видиме што фаци се Да знаеме кај да се обраќаме во подфорумиве и да видиме кој ни ги јаде парите.
Јас мислам немаат уште модератори ставени. Кога се зачленив имаше модератори и тогаш нивното име беше обоена со лила боја наместо розева мислам. Уште ми текнуваат моментите кога се караа дека модераторите имале свои кланови или така нешто па намерно бришеле мислења , па после модераторите се откажаа од модераторството... па војни, па затварање масовно теми , бришење мислења и банирања... и на крај само Рејн остана со нејзинотот тогашно милениче модераторче звано Гордана10 , недели подоцна на сила стапи Rainbow-Диктатура (така јас ја викам). Уште и го памтам тоа смајлито на Rainbow што го ставаше на крај од текстот што ќе напишеше и објаснеше саркастично кога некој ќе и преречеше нешто. Убави времиња беа тоа... Сеа све вмро/сдсм препукувања не е интересно...
Едно нешто не би беше јасно/не ми е јасно. Еднашка немаше модератор во темата Модни критики и се полнеа оффтопици. Рејнбоу сето тоа го среди одкога се уклучи и виде така да избришено е. Ама се сеќавам Јипман лудуваше и предложи некоја песна/рапсодија да се пее па сите членови дополнуваа, пееја а јас уште не знам која песна е тоа? Фала на одговор, тоа беше нешто ко химна, ода...
Верувај имаат одбрано и веќе работат новите... Бетер од ЦИА... Туку и онака газдите не пишуваат, па што не се кажете сами кои сте? Ајде нека го скрши некој мразот, па да видиме кои принцезички ќе ја заменуваат Реин
Легендата вели, дека на Феминското брдо се собрале еднаш во далечната 1861-ва, запалиле оган и влечеле ливчиња, а потоа околу истиот одиграле едно паганско орце и од тогаш никој не ги видел....ама сите го почувствувале нивното присуство .
Не се знае, а не се знае ни дали се одбрани, ни дали ќе одберат! Јас онака, само да буцнам... дека се испокараа на темава, крв падна, а они абер немаат
Од нас пари земаат, па уште да ги молиш да ти кажат кој ти ги брише мислењата Сакаме тимот да го видиме... Што се криете толку уште не сфаќам. Освен ако не сте ставиле тролови и Тајчевци што имаат по 30 мислења.
Нормално дека ќе биде истакнат список со модераторите по категории, како што беше и првиот пат, што е со заговориве? Набрзо ќе биде и тоа.
Што сеа Јипман пеел , зашто вака деструктивна политика полна со лаги водиш против мене... Инаку песната се викаше Bohemian Rhapsody.