Сеуште ли ништо @Someonespecial ејј близнаци Утринава правев омлет и од едно јајце два жолтоци ми излегоа. Предзнак ли е што ли е
Дајте ми 48 саата модератор да се порадувам малце, да избришам и банирам нешто, особено у политика категорија . Ќе ми носат луѓето подароци и ќе ме частат пијачки да им бришам мислења или мислења на непријателот. Кој клан плати повеќе за тој ќе бришам. Нема ни да се преправам ни да кријам, со мене барем ќе знаете дека е на лошо отидено.
Пријавувањето е во тек. Ве молиме почекајте! Ве молиме почекајте! Ве молиме почекајте! Оператор 32 на линија,повелете.
Ало добровечер. По петти пат се јавуам! Нискоградба Битола! Од шеснајсти неонври миналата година како барате чоеци за бес пари да ви рмбет! Поооола држава за беспари работает, ви еден чоек асален не најдофте! Ами алипни ли се чупињана што се кавгает 5 месеци за да ви слугует шчо ги нејќите? И ти мори, те клајле оператор, нит оперисана нит знајш да оперисуеш. Аало ало, ко алната, кажи мор, кажи, кој е моедратор? Речи, еве оваја тука со то муцките ко сом у глата шо се напрајјла, е та е. Или речи, е онаја од долносело, со врски јет, се гледа на вратон врвците од чејлите ги кладела. Пу... Михајло ко Ѓорѓе се прајт. Само ќути, еднаш годишно се појавует, и пак не е сигурен што да напрает. Од ваква младина младината се отсели!
Ви благодариме за интересот. Ви благодариме на сите кои се пријавивте за модератори и на сите кои дадовте конструктивни критики и/или нè насмеавте со многуте шеги. Навистина е тешко да се прави селекција меѓу толку интересни ликови. Веруваме дека големото проширување на тимот кој го одржува ова виртуелно пространство ќе ги задоволи вашите критериуми, ќе ги закрпи пукнатините, ќе создаде подлога за непречена и хармонична комуникација и ќе отвори нови полиња за културен натпревар меѓу членовите на заедницата. Веќе контактиравме дел од вас за функцијата модератор. Па, наскоро очекувајте нова динамика на форумот, која се надеваме ќе резултира со уште повеќе споделени искуства, совети и дискусии од кои сите можеме да излеземе како подобри личности.
п.с. до следното јавување по 5-6 месеци, ве поздравувам ___________________________ Сериозно го лајкнувате мислењето на Фемина?
И фемина сме ја насмеале со нашите шеги (после една година...порака од Фемина) Фемина: -Да ви посакаме среќни новогодишни празници и многу бериќет на сите членови. Се уште разгледуваме на кои членови да им го довериме форуумот, па ако не овој петок, тогаш за Водици ќе ја објавиме новата листа со тимот на модератори. п.с. Тие што ставиле лајк на објавата на Фемина, се новите модератори.