А кому да му викаме ако некое мислење ни е неправедно избришано? Порано знаевме - Гордана го расипа подфорумот литература, па директно си ја критикувавме без да ги чепкаме останатите модератори. И од прилика знаев кој кое мислење го избришал, кој затоа што стварно требало да биде избришано, а кој зашто не му се допаднало и сме му ја расипувале неговата тема. Чиста работа, да си се кажете.
Па добро и онака бевме со години без модератори, па сега кога се објавија ,фер е и да знаеме кој за што е. Не беше изборот од денес за утре, чекавме со месеци. Ова воошто не се однесува на тебе или на новите модертори, туку на тимот на Фемина ,кој ги избра модераторите. Веројатно при изборот знаеле кој за што ќе биде.
Да те надополнам пред некое време и пишав на Реин да се отвори тема ние околу и преку 20 и да водиме дискусија како во 40ката затоа што во ФМЌ не може да се води таква дискусија. Мојот предлог беше неоснован.
A оти да не може да се води дискусија? И ФМЌ колку што знам е отворено да биде налик +/- 40, нели МЛАДИНСКО..
И јас мислам дека фер би било од страната на администраторите да се објави листа. Јас веќе кажав на што сум, се надевам не е некој проблем. Ви се заблагодарувам на сите за честитките! ❤
Пишувате рефератки текстови и богами не личи како да е во 40ката. Нема хармонија, барем мене ми е поинтересно да читам во 40ката отколку во ФМЌ. Настрана тоа кога се водеше кратка дискусија се побунија одредени членови како си имате чет коминицирајте си, а во 40ката во ниту една кратка дискусија не се спомнува такво нешто.
Бубаче и во 40ка се пишуваат " реферати " Арно еден реферат да напишам за денес отколку 4-5 поста едно подруго. По една реченица. Плус за четот да, некогаш се случува 2-3 страни да прескокнам оти нит разбирам кај е крајот, ни кај е почетокот. Оти е буквално чет по 3 збора, 2-3ца се запишале обичен муабет. Дај предлог тема за дискусија, може ќе се разврзе.
Се пишуваат ама на тој реферат се надоврзуваат многумина и тече шемата за дискусија и интересно е. А со ФМЌ пишуваш текст и тоа ти е, никој не се надоврзува на твоето. Не е тоа поентата. Јас мислам ако се отвори додатна тема ќе биде поинтересна. За сега 40ката е поубава од ФМЌ.
Е во тој текст што го кажуваш 10пати што сум го пишала еве пример Мишела ќе ја земам се надоврзала за нешто успат. Види вчера од Дузи и Мишела муабетот за киндл. Од есејот на Дузи излезе муабет за киндл. Ако не ти се свиѓа не го читај ќошето. Што ќе биде 10 теми исти за оффтопик муабетење. Едно ќе отвораме, друго ќе затвораме.
Не се работи за 10 теми туку за 1 тема за нас младите која ќе развиеме дискусија да ни одговара на сите. Ако само вчера сте надоврзале не значи дека претходните пати сте се надоврзувале кога не сте се. Тој оф-топик муабетење како што го нарекуваш ти е баш поинтересен од рефератски муабети, ама вие си знаете.
Бубаче, темата ја прават членовите, а не самиот наслов. Тоа што се зборува во -/+ 40 и тоа што се зборува во ФМЌ никогаш нема да биде исто. Помладите кој во школо, кој на факс и не може да тече така муабетот, додека од 40ка повеќето чинам може да пишуваат и од работа. За викенд сите скоро сме излезени, додека они си прават журка во темата. Муабетот и зафрканциите што го прави мајка ми со другарките, јас никогаш не сум ги правел, а и не верувам дека ќе ги правам во блиска иднина. И да се отвори нова тема, нема да биде ни малку налик на 40ка.
Јас никаде не напоменав дека ќе биде исто. Зашто ние младите не можеме да си говориме за школо, факс,домашни обврски и да си комуницираме меѓу себе. 40ката си е различна сама по себе но и ние би можеле да имаме сличен муабет ако се потрудиме. Во ФМЌ цело време пишувате како ви е досадно што сте правеле и толку, никој не се надоврзува на муабетот, нема хармонија. Не секој искача и 40ката излегува за викенди па пак имаат хармонија во темата. Патем четот не се гледа од телефон.
Абе Бубаче оти не се надоврзеш на некој од тие есеите? Колку пати сме пишале за чистење, за ручек, за кафе, за мафе, за кондоми, за штикли, за кабли, за работа, за свадби, за се и сешто, па никаде не си се надоврзала? Не било само вчера и претходно било. Тоа го земав како пример. Си пробала да развиеш дискусија во фмќ? На некоја тема што тебе ти одговара? Ако бараме 20ка, дај и школарциве да отворат тема. Плус не може сите теми да наликуваат една на друга ко јајце на јајце. Шо ќе биде копи пејст? 40ката си пишуваат така, фмќ си пишува така. Ако не ти одговара фмќ пишувај во 40ката.
Последниот пат кога се водеше солидна дискусија од 5 страни каде имаше хармонија смеа се јавија членови кои се пожалија дека немало простор, не сме оставале простор за другите. Изгледа повеќе сакате реферати. Ок вие си знаете, кој разбрал разбрал кој не ќе продолжува да објаснува.
Епа не не бива за муабети... Ами мислиш нова тема ако се отвори нешто ќе се смени? Не, исто ќе си биде. Истите луѓе се и секаде исто би пишувале... Секој си тера своја политика. Јас мислам фмќ да се затвори нема никој да примети.
Јас мислам дека листа не ни треба да биде објавена кој каде е задолжен. Мислам дека секој модератор може да интервенира во било која тема доколку тој што стварно ја надгледува таа тема не е присутен. Ем матурант ем со брада