Кога ќе има конкурс за тоа. Скоро избраа нови модератори, така да во блиска иднина мислам дека ќе нема конкурс.
Кој е модератор на подфорумот за Туризам и Патувања? Гледам дека скоро ништо не се пишува таму, а би можел да ви се понудам (да модерирам таму) и да помогнам за да се развие поголема дискусија и темите да се подработат...
Малку повеќе за тој конкурс ако може? Отприлика знам како би се работело, бидејќи сум модератор на друг форум (странски) и конкретно за туризам сум таму. Ме интересира дали има некои критериуми за избор на нов модератор и ако има кој ви се тие. Сепак, секој форум различно функционира.
Не би знаела да кажам. Знам дека последно 2017 имало избор. Ќе ги тагнам @Dust и @cresa-jagoda сигурно имаат повеќе информации. Инаку на Патувања и Одмори модератор е Ketchup
Нема во скоро време да има .. плус и многу кратко си тука за модератор. Модератор таму е @Ketchup како што кажа ИМ. .... @Ма.нев Слободно пишувај си во патувања. Не мора да си модератор за да помогнеш да се развие дискусија.
Јас со 100% не можам да ветам дека ќе обработувам, како што за се во животот велам, мора да се остави мал процент за тие најлошите работи што би можеле да се случат, било каде и за било што. Затоа и не давам секогаш 100% ефикасност, бидејќи на секој би му се испуштило нешто, дури и на најдобриот. Можам само да ветам дека ќе го дадам максимумот од мене и темата/подфорумот да оди што е можно подобро. Водам големи фб групи и подфоруми во други форуми и запознаен сум како би функционирало, па затоа и си видов шанса да се понудам и тука да помогнам. За мене знам дека нема никаква придобивка (ни плата), свесен сум за тоа и би работел само од љубов.
Темите за одмор и патувања се супер активни пред и за време на сезоните. Доколку некој има идеја за дискусија, слободно може да отвори нова тема, дококлку таква веќе не постои.
Гледам дека за мене се зборело погоре. Од општо сите форуми, член сум на Фемина, еден српски и еден хрватски форум. Таму сум по име и презиме потпишан и затоа не можам да ви кажам кои форуми се. А ако мислите ти и другите две членки погоре што те подржуваат дека сум тој што го пишавте, докажете и ќе ве наградам.
Да не ти барам по мислењата Те молам, ако направиш 4-ти профил, пак пиши за алката Пандора, тоа ни е hint