Ти девојко имаш некои комплекси што постојано нешто измислуваш. Јас немам. Од кај ги вадиш овие чуда што ги пишуваш? Втор пат ти е ова да пишуваш за мене нешто што врска си нема. Не ги лечи фрустрациите на форумов. Не сум јас должна да ме клеветиш мене заради твои проблеми и изобилство на негативна енергија.
По толку двоумење, се одлучив и покрај сè да се пријавам и јас. Најпрвин од почит кон тие луѓенца што ме посочија тука и низ муабет (Скај и Џоли, ви благодарам уште еднаш, а на и другите што ми сугерираа а не беше тоа јавно, си знаат ), а и со цел да допринесам во дел од работата околу средувањето на форумот. Признавам дека се знаам со многумина на социјалните мрежи, има и доста постари и можеби повеќе потковани членови што ќе се пријават и во овие категории, но затоа се пријавив за три категории кадешто нема многу жестоки дискусии во кои учествуваат конфликтни членки и кадешто не би имало баш многу ситуации за кои би требало да се биде толку строго непристрасен. Па ете, што сака нека биде! Спојлер @Ketchup, заедно сме посилни другарчеее!
Ajdeeee srekjno. I od mene imate poddrska Spec I Kekic ♡♡ Bender I Fenix ♡♡ Mene klajteme vo kanta za I od tamu da brisam nekoi temi xD Da bese porano barem ova,vo vremeto koa spiev na femina ke se prijavev ama sega...vetuvam propast samo, tako da ne se prujavuvam I ne me prijavuvajte...poso ako e za propast - si ima tuka naglo ...I tako to.
HUNK не викаше девојчиња на кафе , не викаше на собири не правеше за истите прекршувања(реклами) , не навреди никој , немаше 1000 офтоп. Ти си најспособна мислам за нодератор @buba4e89 ќе те разочарам , нема да ја имаш таа чест да ме видиш никад модератор
Не Петра, Хунк (освен тоа што ширеше омраза по теми ко никој друг) само имаше два профили од којшто од еден се закануваше на чет на девојка којзнае колку помлада од него (на мене лично) дека ќе ми дојде на факс да се „пресметаме“, викаше дека ќе ми хакне инстаграм, и од овој профил пишувал лп и барал фб адреси од други членови. Само тоа направил, да. Знам дека е офтопик, но сакам да знаат сите што се случи со тој член оти коса ми се крева кога некој сè уште го брани, поголема негатива немам видено на форумот.
Вистината е ваква. Јас само кажав дека ако HUNK беше баниран заради прекршување на правилата, зошто тогаш не се банирани и другите кои ги прекршиле? Јас барам рамноправност. Да бидеме фер. А не за едни мајка а за други маќеа. Второ, гореспоменатиот не се заканувал на никој, туку на него му се закануваа дека некој ќе направи 1000 акаунти за да го банираат. И не, тој не барал никакви акаунти, не се заканувал со хакерски напади, туку се работеше за уцена од друг врз него. Знам јас. Само не спомнувам јавно. Затоа не се силете многу и не измислувајте.
@okcenzi Фала ти за предлогот мила,ама ни сакам да бидам модератор ни па имам време за тоа,од проста причина што само доцна навечер се уклучувам,а некогаш се случува и да ме нема со месеци,а замисли 5 години сум на форумов Ќе си признаам де,многу сум пристрасна посебно во религија така да кога би постоел и онај најмал процент да бидам модератор пуфки би летале од сите кои плукаат по Православие Ете гледаш,јавно си кажав и нема да сум никогаш модератор Друго што сакав да кажам,кој и да биде се знае дека ќе си има миленици на кои ќе им прогледува за се низ прсти. Ако барате да се има правда,нема правда,запомнете го тоа. За религија ги предложувам @Bulgarian @Orthophill @Bitter-Sweet @Petra777 @agios @Serafima @korisnichka
Заради ова јас се пријавив, заради правда. Сите мислат дека јас веднаш ќе банирам некого или ќе бришам мислења. НЕ! И во пораката на @Femina отворено пишав дека има членови кои ги сакам повеќе и кои ги сакам помалку, тоа не го кријам, ама како што ги почитувам Божјите заповеди така ги почитувам и правилата овде. Јас сум искрена, реална и борец за правда. И си знам јас колку и како можам да допринесам за форумов. Не ми е целта да ги банирам сите што ми сметаат, туку да престане овој хаос.
@Bitter-Sweet знам дека можеш и дека ќе успееш ( јас повеќето и за мене си кажав) ама па и од друга страна гледаш како сите се /сме "поделени на кланови" и не се сомневам дека новите што ќе бидат модератори потајно едвај чекаат да ги "распнат" своите неистомисленици Ама ај да не генерализирам де,чест на исклучоците
@Rama фала за поддршката. Сепак од злобници што ме клеветат тешко... којзнае зошто од белото прават црно. Мене не ми зависи баш ништо од улогата модератор, само сакам да биде форумот добар и толку. Кој и да биде, со среќа нека му е, само да биде фер и неутрален.
Мене искрено страв ме фаќа од ова ПОВЕЌЕ сакани и ПОМАЛКУ сакани личности... Колку и да се трудиш не може да бидеш рамнодушен ако некој ти е ПОМАЛКУ сакан. Ќе му бришеш мислења, ќе ги браниш саканите членови... Не може бре партал си се правел по другите теми, и одеднаш го гледаш модератор станал. Не зборувам за некој конкретен член, туку ОПШТО за сите пријавени кажувам. Овој избор требало да се случи пред 1000 год кога се формирал форумот, а сега веќе сите си се знаеме какви сме. Се надевам идните модератори нема да ја злоупотребуваат новата функција, а пред се очекувам сегашниот тим убаво да размисли кого ќе постави за модератор. Кога ќе размислиш воопшто не е битен бројот на мислења, колку што е битно колку е сакан членот на форумот. Што помалку кавги имал, тоа подобро.
Ако не јас да се пријавам, не сум се карала со никој, жими мене. Потребен беше избор дефинитивно. Се надевам ќе се направи правилниот избор и конечно форумов ќе се среди.
Ееј! Ајмо и овде предизборна кампања - локуми, наполитанки, ветувања за банови... Ко риба од овие води, немојте никако, ама никако во религија или политика да кажувате дали и за што/кого сте (иако може веќе е доцна, али ок) пошто после и за најмалата ситница ќе си земат за право да се вадат за своите недолични коментари со вашата (не)определеност. И општо, ако се сконтрате (макар и најсмирено и со факти) со некој што не се сложува со вас, ќе ви се вади дека му се понашате надмено ради функцијата (мислиш министерска е). Затоа бидете спремни да модифицирате речник оти не можам да замислам како е расправија со илјадници жени во менопауза, тинејџерство, пмс, нем'ебаледенес, итн. И спремете се за многу плачки и закани... иако никогаш не сфатив што закани се на нет. Демек ќе ми најде слика што и онака ја имам објавено или па документи дека имам вонбрачно дете во ДР Конго. Сречно. Брзо минува првичната еуфорија. И никако славата во глава. Гледам @baba Rada плати бара. За тебе бабе, на Кајгана и ЦрноБело да се добиваа пари за секој твој избришан или досреден пост, ќе бевме милионери на Сејшелски острови негде сите, сосе потесна фамилија. Ве има така некои ликови чисто од инает што се контрате, цитирате без врска колку да се трупаат мислења и да одземате време на луѓе кои доброволно се нафатиле да допринесат едно виртуелно катче да е попријатно. Модератор инаку не може да банира, ама затоа подеднакво ефективно е да додели 10+ казнени (не одеднаш, нека идат ко 3 warning strikes, да се даде шанса за оправање) на неопределено, што му иде мање-више исто. Секако, ова не важи за ботови и нова раја што одма праќа недолична содржина. За нив може одма златно, казнено 50че за навек. Шшш, не сум ви кажала.
Бреееј, гледам дека сум била означувана, а темава некако непозната. Сериозно, за еден ден успеавте да се искарате и тука? Како и да е, ќе мора малку да си ги смирите страстите, многу е наелектризиран форумов во последно време. Џабе и модератори и се', ако самите малку не почнете да се контролирате и да се чувствувате помалку навредени и повредени од луѓе кои не ги ни знаете, а тврдите дека не ве допираат. Ако сакате издувен вентил, постои темата Испукајте се, па може таму да се олесните. Ако и тоа ви е малку, навистина отворете тема за карање меѓу "клановите" и културно, без навреди, лично препукувајте се. Вака, која тема и да ја отворам - секаде на расправии наидувам. Патем, ќе размислам дали да се пријавам и за која категорија. Најчесто ги следам Кафе муабетите, па ќе видиме...
Мене можат душо, постови да ми бришат, се ќе отиде во ветар и заборав АМА прљавштината на тојот јазик и тие што ти лајкнуваат НЕМОЖЕ никој жив на планетава да ви ги избрише...од такви како тебе пати светот и пропаѓа форумот....АЛАПАЧИ
Прво да ви се заблагодарам за поддршката и довербата на сите! ♡♡♡ Јас се пријавив за Политика, Религија и Врски... Океј, не. Шала. Се пријавив на полабави категории каде нема многу вжештени дискусии и расправии. Се сложувам со одредени членки дека најдобар за Религија е Бендер. Додуша он за било која категорија е добар. Се гледа дека е паметен и секогаш гледа на работите од сечиј аспект. Иначе на секоја категорија ќе има по два -три модератори(најверојатно), така да не се секирајте дека ќе пропадне форумов од одредени членови доколку ги изберат. @Lady Phoenix, @Someonespecial, @Sky-butterfly, @LivingGlam, @Lella, @crimson и уште некои сметам дека се доволно добри за оваа функција.