Не може*. Време е да се научиме да пишуваме. Секако, а ако си активна и за празници имаш бонус. Не лажи, знаеме што ќе правиш. Ова упикување пред избор нема да ти помине. Твоите мислења за тоа кој е кој, кој е крив кој прав доволно кажуваат. Јас не би рекол дека ти се плашат, туку дека ќе се нервираат заради неправдите кои ќе ги правиш.
@ivory се скинав од лажење и упикување, знаеш... се само за улогата на модератор бидејќи, знаеш, јас немам попаметни работи од тоа да се занимавам со недоделкани луѓе овде.
Браво за изборот. Кој и да биде модератор, нека е со среќа..... Туку не ми е јасно како успевате откако е отворена темава да се вреќате и препукувате , срамота бе луѓе......што мислите дека со тоа ке постигнете.......... Убав ден
Лооол 5 страни се карате. Тепачка кој да биде модератор, осуда кој бил кој не бил способен. Ако се гледа за така тогаш сите сме способни, сите се карате. @Bitter-Sweet воопшто не ти беше соодветно сопственото мислење во ФМЌ бидејќи беше на шала кажано. Ако ти бидеш модератор тогаш ќе немаме никакво право да го спомнеме зборот "клан". Плус тој што ќе биде модератор не смее да пишува навредливи мислења. Зборот "недоделкани" ти е навреда кон членката. Ти треба да им помогнеш да се вклопат,а не да ги навредуваш со такви изрази. Отпуштете се. Се и сешто ќе прочитам. Барем едно убаво мислење да имаше на темава.
@buba4e89 во секоја шала има пола вистина. Еве, како разумен човек се повлекувам од понатамошни дискусии на оваа тема. Доволно е кој сака да се пријави и на крај ако има гласање, да гласаме (а најверојатно ќе има). Друго се е непотребен вишок.
Не, таман работа. Ајде биди поздравена и фала на забелешка, прифаќам јас и критики, само да се реални а не клевета...
Па јас не те клеветам, ти се обрати со несоодветни зборови кон други членки,а сакаш да бидеш модератор. Си пишува во правилата дека не смеете навредливи содржини. Таму нема миленици,злобници треба да си еднаква кон сите. Поздрав и до тебе.
Не кажав јас дека ти ме клеветиш, туку другите што пред тебе ме спомнаа. Тоа што тие го кажаа не е точно, а твоето е критика и ја прифаќам. Тоа за еднаквоста и јас го кажувам цело време. А јас не навредувам никој, не му ставам некажани зборови во уста, не напаѓам и не провоцирам, не спомнувам јас кланови. Макар и шала да е, глупо и детски звучи. Деца со такви изрази треба овде правила да водат?
Ако веруваш одма помислив на тебе и на @vitamina кога реков со никој не сте се расправале... Стврно размислете и вие две за пријавување. Јас од вас немам прочитано лош збор, навреда или закана.
Жени.. си ископавте очи Не ви е срам? Браво! Некои членови тука ги мислев за поинакви, ама колку валкани работи излегуваат на површина од еден обичен муабет пишан тука.. Мислам дека џабе ви е темава, која што прво и основно не ни беше поставена за да се номинираат модератори, туку повеќе како известување за оние што САКААТ да се пријават.. Аман веќе, никаде нема слога, па и тука направивте да нема... Ми се згади!
Абеее па и тиии , ц ц ц ! Прај се таму едвај сме те убедиле (некои си таму) , земи пола на фб адни , еве ја мој ти давам. Пишувај колку сум злобна , полна со омраза, да се пазат од мене, на сите со мила,душо , срце обраќај се... Вака "со крст на чело" како што викаат, форумски идол не се станува, а уште помалце модератор. Не се пристрасни, не, не ич ! Толку од мене на темава. Реков клуч треба.