Здраво, доколку има ваква тема преместете ме. Би сакала совет- имам дете од 1 год. и 3 мес. во фаза на проодување е, има крупен раст, крупно стапало со висок рис. Одприлика 14 цм стапало. Совет, искуства какви чизмички да му купам и од каде?
За дете во фаза на проодување подобар избор е патики. Можеш да видиш во спортските продавници или кеги шус.
Најк ранер стар 2 и револуш 5 како модели се одлични. За синко тие ги земам зависи кој број има и која боја на попуст на 3 месеци ги менувам за поголем број. И дауншифтер би требало да се добри. За број премери убаво 1 цм треба да се поголеми.
Јас сум задоволна од Когел чзмичките. Шетаме надвор сега во патики и мене ми е ладно. Супер ми изгледаат лесни, се виткаат.
Ако сеуште е во фаза на проодување, и не е убаво проодено тогаш треба нешто што нема дебел ѓон (надвор нема да гази секако). Нешто вакво: Бебешки зимски патики со лепенки - Унте (k-k.mk) (овие немаат воопшто ѓон на средина за да се виткаат) или од тие патичињата што се без ѓон (има од сите брендови такви бебешки патики). Ако е добро проодено ќе треба со него да одите и да видиш што му одговара на стапалото. На секое дете различен модел ќе му „легне“. Мојот на пример Најк не можеше да смисли. Има поширока нога а Најк моделите се потесни па како помал плачеше ако му пробавме Најк во продавница. Порасна со Адидас Ортолајт моделите и Саломон за лето (тие се најширочки). Тек лани (на неогви 5 години) купивме едни Најк и годинава едни Рибок. Некои брендови имаат и влошка што се вади со која се проценува кое бројче треба да се купи (пр овие Адидас ортолајт се такви). Чизмички му купувавме од К&К зашто исто беа пошироки или од баш зимските чизми што се со Горотекс му купувавме (прават година имаше Лото зашто исто беа широки како модел).
Тие што имате претстава со мерките, во некоја тема ве читав ама не можам да најдам сега. Сега му го измерив стапалото ама ме седеше мирен и околу 13цм измерив. Која бројка на патики/чизмички одговара? Се збунив оти сега ги има nike jordan, 24ка се и на нив пишува 11цм. а вака кога ги носи мислам таман му се, додуша кнап ама не промашив 2цм. во мерењето сигурно Како што знам 11цм. што пишува на етикетата е должината на стапалото?
Извади ја влошката од патиките и измери со неа дали му се точни. А за мерење на стапало, некогаш им го цртам на лист хартија и така мерам.
Јас 3 пати мерам 1 сечам . Еднаш директ на стапало, еднаш со влошка и еднаш со цртање на лист. Најк стар ранер имам 23,5 број, на нив вика 13цм, а влошката е 15цм. На малава ноџето и е 13,5 цм и овие мене ми личат големки, а најверојатно не се. Не знам зошто џорданките би имале толкава разлика.
Сега се испомешав Џорданките 11 цм. што пишува изгледа тоа е за должина на стапалото оти вчера ја измерив влошката и е 13,5цм. Ама па бројчето е 24 Мислев накај 18месеци се носи 24, што значи сега треба 25-26 да му купам? Стапалото му е 13 сигурно.
Тоа ме збуни 24 број дека се, ваљда тој модел така им оди. Ако земаш најк гледај ги цм, ако вика 13цм толку треба да е стапалцето, а влошката ќе си е повеќе. За другите не знам. Еве имам едни стар ранер бр 25 на нив вика 14цм, 26 ќе се големи сигурно.
предлог за потенки полесни топлинки 22 бројче, се поти многу во класичните топлинка, а мора за во градинка
Му купив сандали на синко, ептен убави ама 5 мин. одеше со нив и му направиле раничка одпозади над петата. Чаре или да ги враќам додека е со време? Се изненадив инаку ептен убави се, на geox. Сто пати ја мерев не му се мали.
Не знам дали имаш проблеми со ранички од обувки, ама поболно од тоа и од уво за мене нема. Враќај ги додека е време. Сигурно се кожни и како олово тешко. А на око модерни. Имаш две опции за добри сандали за на нога, тоа ти се ипанема и најк кај нас.
Не се воопшто тешки затоа и ме зачуди, баш и затоа бирав некои лесни гумени. Утре ги враќам. Со душа ги чекав да стасат
Вакви отворени напред за мали деца до три години не. Само затворени кај прстите, оти ќе му лизга нанапред ногата, и ќе се сопнува оти предниот дел може и да се свитка.