Леле добро што ми кажа, јас пак намерно барав отворени напред за да не му се полнат песок кога си игра надвор
Ипанема сандалките се најдобра опција, моиве пораснаа со нив, секаде ги носеа. Затворени напред, ама со дупки, назад отворени. Меки се, не поти ногата оти не е класична лизгава гума. И лесно се одржуваат и чистат. Конкретно ваков модел Малку ограничуваат ако сакаш да го дотераш, ама па за тоа и патики не се проблем.
Како што ти кажала Анат, истиве ги земам и јас. Откако прооди најк патики одредени модели и сандаливе во која боја ги начекам на попуст. Ова позади воопшто не е меко, дебело е доста и верувам не е удобно.
Само јас изгледа не сум задоволна од Ипанема Лани ги пробувавме нив, многу бев загреана јас, ама немаше боја шо ми се свиѓа и маж ми го бендисаа едни други фирмата е мислам Cartago, исто на монд ги има...подебели им беа ремчињата и некако бар на син ми поубаво му стоеја на зглобот, додека ремчето на ипанемата го сечеше...ги зедовме тегет за да му одговараат на се, абе од средина на мај до средина на септември не ги слече...на пат, во трева, на плажа, на море, за специјални прилики, абе за се ги носеше...навечер ги миев со сунгерче и сјај до сабајлето како нови...а само што ги купивме едната ни падна во река и замина со неа, зет ми скокна по сандалата ама му замина...маж после со рибарски чизми ја бараше по цела река и ја најде е толку ни беа сакани сандалите минус им е само што немаат штосни дизајни, мислам само 3 или 4 бои беа...годинава највероватно исти ќе земам пак
Не мора да се Ипанема, ама барем сличен модел, лесни, и затворени напред. Моиве со Ипанема пораснаа, им се погодија, секако дека не се сите деца исти.
Да да дефинитивно затворени и гумени, ама јас лани се залетав без пробување да порачувам Ипанема и ќе се зафркнев...барем тоа е моето искуство... Еве ги нашите
Дали некој ги има патикиве? Како ви изгледа ѓонот? Син ми е прооден во јуни на 14 месеци, дали се соодветни за скоро проодено дете?
Било какви да земеш само да се флексибилни да се виткаат. Ние сме задоволни од Најк искрено толку се лесни и флексибилни што не сакаше тие од кеги веќе да ги носи. Без врвки се како ластик имаат горе кај јазикот и во секакви бои ги имаш. Али пред се гледај на лице место да се флексибилни.
Не се. За скоро проодено дете гледај да е мрежа напред. Најк танјун, ранер стар, дауншифтер и револушн. Вака изгледаат
Никако. Тешки, не се виктаат. Само за мода се. Оди во продавница и спореди, сама ке видиш разлика помеѓу овие не толку модерни и аир максот.
Дали имате користено од овие обувки Marko's? Пишува кожни, е сега каков е ѓонот? За проодување дали се добри? Или баш проодено дете. Барам некој предлог за оваа зима. Чизми не ми се купуваат. Во јануари ќе полни година, па сигурно во снег не би одела, бар оваа зима.
Ние на лето ги користиме само овој модел. Лесни се, се виткаат, ги переш во машина нема да мрднат, и за 1 сат се суви. Во последно ги нема ни Мк ни Германија овој модел, ги продаваат залихите кои им се останати.
На хартија го цртам стапалото и мерам најголемата должина на двете стапала. Не мора да значи дека пета и палец е најголемата, може да биде и со друг прст.
Како се со број патиките на Адидас/Најк? За Адидас најдов некоја табела https://www.adidas.com/us/help/size_charts/kids-shoes Се надевам точна е ама ме буни, според см на ногата ќерка носи 20ка на Кеги. Овде испаѓа 23ка дека треба да земам. Некако многу ми доаѓа разлика.
На Кеги центиметрите се должина на влошката, а на Адидас се должина на стапало. Значи за Адидас мериш стапалото и гледаш за кој број одговара. Влошката ќе биде поголема. Затоа ти испаѓа толкава разлика во бројките.
Женски, малку помош околу детски патики. Дали се добри од Интерспорт да нарачам преку интернет? Конкретно Адидас или енерџи? Мислам така се викаше... Совет?