1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Известувања за нови колекции, попусти, распродажби, промоции

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 25 октомври 2010.

  1. BBojana

    BBojana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    5
    Ај ако знае некој нека пише кога е предновогодишниот опуст во Манго? Би требало декември ама ако знае некој подетално датум нека пише ;)
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Манго секогаш има попуст дента после Божиќ, не се сеќавам да имало некогаш пред или ако имало било нешто минимално и не на цела колекција.
     
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    http://sakampopust.mk/

    Се наоѓа по нешто интересно :) Само треба да се испечати купонот, не се купува онлајн.
     
    На Dushica-sk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.039
    Допаѓања:
    1.092
    Пол:
    Женски
    Уште никој нема видено во Avanti која цена се чевлите? :?:

    мислам на овие[​IMG]
     
  5. Kasandra123

    Kasandra123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2011
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    22
    Сакам да ве прашам дали знае некој како се движат цените на поголемите ташни за машки во Аdidas,Nike ?
     
  6. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Јас бев пред некој ден, салноките беа 1200-1350, а овие на плута беа околу 1500 :)
     
  7. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    1.083
    Јас имам од Аванти едни салонки, ама на апла попустот летоска за 400 ги собрав, многу ми се убави. Ама 2-3 пати ги имам облечено, уште стојат ко нови, не знам да кажам дали ќе се распаднат. :D


    btw Викторијас Сикрет јас ко што гледам цените се ужасии на фб што се пишани, тоа не е ни блиску до оригиналните цени во Америка. Затоа се мислам дали да чекам овде да видам што ќе има, а нешто ми кажува дека полупразно ќе е и безвезни ствари ќе се... Или да си порачам од нет.
     
  8. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Се сомневам!
    Прво АУТЛЕТ колекции се, второ по неколкуве слики овие цени немаат благе везе со аутлет.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Инаку во Њујоркер на попуст е речиси цела колекција. Има фини нешта, ретко сеа се ноѓаат џемперчиња на попуст, тука има. И јакнички и палта има на попуст. И дел од чизми и штикли. И чантите исто. И фунстанчиња.
     
  9. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    А колку се квалитетни реално? Во Америка воопшто не се ставаат во листи на квалитетна долна облека.
    И плус зашто за гаќи да давам 600 денари, кога истите на страната се по 3 долари.
    Они плаќаат 150 денари, а јас на аутлет 600?
    Не фала!
    Ако одбирам квалитет ќе купам Лиска реално.
    Викторија Сикрет има најјаки шоуа, најјаки модели, одличен маркетинг.
    Но не плени со квалитет а и затоа не ни имаат изгор цени.
    Но нас ќе не изгорат...


    Инаку слични ко овие од Аванти имате и во ГТЦ во она Шантел ли како и да се вика, близу до Кино Милениум, не карши киното, туку доаѓа 15ти метри пред него. До Bella ;) Слични со отворено кругченце напред.
    А за кај има АВанти ви пишува на ФБ страната во инфо кај им се продавниците.
     
  10. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.685
    Допаѓања:
    5.450
    Пол:
    Женски
    Многу сум задоволна од маскарата на мејбалајн заедно со сјајче исто од оваа фирма, што иде во акција во космо тинекс. Сјајчето е прекрасно, убав мирис, густина, трае, и некако ко да ја оформува и заоблува устата. Ви препорачувам да си го земете комплетов, до утре трае акцијата. Цената е 370.
     
  11. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    A kaде ќе се отвори Викторијас? Ко што гледам изгор цените,како и што се очекува во нашата напатена земја.Уф,уф ајде ќе се носат ќесенца со Викторијас,бре најнова мода ќе биде уште сеа замислувам како цел ГТЦ ќе се ишара со девојки розеви ќесенца :D
    А за квалитетни квалитетни се,јас имам нарачано и ми имаат донесено конкретно градници,гаќички и пижами и се сон,ги пазам да не ги носам често,греотка ми е од што се преубави :lol: Во право е Росонерка за цените за аутлет,мислам катастрофа.
    Кога веќе ја спомнавте Лиска,и она не е тоа што беше.Ги надувале цените уште толку,а градниците кои порано ми траеа долго сега ми се скоро исти ко НББ.Баш пред некој месец кога гледав долен веш за свадбата,влезе една жена во лиска изреволтирана,зошто со години наназад купувала таков тип градник кој и траел долго а сега со едно перење искочила жичката.Продавачката рече дека се смениле други газди па името е тоа,а квалитетот може малку сменет.Иксрено се изненадив кога го чув ова од лице вработено таму.Исто ко Пеко кој на времето стварно беше бренд,само од таму купував чизички за снег кој и ден денес ми се здрави,за 50-60 евра,а онојпат влегов внатре чизмите беа по 7500 и 9500 мизерија! Знам дека ги увезуваат од Италија остана само името пеко.
    Ете јас забегав од темава.

    Ако барате убави панталони за на работа има во Калиопе по 1300.Ч
    изми на Баргала има во Буњаковец по фабричка цена-4000-5000.Кожата им е многу поубава од Биана,купив и задоволна сум.Има и убави чевли по 1700 ден исто на Баргала.Има и броеви,конкретно носам 38 од скоро секој модел имаше,а во фабриката во штип не се мачете попусто има само 35 и 36 број и на 2,3 модела 37.
     
  12. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Дали има попусти на машки блузи, џемпери што и да е по фирмираниве продавници? Ако има, кажете ми каде зошто во Теранова кога гледав беа нормални цените 800,900 денари, а јас прашувам за околу 600,700. Во Калиопе како се движат цените, одамна не сум била? И за OBJ ме интересира.
     
  13. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    За Калиопе не знам, но во OBJ бев минатата недела и скоро сите џемпери беа по 990 (џемпери - без копчиња, не кардигани) :)
     
  14. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.643
    Допаѓања:
    6.470
    Јас само да ви кажам дека во Калиопе можете да најдете многу фини и модерни работи по сосем пристапни цени. Јас си земав убави сомотски панталони за 1200 и нешто, маичка со средна дебелина 1000ка и пелерина исто 1000ка, а многу беше мека и дебела исто. :) Е сега пелеринава и панталониве беа малку збутани, ќе треба да ги побарате убаво за да ги најдете. :)
     
  15. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Во Еликсир за купени 3 производи есенс, даваат крема за лице

    [​IMG]
     
  16. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Веројатно веќе знаете :P , ама имаше многу што прашуваа за попусти во Скопје... Вчера видов дека веќе има попусти до 50% во Калиопе и Теранова.
     
  17. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Девојки можеби ова на некој ќе му посложи, можеби и не ама јас да кажам :)
    Барам периодов марами и се некои астрономски цени, од 800-900 и искрено не давам толку за марама.
    И пред некој ден на зелен пазар поминав, на почетокот има убави марами , беа од 200 намалени на 100.
    Бонус совет: Малку подоле и имате Јасмин-Чичек ролки . Беа на времето Шехерезад :lol:
     
  18. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.906
    Допаѓања:
    4.539
    Има попуст во Аванти?
     
  19. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    На фб на групата на бата :

    Bata Shoes Macedonia
    Време е за шопинг! Попуст до 30% на одредени артикли.
     
  20. jessica24

    jessica24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    34
    Мислам дека имаше неколку феминки што прашуваа за производи на римел

    од фб страната на космо
    Повторно ве очекува ново изненадување единствено во Cosmo дрогериите - нова колекција на шминки од колекцијата на Rimel! Сега може да ги набавите производите кои вам најмногу ви се допаѓаат :) Се гледаме во Cosmo!
     

    Прикачени фајлови: