Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Известувања за нови колекции, попусти, распродажби, промоции

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 25 октомври 2010.

  1. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Јас бев денес во Пренди на Југодрво, не знам дали се разграбало се уште од сабајле, али јас кога отидов таму а тоа беше накај 3 и пол имаше претерана гужва, ужасен мирис, пола Шутка дошла таму да пазари при цел пазар под гз, нејсе не најдов ништо што ми се допадна. :|
    Земав само пижами и ко наметка нешто, тенка, за сезонава. Слабо избор.
     
  2. ivancekitty

    ivancekitty Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    6.539
    Дали може некоја девојка од Велес да ми каже како се движат цените на нови модели штикли во Велес ..поз :D
     
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Ај и јас за Пренди ја пратив мајка ми денес после работа да испита терен, не била задоволна ич, само пижами едни земала сиви, ептен колку да не биде празна :rofl:
    Али гужва било, тепачка.
    Среќа преблиску ми е :)
    Јас да кажам какви убавки работи има во Џордан ептен бои пролет/лето 2012, најхит.
    Не видов цени, само онака флеш поглед мавнав денес, и ми останаа во очи колоритните фустани,сакоа, маички.
    И ташни видов, ула ла 8)
     
  4. Dpokahontas

    Dpokahontas Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Женски
    Дали имате некаде забележано кратки пантолони, како овие на сликите? :)
     

    Прикачени фајлови:

  5. Iva.T

    Iva.T Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    1.101
    А кај се наоѓа тоа Бебел, исто така евтино е ? :P
     
  6. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    ^ Да, ефтино е со оглед на тоа што робата што ја продаваат е поквалитетна и брендирана (не дека е некој јак бренд али ај) како на пример Bershka, Stradivarius, H&M, Zara, Mango, Pull & Bear... Таа е всушност онаа истата продавница што пред 2-3 месеца беше Мана, а сега има друго име. Се наоѓа спроти Универзална Сала, до аптеката Бета Медика. Еве ги и на ФБ: Bebel Fashion (Поранешна Мана - Универзална)
     
    На Iva.T му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    2.053
    Пол:
    Женски
    Прекрасна вест! Zara, Pull&Bear, Bershka, Stradivarius, Massimo Duty и... Starbucks :D во новиот трговски центар во Карпош 4. Од септември конечно ќе имаме врвни местенца за кафица и шопинг 8)

    Извор
     
    На ivancekitty, anabel-a, plawa и 2 други им се допаѓа ова.
  8. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159

    Да не се радуваме премногу. Знаеме какви ќе бидат цените :lol:
     
    На TS-310, t.i.n.k.e.r.b.e.l.l, femina90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Anciii

    Anciii Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Ахаха баш така....цени само за шопинг.
     
  10. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Цените ќе бидат исти,бидејќи тоа се ланци кај кој цените не може да варираат.
    Евентуално евро до две.
    Цените кои ги гледате на нивните веб-страни се тие,па била продавницата во Македонија,Грција или Малезија. :)
    Е сеа дали тие цени им одговараат на џебот на македонците,тоа е више друго прашање.

    Јас баш се израдував на продавничкиве.Конечно асален шопинг во Скопје.
    Иначе освен споменатите фирми најверојатно ќе биде и H&М,a oд поскапите и Guess,Gap...
    Чув нешто и за Sephora,што значи ќе имаме и нови фирми на козметика.

    Абе...едвај чекам септември! :D
     
    На LilBaby, ivancekitty, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Грешка си Мисс баш кажав во друга тема, се разликуваат цените.
    Пример повеќево брендови се шпански, во Шпанија е преефтино да купуваш, матична земја.
    Х&М е најефтин во Шведска. Инаку ако го донесат може догодина, бидејки Х&М си имаат годишни планови, ние не сме во планот за 2012. А можеби нема ни во 2013.
    Во земјите од ЕУ цените се поефтини на овие брендови бидејки царините и давачките се многу мали, дури за некои производи воопшто не се плаќа, има олеснување, бидејки се смета дека не ни поминуваат граници на некој начин, една држава си е Европска унија.
    Србија, Македонија, Албанија и други земји што не се во ЕУ имаат поголеми давачки, поголеми царини и поскапи цени на брендови.

    А и самите цени во Еу се разликуваат. Зависи стандард, зависи кој е увозник на брендовите, бидејки секогаш има групација во секоја држава која увезува ги регулира цените. Тие не лупаат цени без врска. но ги оправдуваат тие цени поради големите давачки.
     
    На eleni23 и TS-310 им се допаѓа ова.
  12. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Леле ако е така овие нашиве ќе му ги лупнат максимум цените :D
    Јас имам купувано низ повеќе земји во продавнициве,и цените биле приближно исти.
    Посебно на екскурзија во средно кога бев,споредувавме и цените на исти парчиња Бершка и Страдивариус во Србија и во Италија беа исти,па идев по таа логика.Или па на пример кај нас у Манго и во Грција во Манго,се исти цените (кога не се попусти).
    Ама чим им се дава слобода на нашиве,ондак ќе биде крш.

    Уфф,се надевам само дека ќе бидат исти и дека нема да има потреба више од шопинг во Солун :wasntme:
    А што ќе ми биде мило ,ако во Бешка/страдивариус бидат истите цени,ради овие у Евроазија што ги пумпаат цениве,тоа е друга работа.
    Да ги видам дали тогаш ќе лупаат цени поскапи него ли кога било парчето нова колекција,што е некаде :?: ...па пред 3 годнини.
    Лопови едни! :lol:
     
    На TS-310 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Јас имам забележано разлики од 500 па и 1000 денари.
    И јас очекувам цените да бидат троа ненормални како и секогаш, а Евроазија веројатно и нема веќе да постои или барем не со таа роба, така и им треба после таков грабеж.
     
    На Hipster и rossonerka им се допаѓа ова.
  14. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.054
    Допаѓања:
    5.085
    Одлично!
    Само се надевам дека нема да биде иста приказна со tally weijl. Од нова колекција да носат по 4-5 парчиња со ненормална цена и истите да ги држат со години додека не се потрошат
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    116
    Не се согласувам дека цените ќе бидат исти во МК како низ ЕУ. На пример цените на облека од Манго во Скопје споредено со Солун или Виена се повисоки барем за 5-10%. А за попустите да не зборуваме... Не може да се спореди, кога има попуст тоа е прав попуст без маркетинг трикови и вадење облека од пред 5 сезони... Ама во секој случај е добро што ќе ги донесат Индитекс, барем нема да им ги полниме џебовите на грците за шопинг...
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ivancekitty

    ivancekitty Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    6.539
    а ова Индитекс продавница за што е :)
     
  17. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    НЕ се исти цените и тука и надвор, варираат..ако се ланци во секој случај има голема разлика
    Јас кога бев во Швајцарија имаше голема разлика во цените tally weil кај нас и таму..и во колекцијата..
    работите што ги имаше таму кај нас стигнаа тек послем една година..
     
  18. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.094
    Индитекс е групација под која се наоѓаат повеќе брендови, Зара мара и компанија, со тоа што Бершка на пример е повеќе за тинејџерки и поевтина во однос на Масимо Дути која е бааги посолена од останатите и посериозна/дамска облека има. И цените нема шанса да бидат исти со комшилук или Европа. И сега споредете го пример Манго, пошто имаме оригинална продавница, не евроазии и остало со минатогодишни колекции, нашето Манго е исто со српското, со грчкото има голема разлика. Истото ќе биде со било која продавница. Што е веројатно и не толку лошо, преку глава ми е пола Македонија да е облечена во истото, едни патичиња од Њујоркер на отворање на почеток што имаше, во просек осум пати дневно ги гледав низ град.

    Да редактирам, околу цените во Масимо Дути имав за марама пишано дека е стотина евра, грешка сум, просечна цена на чанта е тоа. Мај бед. :)
     
  19. soncicko

    soncicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    73
    роси грешка си х&м не е најевтин туку е најскап во шветска цените се многу повисоки таму одколку во грција србија италија ова го зборам од лично искуство
     
  20. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    2.053
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто некои од вас се скептици.. на нероден Петко капа му кроите. :D
    Ќе почекаме, ќе видиме за цените. Така зборевме и за Њу Јоркер кога беше најавен, отпрвин ни беше скапо на сите, но 2 недели по отворањето сите се шетаа со црно-белите кесички со црвен натпис.
    Има време до септември, нека се отвори што ќе се отвори, па потоа ќе критикуваме и коментираме. ;)
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.