Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Известувања за нови колекции, попусти, распродажби, промоции

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 25 октомври 2010.

  1. kiki4kablondy

    kiki4kablondy Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2010
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Женски
    Јас бев од сабајле баш и не видов некој попуст на производи освен на едни улошки цената им беше 45ден а и сакав да земам од балеа производи ама имаше ненормално гужва и чекав да излезам 30мин пошо беше фулл божем бесплатно е, ке поминам др ден :)
     
  2. Andemona

    Andemona Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    2.496
    Пол:
    Женски
    има премногу гужва а и не било се на 50 посто
     
  3. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Ви требаат пелени? Ви треба прашок за перење? Омекнувач? Тоалетна?
    Е тоа е на 50% попуст.
    Инаку не влегов, поминав и пуштаа на неколку тури, внатре 2 каси со по 50 луѓе на секоја. Повеќето од нив купиле по една работа но битно со секоја сметка имаше како лотарија (вајда секоја сметка не сум сигурна) и вртеа томбола и награда минималистичка. Како и да е многу народ а попустот со 15% ќе трае и во текот на неделава.
    Не се мрцварете за џабе на времево, седете си на топличко дома.
    Освен ако не сакате неколку саати да изгубите на дремење во редови за да купите тоалетна :D
     
  4. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Во ДМ Тепачка е, ред има до трафиката, се буткатаа се туркаат, за балоните коако да не виделе.
    Не ми се стоеше во ред и не ми се чекаше во Гтц беше страшно.
    Роси кажа што имало на 50 % помалку акција, а другото било на 15% помалку до 20 мај.
    Не се акајте низ град, ем ладно е ем треба да се изначеката да влезете, барем до 3 беше вака.
    Јас утре секако сум на факултет ќе идам уште рано, се молам да нема тепачка ко денес.
    _
    Аксесорис плати 2 земи ог третото гратис, накит, и аксесоари за коса до 21 мај :)
     
  5. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.667
    Допаѓања:
    6.230
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Allthatglitters21

    Allthatglitters21 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2012
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    288
    Пол:
    Женски
    Сега мајка ми била ми се јави, али имало и кај просветно дело, таму немало гужва толку како во центар.
    Имало млеко за тело интересни за евтини пари од кокос портокал така нешо и нивеа дезедоранс за 80ден..
     
  7. Allthatglitters21

    Allthatglitters21 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2012
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    288
    Пол:
    Женски

    Хахххаха луѓе редици до крај на продавницата, за 20%.. Јас само отидов пробав и кажав што да купи и си отидов дома, она чекаше :D
     
  8. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Моето искуство со ДМ почна и заврши денес.
    Пусто срце јуначко, почекав 5 минути по тоа гужвиштата и влегов некако ај.
    Да не останам покусо си земав за косава нешто препарати поевтино што најдов, другите работи на кои нема попуст беа исти цени ко во маркет дури и поскапи некој денар, тоа ви кажувам сигурно пошто добро памтам цени. :lol:
    А оние што беа дури и 15% попуст ги немаше, ја ете во 3 и пол бев, луѓево од сабајле изгледа чекале редишта за да купат.
    Али глетката на жени со 4 пакети пелени и 6 кеси тоалетна е priceless. Си мислиш за без пари ги даваат, па да се истепаат што повеќе да земат.
    Една девојка пред мене на каса земала 8 дезодоранси Нивеа black/white. Браво жено, за цела година се снадби, алал нека ти е. :clap:

    Све у свему, за нас не е ваков `попуст`. Мислиш распродажба на Шанел е. :|
     
    На ana.ubavkata, Hipster и anabel-a им се допаѓа ова.
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Беше некој во ДМ денеска? Ај споделете што како е :)
     
  10. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.980
    Допаѓања:
    4.743
    Последниве 2 страни само за тоа се пиши...
     
  11. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Ако си мајка да видам дали вака ќе размислуваш ако наместо 6000 денари да даваш месечно за детето за пелени, прашоци, омекнувачи, козметика негова и тракатанци а сега 3000 даваш и имаш 50 евра останато во новчаник.

    Боље во ДМ да стоиш на каса на работи кои нашите мајки пола плати си ги даваат него саат ипол да седиш во Манго за блузиче едно распарталено кое е снижено на 20% и се тепаш пред соблекувална за истото ко крај на светот да е, па пред апокалипсата мора да го облечеш.

    Притоа првото мора да го дадеш за да го израснеш детето, а Манго ил Шанел не мора да носиш :)
     
    На tinkerbelll, ana.ubavkata, soncicko и 8 други им се допаѓа ова.
  12. CrystalNoir

    CrystalNoir Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    92
    Денес го посетив ДМ тоа што е на местото на Дивино на ул.Даме Груев имаше помалку гужва од тоа во ГТЦ
    Имаше доста производи намалени за 50% не само прашак,тоалетна хартија,пелени и сл, производите на Гарниер шампоните и маските за коса беа намалени 50%,маската за коса од 280 си ја купив за 140,римелите на Макс Фактор тие од 800 беа намелени на 400 имаше и други произвони ни не обрнав баш внимание на се,производите на Балеа се многу евтини а беа и намалени 15% шампоните беа по 80-90 денари,млека за тела отприлика по 150,креми за лице од 120,160,200.....исто природната козметика на Алверде доста евтина исто намалена за 15% кремите за лице од 150 до кај 300 исто и декоративната козметика на Алверде доста евтина римелите беа од 120 до 160 сенки 100-220,во суштина доста пристојни цени на голем дел од производите.
     
  13. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.130
    Пол:
    Женски
    Отиде мајка ми денеска после работа во ова да земе прашак кој бил 120 денари и чекала цел час и кога влегла аш прашак нема :D кога кажала дека нема на луѓето што чекале пола од нив си отишле. Гарниер шампон бил 77 денари што значи цената му е 154 а истиот тој јас го зимав од мојот маркет порано накај 125 денари ако не се лажам, пастите за заби исто биле поскапи отколку во маркетиве..според неа цените не биле баш најниски , денес со намалениево се наоѓало така нешто ефтино ама кога ќе го нема :|
     
  14. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    и јас бев денс во дм и си земав прашок дуел 127 ден 3кг, омекнувач дуел 1л 69ден,(два земав) нивеа за сите по една на домашните,(4) паста за заби, тоалетна хартија 8во1 , регенератор за коса - сето ме чинеше 805 денари, плус добив гратис цд оригинал од тоше и чорапчиња и крема за раце
    го купив тоа што ми беше потребно за дома
    иначе за прашок и омекнувач чекав 30 мин да им дојде на залиха затоа што бев во 14часот да пазарам
    се на се гледано добра маркетинг понуда! иначе балеа производите се поскапи за 20/30 ден од хрватските дм маркети!
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Роси, точно е дека не сум мајка и не знам колкави се трошковите за пелена, али ете ќе спомнам за тоалетната пошто ја користам. :lol:
    Да чекам со саати на каса за 4 пакети тоалетна ми е нон сенс, ај за пелените пак ќе кажам не знам колкави се нормалните цени за пакет, и во тоа не се мешам.
    Али по другиве маркети се каде-каде поевтини цениве, мене сето тоа ми изгледаше како едвај да чекаат продавницата да ја отворат, за да ја купат и куќата со тоалетна да ја наполнат за 2 години.
    А цените не ни беа толку ниски, дури беа и повисоки од оние во маркетиве.

    А споредбата со Шанел ми беше, пошто во глава ми се распродажбите низ Њујорк каде се тепаат жени и чекаат со саати продавницата да ја отворат. ;)
    Далеку од тоа дека споредувам Шанел со памперс.
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Во ова ДМ нема декоративна козметика на попуст? Нешто Макс фактор, Дебора и слично?
    Гледам за прашоци и шампони сте пишувале
     
  17. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    има ама само 15% се намалени, вчера имаше макс фактор маскари на 50 %
     
    На maja8 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Во Топанско отворија Певекс, само што се вратив со купени бледо жолти панталони и две маички, се за вкупно неверојатни 600 денари. :D

    Ако некој го носи патот наваму, обавезно да пројде, кај Принц маркетот се наоѓа. Има бершка, страдивариус, зара, фишбоун, амису итн. Јас си земав една маичка што во Њу Јоркер е 800-900 денари, за 200 денари, тотално истата.

    Ау ќе си мочнам од среќа. :D
     
    На ana.ubavkata, Smilly, LilBaby и 4 други им се допаѓа ова.
  19. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Гледам дека сите се интересираат за дм, па ај и јас да споделам искуство. Бев вчера колку меракот да ми помине и не сум нешто многу многу задоволна. Ги имаше истите производи што ги има и во другите продавници, дури и поскапи. Единствено што вреди да се купи од кај нив се тие производите на Балеа, ефтини се, а добри ми изгледаат. Си купив кремче за нозете и ми се допаѓа, лесно се впива и преубаво мириса :mm: . Инаку не сум нешто воодушевена, едино вреди да се оди кога има големи попусти како на денот на отварањето по 50%, иначе не вреди.
     
  20. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.683
    Допаѓања:
    6.580
    А луѓенца, тоа Певекс има онлајн страна да разгледам што ствари има? Се токмам овој петок/сабота да одам, иако јас тие маички што ги барам сигурно ќе ми ги продадат, ама ај може ќе се најде нешто друго.
    Инаку, за тие што биле во Топанско последниве денови да ми кажат што-како има, има интересни панталони,маички ова-она и отприлика цените како им се движат? :)