За што бре да ти се извинам?! Затоа што лажеш???? Иди бре бегај. Поима немаш !! На тебе со инка во мозок не може да ти се внесе дека во затвор не се оди за неплаќање на кредит! Ниту па тоа вашето друштво може долгот да го наплати од лице 'блиско' на должникот. Можете само предметот да го дадете на извршител и да чекате. Кога должникот ќе стекне имот на свое име нешто извешител може да му го одземе истото, ќе му се блокира трансакциската, ако во некој период има прилив на истата ќе може да му ги земат. Но се додека нема ништо на свое име и нема прилив на трансакциска можете само да си трошите време зрнкајќи по тел и заканувајќи се. У затвор не можете да го ставите па ако сакате и навек верглајте у празно. Поздрав
Глеам пола од директорчињава на батерии у затвор завршија пошто не платија долгови на извршители. Знаете каде живееме така? И дека пара буши где бургија нече односно ако имаш чоек, лади-дади ти е, ако немаш, ќе го пушиш за сите такви заедно. Pardon my french.
@Lejla1995 кога викам јас дека тие брзи кредит се бетар од лихвари и ништо друго. Така кога ве вработуваат со пријатели, а појма немате па ќе тресите после глупости.
Абе луѓе. Жената/девојката убаво ви кажува, и не лаже ништо, ама проблемот е кога ке отидеш да земаш пари таму агентите само розеви работи кажуваат.Никогаш нема да ти спомнат што се ти следи ако задоцниш рата, или недајБоже ако не платиш. И што е најстрашно, ЗАШТИТЕНИ СЕ.Имаат лиценци и се е тоа уредно и во рамки на Закон за финансиски друштва. Со ништо не се разликуваат од обичните лихвари, освен што се легални и што имаат канцеларија. Опасна работа се. Се имам изнаслушано разни приказни од нивни странки, па и од нивни вработени за принципот на работа, така да ....ако не сте спремни да враќате камати, ич не влагајте во дубиози со нив.
Мајка ти и татко ти сигурно се срамат од тебе. Тебе убаво ти е да вреѓаш луѓе и да ги нарекуваш бездомници? Па бездомниците имаат поголема душа од тебе,твојата не знам каде ќе ти оди. Вакви глупости само апла неедуцирани луѓе можат да пишат.
Никого не нарекувам бездомник само укажувам на последиците што можат да се сносат од неисполнување на договорените обврски за отплата на кредитот, ако се смета дека сум бездушна со тоа што сакам да укажам од последиците од не исполнување на обврските нека сум и бездушна. Но не ми е јасно како можеш да ме нарчеш без душа кога не ме знаеш и не знаеш колку мои лични средства имам издвоено и имам учествувано во разни хуманитарни акции и им имам помогнато на огромен број на луѓе.
Сигурна сум во тоа дека помагаш. Мало морген. После сите глупости што ги изнапиша тука најдобро е да си се одјавиш. Како рече една членка еднаш: 100 стапа на туѓ грб не болат!
Тоа кажи си го за себе. Нели помагаше,а ваму други прикаски “убаво ти беше додека зимаше”. Како можеш така бесрамно да пишеш. Да не имала мака нема да земе. Него вие со златна лажичка ранети, врска немате што значи мака да имаш. Викаш помагаш, а ваму горе пишуваш “ снајди се да не останеш бездомничка”. Ова хуманитарец не го пишува. Алчноста никаде не те води.
Парите што се земени мора да се вратат стојам зад тоа и не отстапувам од истото. Исто и укажувам за последиците од неисполнување на обврската. Но и за тоа дека треба да си хуман и да помогнеш треба.
Мора да се вратат да, но не по секоја цена. За лични закани и психичко насилство има закони и процедури. Убаво ти кажа членките лажоманке. Наместо да седиш на форум што не платиш два-три долга на твоите клиенти,нели беше хуманитарка. Или полесно е да им вршиш психичко насилство и да ги малтретираш дур не ти препишат стан на твое име. Немаш таква моќна сила злато мое. Се што зборуваш нема врска со реалноста! Факт!
Јас се чувствувам во заблуда од твоите лаги и измами овде, затоа ти сега ќе си сносиш последици. Сега ќе им пишам на сите вакви друштва што пишува нивна вработена овде, па они нека се замараат
Апсолутно не е точно дека им се вршат закани и психичко насилство но твое мислење твое право иако не е точно. Апсолутно никој од никого не бара да препише стан на ничие име затоа те молам да престанеш да ги доведуваш луѓето во заблуда со такви коментари.
Па најлесно е да се правиш на Тошо. Престани ти да ги лажеш луѓето и да им задаваш ниски удари. Засрами се.
За неплаќање на кредит не може да се оди во зљтвор, но за неплаќање и избегнување извршители, може. Како што кажав, близок познаник ги закрпи Т-Мобиле, Сетек, Нептун, АМЦ, им зимаше техника на рљти и не им плаќаше, и тоа скапи модели. Го дадоа на извршител. Извршителите не можеа да му наплатат и да го најдат никако и поале неколку години му доаѓа писмо да се појави во суд. Во писмото стоеше да плати казна или да одлежи затвор 6 месеци. Отиде во затвор, доби мозочен удар и го пуштија по 3 месеци, но не знам дали заради ударот, заради добро однесување или нешто трето.