Луѓе Со извршители нема шала. Пред едно 12тина години на комшии им правеа попис во станот поради неплатен долг од нешто. Уште колнењето на жената и солзите на таткото неможам да ги заборавам. Пред влез видов куќни апарати залепени со жолта лепенка- ЗАПЛЕНЕТО. Ми се плачеше дури. Затоа, при паѓање во долгови треба да се води сметка , да не се бега, да се одговара на телефон, да се биде присутен во Банки.Подобро е да се договориш со Банката за одложување, рефинансирање на долг како кредит и слични опции (или превземање на сите долгови од страна на една Банка па да си плаќаш рата на едно место). Дојде ли до Извршител, нема пардон.
Има кривично дело за не појавување по налог на суд. Во такви случаи може и со потерница да те бараат. Нема врска со неплаќањето.
Точно, може материјално да ти земат сѐ што поседуваш, но членкава тврди дека може да одиш во затвор за неплаќање, што е АПСОЛУТНО НЕТОЧНО. Друго елемент е што типот на друштва како оние во кои работи наместо да ги пуштаат на извршители и да си ги наплатат долговите, тие цело време се служат со закани, вознемируваат блиски на нивните клиенти, им вршат психичка тортура, па дури и овде се закануваат со непостоечки закони.
Куќни апарати како ладилник, шпорет, машина за перење алишта и мебел, облека, обувки и Др да не набројувам сега не подлежат на извршување, ако такво нешто му потпишале требало луѓето да го обжалат и да направат приговор во рок од 24 часа после пописот. Но не си знаеле права и така завршил случајот. @Lejla1995 душто те молам не треси глупости и не плаши луѓе за нешто што се употребува во други случаи и во исклучителни случаи.
А ако купиш кола на лизинг и задоцниш со рата, дали знаете што се случува ? Без да знаеш, без да те предупредат ти доаѓаат вработени во лизинг компанијата и ти ја земаат колата од паркинг.Неможеш да го тужиш, колата ке ти ја врати т.е. ке си ја земеш од кај нив тогаш кога ке ја платиш ратата. Третиот клуч стои кај нив се додека не ја исплатиш последната рата. Ако се огласиш дека неможеш да ја плаќаш колата понатака, денар не ти враќаат за до тогаш што си плаќал, туку едноставно ти ја земаат и ја продаваат на друг купец , цената ја одредуваат према каталог. Значи, никој не ти простува долг. Нема милост. П.С. ...поради тоа што едно време работата ми беше поврзана со вакви глупости изнагледана и изнаслушана сум за неправди.Оние ситните букви напишани во некој ќош од Договорите кои ги потпишуваме, никој не ги чита, а токму тие ни го сопираат правото да се жаламе и ни го загорчуваат животот.
Точно. Подоцна се донесе Закон кој вели дека Извршител несмее да му ги попише и одземе основните работи за функционирање на едно семејство (фрижидер, шпорет...) Ама ова одамна беше. Сега полека на Извршителите им ги одземаат правата да може како ќе им текне да си постапуваат, донесоа мислам некои процедури каде без судски налог несмее ништо да стори. Пре-пре-големи права си зедоа.
Ако купиш кола на лизинг, тоа значи дека не е твоја сопственост додека не се исплати и последната рата, затоа што лизинг подразбира изнајмување на одредени добра со право на откуп на истите, во случајов кола. Всушност и затоа има право компанијата да си ја земе колата доколку не се плаќаат ратите на време.
Сакав да кажам во контекст на ова дека и парите кои ти ги дале се на ЗАЕМ и нема не враќање и правење мутав. Баките на времето 50 опомени, 30 тужби ќе поднесеа и на крај нема да платиш, ама тоа беше ае додека не донесоа Закон за извршување. Од тогаш ситуацијата станува сериозна. Сум работела на таква проблематика и точно знам што зборам. Не е фер, јасно е.Изврителските методи се крајно ригорозни и наградите големи. Ама кај нив владее друга кауза-делувам врз основа на судски налог и точка.
@Kotto tie brzi krediti se lihvari!!! Sega ti e najpametno da zemes kredit od banka, da gi pokries i da se otarasis. Inaku da zvonat, se javuvaat i mozat doma da ti dojdat da ti zaplenat se!!! Ili sedni kazi doma po prijateli zadolzi se i otkaci gi. I pamet za drug pat so ovie brzi krediti NE!!
Да звонат се јавуваат можат и дома да дојдат но неможат да направат пленидба без судски налог, се што може да направи банка исто и тие ни повеќе ни помалку немојте да потпаднете на заканите на @Lejla1995 и да ве манипулира.
Сериозно на вакво корона време се смееш за вакви работи ? И прејако ти е да кажуваш дека некој ќе остане без куќа или ќе оди во затвор ? Па луѓето присилно остануваат без работа, спуштена им е на мн платата 70%. Да има и случаи каде заглавуваат од коцка и други чуда ама сега во ова време не се сите такви. Ок е работиш ти тоа, ама имај осет малце и ќути си барем. Пред било што да бидиш - биди човек !
На што јас се смеам жити се? На никого и за ништо не се смеам само укажувам на последиците од неисполнување на обврската.
Имам кредит една рата љуфнав имам жирант еве и натаму нема да можам да плаќам последици? И дали би ме блокирале мене или жирантот и дали може да туже ... итн.. и во кој случај дали би неможела или можела таа да го плаќа.
Ај ке ве молам кажете ми неплаќам кредити пример работам на црно немам ништо на мое име живеам со родители ако се одлучам да работам на црно и немам прилив по основ на плата дали можи да застарат кредитите?
Да во рок од 5 години ако не поведат постапка за нотарски платен налог, со поведување на постапката се прекинува течењето на рокот за застареност. Или во случај ако имаат извршна исправа а не поведат постапка за извршување во рок од 10 години. Ако поведат постапка за извршување, нема рок за застареност, ќе минуваат годините ќе се менуваат извршители, но извршувањето ќе се спроведува се додека не се наплати долгот освен ако некој од твоите потомци или потомците на твоите потомци не се откаже од наследство или ако не им оставиш ништо во наследство па оставинската постапка за тебе се отвори и затвори како без имот во оставината, со други зборови ако стигне работата до извршител и не плаќаш доживотно ќе бидеш заглавен во долг и со блокирана сметка и ако добиеш нешто во наследство зависи од тоа извршителот ќе наплати, а доверителот може да бара издвојување на наследството кое треба да го добиеш заради наплата на побарување по извршна исправа. Извини за мојот отворен речник али реалноста е брутална и да си знаеш на што ќе си ако се обидуваш да не плаќаш, мој совет до тебе пробај малку по малку да го отплаќаш долгот, инаку понатаму секогаш ќе можеш да бараш укинување на клаузулата за правосилност и извршност но за тоа треба да имаш основана причина инаку само ќе се изложиш на непотребни трошоци.
Благодарам премногу а извини кажими во врска со трајниот налог како да го повлечам ? Се плашам да не ми тргаат големи суми имам заостанато кредит нема да можам да плаќам останато сакам дел по дел да де договпрам за таа една рата
Одиш во банка и бараш да го тргнат налогот, е сега не знам дали трајниот налог во договорот ти е како услов за одобрување на кредитот, затоа што веќе си дал согласност за траен налог не знам каков вид на согласност е тоа, треба за сигурно да прашаш во банка. Или да го разгледам договорот па да го протолкувам.
Имено 15 000 евра ете имам земено едно неплати вбанка едно брзи околу 12 000 евра вбанка 3000 брзи и сеа со извршителите шо ке биди ? Како оди процедурата?