@TodePetrov22 , @DraganMomirov, @NaumovPetre, Веќе неколку пати ти е одговорено прашањето на различните профили.
И во темата Жирант истото го прави. Дечково или трола или има некој проблем. Па не е можно да пишуваш од пет различни профили.
Со траен налог на секој 10ти ми е ратата прошлиот месец не оставив за кредитот . Сега на 5ти ке земам плата ке повлечат за минатата но за наредната пак на10ти? Што ке биде со жиранто и ич да не плаќам што ке биде а брзи кредити од 4 места вкупно 1000 еу земени 3000 евра со камата за враќање . Инаку се работи во банка за голем кредит 11000 евра. Помош што би било како би било ? Едноставно се презадолжив и негледам друг излез сем со извршител предмет по предмет 1/5
Па нека ти помогнат родителите, ако не е тајна кредитот беше за некоја намена вложи во нешто или како?
Скраја да е да дознаат ем неможат ем триста стресој кавги ... Значи после преголеми стресој и шо не се помирив рекив тоа е тоа..
Која е постапката доколку би стигнале на извршител по прв услужен за овие брзиве дали ке имам блокада на сметка што треба да нправам и дали имам трошоци за плаќање со цел регулирање на сметката па да ми држат 1/5 ?
18 000 ми е платата колку ке задржи извршител?по редослед 4 извршни решенија ке стигнат на работа ? И мојот работодавец ке постапи согласно нив?
Велиш 1/3 на извршителот 2/3 него како кога дечкото колку што разбрав до 18 000 зема плата нее 1/5 со извршно решение до работодавецо
Сто пати ти е одговорено 1/5 доколку платата е до просечната или 1/3 доколку е над просечната, Независно дали наплатата ќе оди директно кај работодавец или банка. Извршителот ќе задржи една петтина останатото е за тебе.
Што направи како е ситуацијата? Se javi od tigo im kazav gospogata drsko i do visok ton se ponasase kako na 25 godini sum nejkel da se potrudam ke pisela odbivam sorabotka bukvalno se derese .
Даден сум на извршител на стопанска банка во 2014 годинс должам 18.000 денари,а бидна 38.000 денари.Пред 1 година прашав кај извршител и сега решив да отплаќам. Па ме интересира дали ми расте каматата бидејќи немав никаков прилив на пари. Дали од 38.000 илјади денари ми расте долгот со каматата?
Само едно прашање имам еден другар не плаќа брзи кредити е сега дали доколку не плаќа стигне на извршител итн . И наплаќаат по принцип прв услужен можат да посегнат по имот на должникот? Една рата кредит доцни но сака таа рата што доцни да ја исплати на два три пати . Малце зезнато жирант има . Белким нема да го замараат. Во моментот живее со родители нема ништо на негово име но утре другиден кига би се стекнал .
Не седам многу на форумов ама мислам дека сто пати од сто различни профили на сто теми го постави прашањето и сите убаво и нашироко ти одговорија. Ако не можат да извршат пари од тебе ќе почнат да извршуваат од жирантот и тоа одма се дури не наплатат се, и 50 години да немаш пари и имот на твое име, на првиот прилив или имот што ќе го стекнеш ќе ти се закачат и ќе ти го извршат. Нема бегање. Дали ти или жирантот некој некогаш ќе плати. А ако плати жирантот ќе те тужи и пак нему ќе му плаќаш преку извршители. Нема бегање.
Zosto imot nemozi 1/5 ? ? Plus toj ke isplati zaostanata rata na 2 3 pati . Ke ostava za rata i plus pari .