Во однос на ова... Извршителот има обврска да пушти исто решение за извршување на две места: -домашна адреса - на работа Но, незнам зошто, ама во 90% од случаевите, она што треба да стаса дома стасува после два месеци, а она на работа стасува истиот ден. Оние кои работат во сметководство во фирмата, имаат обврска ВЕДНАШ по стасувањето на Ивршното решение да го известат , за да има простор (ако има простор) да се повлече истото.НО несмее да не го спроведе, зашто има пропишано казна и за него како работник и за фирмата. Сметката може да е блокирана не само од Извршител туку и по други основи. На пример , во последно време се блокираат сметки и поради не платени комунналии (вода, смет...) Се си е Законски поддржано, за да неможеш да се жалаш никаде. Но, нели мора од некаде да се почне. Маж ти нека отиде во Народна Банка , таму има оддел за блокирани сметки, нека си земе потврда и ќе види точно од каде е блокиран. Исто има и Македонски кредитно биро (во истиот комплекс на Народна Банка е) и од таму може да добие потврда од каде е блокиран.
Апсолутно неточно секое извршно дејствие кај извршител застарува за 10 години, ако во тој период наплати нешто ок ако не наплати пак е ок по 10 години од денот на правосилноста на извршното решение застарува. Секако извршителот нема да ви го каже тоа и да го прекине извршувањето но должникот има право да поведе постапка против извршителот за( несовесно и не законито работење)
Зошто ти се потребни да шириш вакви информации? Нема застарување на долг кај извршител , прашај ги должниците што после 20 години им иде некоја сметка што не ја платиле Сметка според зоо567 застарува после 1 година и за тоа не смее извршител да те блокира,тука нема долг,но ако странката е тужена во тој рок од 1 год , извршителот го блокира секако со сите церемонии Долг кај извршител не застарува ,и не знам кај го слушна тоа
Јас само сакам да им помогнам на другите да ги остварат своите права без да бидат ( незаконски ) изиграни од лихварите извршители кои ќе пробаат на народот да му наплатат што и да било без разлика дали имаат законска основа или не.
Јас ти велам дека таков закон во мк не постои ,доколку мислиш ти дека постои дај линк од членот во законот
Не ти го сфаќам постот, со оглед дека работам во правната сфера и сум застапувал странки кои биле доверители и странки кои биле должници, притоа немам намера да ги оправдувам извршителите, туку ќе ви кажам накратко објективно како е навистина, имено, извршителот исклучиво и единствено постапува по барање на доверителот кој е должен да приложи извршна исправа. Извршна исправа претставува секоја одлука донесена од суд, и друга институција, која гласи на обврска - задолжение, и која одлука е правосилна значи против истата не може да се изјави жалба, и извршна значи поминал рокот за доброволно исполнување. Во таа смисла извршната постапка е последна постапка од една низа на правни лекови, во која постапка само се врши наплата на веќе признато право во судската постапка, извршителите не можат законски да одлучуваат за застареност или други материјално или процесно правни приговори, а во однос на нивната тарифа истата ја одобрува Министерство за правда, па затоа револтот не треба да биде насочен кон извршителите, тие само го работат тоа што им е дозволено со Законот за извршување.
А дали при префрлување на имот од едно на др лице, нотарите проверуваат дали имотот има долгови или не?
Нотарите тоа не го проверуваат треба сама да си провериш, НО ПАЗИ НЕ КУПУВАЈ НИШТО ШТО ИМА ИЛИ МОЖЕБИ ИМА ДОЛГ БИДЕЈЌИ АКО СОПСТВЕНИЧКОТО ПРАВО СЕ ПРЕФРЛИ НА ТЕБЕ И ДОЛГОВИТЕ ПО БИЛО КОЈ ОСНОВ НА ПАРЦЕЛАТА ГИ ПРЕВЗЕМАШ ТИ.
Добар ден. Имам едно прашање па ако може некој да ми одговори . Имам земено кредит преку брзиве кредити . Кредитот ми е 25000 денари . Пола е исплатен. Моментално немам толку пари да го исплатам целосно а заминувам за странство , не планирам да се враќам назад во Мк подолго време . Прашањето ми е , пошто мојата трансакциска сметка ќе биде затворена , нема да можат откаде да наплатат и сигурно ќе ме дадат на извршител , па на суд..дали ќе имам нешто проблем со законот ако сакам да се вратам во Мк после неколку години ? Да напоменам немам имот ниту нешто вредно на мое име .
Да, долгот не застарува , него ми е да не имам проблем нешто кривично кога ќе се вратам за 3-4 год. На граница да ме сопрат и слично . Пошто прочитсв дека и кривично може да ме гонат
Штом планираш да одиш во странство, или ти, или некој твој близок нека ти позајми 200€ да го исплатиш (штом викаш пола е исплатен, приближно толку остануваат). Не си комплицирај со извршители за толку ниска сума. Едит* Инаку, нема ниту да можеш да ја затвориш сметката штом фигурираш како личност со кредит.
Бидејќи немаш ништо на твое име ништо не можат да ти земат , но во иднина долгот ќе те чека , не ќе можеш да си префрлиш ништо недвижнина на тебе бидејќи извршителот ќе ти ја собере...инаку кривично нема што да одговараш , ништо не ти можат ако немаш ништо ама долгот ќе те чека во иднина
Немаат никаков основ да те гонат кривично тоа е сигурно, но постои шанса да побараат присилна наплата на долг кај извршител со што ќе ти излезат дополнителни трошоци како камати, адвокатски, Нотарски, судски, извршители трошоци со што кога и да се вратиш во држава тој натрупан долг ќе те чека. Но сепак мислам овие брзи кредити работат во сивата зона на законот и ретко тужат и износите што се подигаат се доста мали така да уживај си.
Здраво. Имам едно малку по комплексно прашање, доколку некој е запознаен ќе ве молам за одговор. На кратко значи мајка ми почина пред скоро време, има долгови на нејзино име (кредит во банка) и фирма со милионски долг спрема ујп, фирми итн. Татко ми е жив, јас сум полнолетна брат ми е малолетен. Прашањето ми е дали долгот од фирамата го наследуваме ние(за лично нејзиниот знам дека е на наш терет), до каде може да се оди за наплата на долгот, дали може повеќе од 30% од плата да му се одбива на татко ми?. Инаку мајка ми и татко ми немаат имот на ниво име.
Ako nema drug imot majka ti, samo zadolzena firma. A za kreditot nema ziranti. Jas ne bi go vrakal. Vo Makedonija naslednicite odgovaraat do visina na nasleden del.