Здраво, ме интереситра дали неактивен субјект треба да плаќа фирмарина? Се работи за ДООЕЛ, за кој од УЈП има решенија за неактивен субјект од 2017 навака. Нема сметка фирмата и досега не добивавме ништо од општината. Денеска ни стигна писмо за фирмарина 2025 и опомена за 2024. Статусот во тековна е во постапка за утврдување на статус. После толку време никаква активност ни на фирма, ниту јас како основач, не знам ни од каде да почнам со ова. Помош? Кого би дале во случајов на извршител доколку не се подмири долгот и кој одговара? Однапред благодарам за одговорите
Зошто Централен регистар не ја брише фирмата ако толку долго е неактивна, па уште нема ни сметка, а што воопшто има ако нема сметка, и како може да нема сметка?
Навистина не знам. Треба да одам да се распрашам. Имаме решенија за неактивен субјект од 2017 навака и сметката е едноставно подмирена и затворена.
Требало како неактивен субјект веќе да биде избришан од страна на ЦР по член 552-а од ЗТД, треба да проверите.
Здраво на извршители сум подолг период плакав до пред 2 месеци моментално сум без работа.пред некој ден добив повик од еос матрикс и многу делуваа непријателски се закануваја со присилна наплата а не се дојдени на ред за плаќање тие дали можи нешто да ми земат а ништо на мое име немам освен кола и на неа имам пишано пријател како полномошнил
ЕОС матрикс го превземаат долгот од доверителот и те даваат на извршител. И да, може да ти земат све што ти е на твое име.
Можеш и така да си направиш. Али да си знаеш, што и да имаш на твое има се може да ти отиде во вис. Нив не ѓи интересира дали си вработен или не, важно е да си плаќаш.
Zdr nova sum na femina baram pomos dali od zemi pari idat doma ili mislam nemat pravo deka mi rekoa doma i na rab kaj da gi prijavam za voznemuruvanje pomos ve molam
Брат, најглупото нешо шо го имам прочитано, пола народ е заглавен на кредити за леб да однесат дома, не дупи сеа и ти, нема смисла кај мака си имаат ти курташак си играш.
Не си играм курташак, ако веќе зимаат треба да ѓи враќаат, за нивно добро кажувам затоа што ако продолжат да не плаќаат каматите ќе им се х100 покачени и ќе почнат да им зимат, имоти, автомобили итн. Јас си зимав брзи кредити, сега на раб на мизерија да сум нема да отидам. Душа ми излезе со враќање.
Не те сконтав, ептен иронично делуваше, инаку да ако имаш што да ти земат, мене само ме интересира и на овие во парламент и на овие што даваат кредити кај ќе им иде душата.
Вакви брзи кредити има само низ сиромашните земји. Брзите кредити верувај се како рак на денешно време. Душа кај ќе им оди и они не знаат. А да знаеш само дека и народот е крив. Зимаат брзи кредити на починати роднини преку уште важечки лични карти.