Може паралелно, ама сите вкупно да ти бидат 1/3 од плата. НЕ секој да ти зема по толку. Затоа ќе си се договориш со нив по колку ќе смее секој да ти зема пари, за да не се надмине 1/3 од плата.
Ако имаш на пример 3 извршни решенија по 100.000 денари, тогаш редоследот на наплата е према датумот на решенијата, т.е. кое прво стасало. На првиот Извршител почнува наплата која ЗАКОНСКИ не смее да е повеќе од 1/3 од плата. АКО работникот сам напише Изјава дека сака 1/2 од плата да му сопираат, тогаш може и така, но е навистина ретко, обично никоја институција/фирма не се става во ризик. Останантите Избршители се известуваат писмено дека на должникот веќе му е резервирана 1/3 и дека нивното решение чека редослед на наплата. ...НО.. Кај овие извршни што чекаат да се наплатат, тече камата која воопшто не е наивна. Зезнато.
Zdravo, sakam da prasam Dali nekoj uspeal da refinansira brzi krediti so kredit od banka? Konkretno imam poveke brzi krediti koi bi sakala da gi zatvoram so kredit od banka..
Треба да отидеш во билокоја комерцијална банка и да го кажеш горново. Ќе мора да им доставиш потврди од секој брз кредит која сума е. Тие ќе те раздолжат и ќе те задолжат тебе со кредит кај нив. Единствен усчов е платата да ти е преку нив.
Ако се уште имаш една третина од платата за да ја плаќаш ратата во банка за кредитот зошто да не. Тие брзите кредити не знам како се плаќаат ама би требало да се гледа во банка дека ги плаќаш нели? Најверојатно не се плаќаат во кеш, не знам. И ако може брзите кредити да се исплатат наеднаш не гледам тука проблем.
Комерцијална баш потешко одобруваат вакви кредити за рефинансирање, многу се некако по принципиелни за разлика од другите банки. Во Стопанска или Халк има повеке шанси и по лесно одобруват и по брзо.
Нели во банка може да каже дека и треба приватен кредит? Не мора да се објаснува дека е за рефинансирање на брзи кредити.
Тој приватен што го викаш е потрошувачки ненаменски кредит. Пред банката да ти одобри кредит ја гледа кредитната состојба и историја на клиентот а и примањата. Кога ке видат дека имаш не вратени кредити или заостанати долгови од кредит на други места нема да биде одобрен кредитот. Кога ке напомене клиентот дека му треба кредит за рефинансирање на други кредити мора да однесе потврда каде и колку е должен. Многу фактори зависат за одобрување на ваков кредит, посебно ако клиентот цело време се води како клиент со лоша кредитна историја уште потешко.
Не Комерцијална банка А.Д. туку било која комерцијална Банка-Тутунска,Халк,Шпаркасе. Секоја Банка рефинансира кредити и долгови.Може и ролг за вода, струја, ролг према УЈП.... Ќе те проверат тие во кредитно биро во која категорија спаѓаш, ама ќе ти побараат и потврди од секаде за да можат да утврдат сума која ќе ти ја одобрат. Вреди да се проба во Халк Банка. Комерџијална и НЛБ имаат голема клиентела и не се грижат за вакви работи. Халк знае да излезе во пресрет.
Како што кажав погоре од многу фактори зависи дали кредитот ке ти биде одобрен. Пример имаш земено брзи кредити од 3 места и секој месец за секој исплакаш рата 2 000-3 000 денари,а плата земаш 18 000. Од банката гледат дека пола плата ти оди за исплата на други кредити, што значи банката нема да ти одобри кредит. Која е сумата што ја имаш за исплакање отприлика?
Немам јас никаков кредит само ме интересираше. Да, точно. Ама ако ти оди една третина од платата за тие брзи кредити банката ќе ти дозволи кредит чија рата би изнесувала една третина, нели? Сепак не сум знаела до сега дека постои таква опција банката да ти рефинансира нешто како брз кредит, долг за струја и слично…
Постои опција. Долги години работам со Банки и со вакви случаи. Сега скоро имав случај со жена која златото го дала во замена за пари (во оние т.е. продавници за пари , откуп на злато....), воедно имаше на кредитна картичка не подмирен долг некој ситен кредит потрошувачки и две плати во минус. Една од Банките и побара потврди од секаде (со суми), префрли пари секаде каде беше должна, жената платата мораше да ја префрли во таа банка, остави траен налог за да и се одземаат 1/3 од плата и толку. Сега барем мирно спие и на едно место плаќа рата и камата.
Zdr dali dosega na nekoj mu ima stignato izvrsitel od brzite krediti posto imam drugari koi docnat po 7-8 meseci kaj brzite i celo vreme mu se zakanvaat so izvrsiteli uste od prva rata na docnenje ali seuste ne gi imat dadeno na izvrsitel
Брзите кредити скоро и да не тужат бидејќи се работи за кредити со мала вредност а нивните договори се премногу рушливи, што со камати, трошоци за обработка на кредит и друго. Многу луѓе ти нотарски платни налози ги обжалуваат преку својот адвокат и го добиваат спорот да ја вратат главницата што ја зеле и ништо повеќе бидејќи договорот ќе биде ништовен од горе споменатите причини. Мојот татко е адвокат од граѓанска област и сосема лесно ги турка овие договори, затоа барајте си адвокати што работат граѓанска област за оваа проблематика.
Кажете ми која е процедурата за барање азил, врз кој основи се добива и исто така во кој меѓународен суд можам да ја тужам оваа ментална држава за секојдневно причинети стресови? Ми дојде некое пусулче од извршителка, за неплатени сметки од покојна особа пред 12 години три пати повисока од износот на сметките којзане дали навистина неплатени. Не сакам од мене да се богатат мивки извршителски. Не им плаќам па нека ме бесат на плоштад.