1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Извршители

Дискусија во 'Правни совети' започната од none75, 8 јули 2012.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Разговарај со извршителот, со нив нема оро.
    Закон ги штити, кад-тад ќе те стрефат.
    Ако мислиш дека си обезправен, оди во канцеларија и викај колку те држо глас, заканувај се ао телевизии и со медиуми.
     
    На Isaac му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Isaac

    Isaac Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Машки
    Толку сум напизден, мислам ако и отидам таму ќе лежам ќорка. Последниот период се расправам со здравствени проблеми мои и фамилијарни, ми треба уште таа кучка да ја финансирам. Во недела го носи тој што го донесол пред врата.Скинав листот кога видов од кого е. Пази сега гледам дека грешна цифра сум читал, не 3 туку 10 пати повисока сума бара да платам. Ништо не им плаќам, нека си го бришат дупот со папирологија. Ако платам овој пат од каде знам дека ќе застанат. Дома чувам сметки не постари од 2016. Татко ми покоен фрлаше фактури после плаќање да не прават ѓубре.
    Не да се бесат туку прво рачето крадливо, па ноџе па главче.
     
    Последна измена: 26 јули 2021
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Само внимавај, Согласно член 83 од законот за сопственост и други стварни права наследникот одговара за долговите на оставителот до висина на својот наследен дел.
    Доколку долгот е поголем од наследството од татко ти, ти имаш обврска да ги платиш долговите на оставителот до висина на наследеното ништо повеќе и ништо помалку,
    Нели пред да дојде од кај извршител прво дојде нотарски платен налог ?
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Isaac

    Isaac Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Машки
    Ништо не стигна пред ова.
     
  5. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.683
    Допаѓања:
    19.053
    Пол:
    Женски
    цела мафија се собрани кај извршителите и политичари и судии затоа народов масовно се иселува овде нема правда, бегај што подалеку од овде, ако имаш нешто на твое име одма префрли го на некој близок да нема што да ти земат
     
    На Luciferka и Isaac им се допаѓа ова.
  6. Isaac

    Isaac Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Машки
    Изгледа ми блокирала сметка куравелата.
     
  7. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    1.942
    Пол:
    Машки
    Не ги бранам извршителите но верувај тие се последното ,,дупче од кавалот", извршителот постапува по извршна исправа тоа значи по претходно правосилно завршена постапка во која е донесена одлука од суд или решение за нотарски платен налог, чија одлука станала правосилна и извршна.

    Прашањето е зошто вие не сте дале одговор на тужба доколку била водена постапката пред суд, односно зошто не сте вложиле приговор против решението за издавање на нотарски платен налог?

    Погоре прочитав дека не ви било доставено ништо и веројатно затоа не сте вложиле, претпоставувам дека се работи за постапка пред нотар за издавање на нотарски платен налог, затоа одете кај нотарот направете увид во предмет како е извршена доставата од страна на нотарот ако видете дека има неправилност ќе си поднесете согласно закон задолжително е преку адвокат, барање за укинување на клаузули за правосилност и извршност, до нотарот, овој ако погрешил тоест негов вработен или од страна на поштарот, ќе го прифати вашето барање и ќе ја укине правосилноста и извршноста на решението кое го донел, новото решение за укинување на клаузулите ќе го однесете кај извршителот и тој ќе го запре веднаш извршувањето и ќе ве одблокира, се што претходно наплатил ќе ви врати.

    Значи не треба да ја пцуете извршителката туку да видете кое е решението на вашиот проблем, затоа што штом не ви било доставено претходно решението за издавање на нотарски платен налог од страна на нотарот за да вложите навремен приговор во кој би можеле да приговарате доколку настапиле условите за застареност на побарување, значи има пропуст при доставата од страна на нотарот до вас, проверете и направете увид во предмет сам или заедно со адвокат, и ако има неправилност постапете како што наведов погоре.

    Друже со овој пост ти кажав како да го решиш проблемот, искористи го мудро! :)
     
    На Luciferka, cresa-jagoda и Isaac им се допаѓа ова.
  8. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.683
    Допаѓања:
    19.053
    Пол:
    Женски
    извршителите сите требаат да се стрелаат жив ниту еден да не остане!!
    и на моите никакво објаснување, писмо не им стигна туку само блокирање на сметка и чуди се што е работава |(
    Ова не е држава ова е вукојебина
     
    На Isaac му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Isaac

    Isaac Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Машки
    Не сум блокиран се уште,грешка.
     
  10. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Не чекај да си блокиран, реши си го проблемот што поскоро.
     
  11. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Јави се кај извршителот.
    Отиди ако можеш.
    Разговарај, барај опција.
     
  12. Isaac

    Isaac Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Машки
    Нека проба,ќе слушнете на вести. Имам сериозни проблеми,не се мољакам со неа по канцеларии.
     
  13. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.561
    Пол:
    Женски
    Епа затоа и ќе те блокира..ги игнорираат луѓето извршителите место да седнат да се објаснат..
    Јас сум сигурна дека само 10% од ќејф блокираат сметки..
    А и тие 10% блокираат пошо долгот не е вратен а не пошо не му се свиѓаш на извршителот..

    2016та викаш? Од кога се сметките и какви сметки?
    Има и застарување на долг..зависи од сметките..дали е отпочната постапката за наплата во рок итн
     
    На cresa-jagoda и violetblue им се допаѓа ова.
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Застареност на сметки-ЗОО член 7.

    Оддел 4-ЗАСТАРЕНОСТ

    Чл.349, став 2:Застасреноста настапува кога ќе истече определното време со Закон во кое доверителот можел да бара исполнување на обврската.
    Став 3: Судот не може да ја земе предвид застареноста ако должникот не се повикал на неа

    Чл.350,став 1:Застареноста почнува да тече од првиот ден - денот кога доверителот имал право да бара исполнување на обврските

    Чл.367:За ЕДНА година затаруваат:
    -поарувања на надомест за испор. на ел енергија и топлотна енергија , гас , вода, оџачарски услуги и одржување чистота
    -пошта, телеграф, телефон, поштенски преградоци
    ....
    ЗАСТАРЕНОСТА ТЕЧЕ ИАКО ПРОДОЛЖУВААТ ИСПОРАКИТЕ
     
  15. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.791
    Допаѓања:
    5.425
    Штом е дошло до извршител нема веќе застареност. На застареност можеш да се повикаш само кога ќе ти стигне од нотар па да приговараш.
    Ништо конкретно не кажал членот за да се даде совет. Иако мислам дека не ни бара совет де.
    Постојат многу можни опции за тој што сака да го реши проблемот, а за тој што само сака да плука и да се жали, ќе си продолжи со истото и пак друг ќе му е крив.
    Се жалат сите од извршители, демек високо тарифи, па плаќајте ги сметките/долговите на време и нема да плаќате извршители, едноставно е. А ако сметате дека нешто не е по закон обратете се кај адвокат за да може да се вложи жалба или било што. А не со став никој мене ништо не ми може, па потоа дошло до огромна камата и трошоци па пак е друг крив.
     
    На Сара Лав и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    За да стаса до Нотар, мора прво СУД да даде ,,амин,,
    Ама, со Нотарот можеш да се договориш за рати.
     
  17. Diksidiksi

    Diksidiksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2017
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки
    Mozi d ami pisis inbox
     
  18. Mukoskim

    Mukoskim Активен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2021
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    KE VE MOLAM IMAM RATA OD KREDIT NO NE STIGNUVAM DA JA NAPLAKAM NATRUPAN SUM I BRZI... KADE STO GO ZEDIV KREDITOT IMAM TRAEN NALOG NO PLATATA JA PREFRLIV VO DRUGA BANKA KOJ SE POSLEDICITE?? NA MOE IME NEMAM NISTO ZIVEAM SO RODITELI...
     
  19. AngIv

    AngIv Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    823
    Допаѓања:
    9.040
    Веројатно веке имаш добиено опомена од банката, те бараат од Агенции за наплата, потоа ке ти стигне писмо од адвокатско друштво што ја застапува банката, од нотар каде што ке можеш да поднесеш приговор во рок од 8 дена, откако банката ке го раскине договорот со тебе ке бидеш даден на извршител, а извршителот ке ти ги блокира сметките што ги имаш. После тоа ке идеш кај извршителот ке се договориш тој ке ти сопира 1/3 или 1/5 од платата, во зависност од тоа колкави ти се примањата. Ќе си платеш за одблокорање на сметката и тоа е тоа.
     
  20. Mukoskim

    Mukoskim Активен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2021
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    Тоа одблокирање и тоа ке иде на рати?