1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Извршители

Дискусија во 'Правни совети' започната од none75, 8 јули 2012.

  1. Elenor

    Elenor Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    18
    Zdravo
    Bi sakala da prasam ako nekoj znae da mi odgovori dali bi mi dale vo banka kredit kade sto veke imam zemeno i sega bi sakala da go refinansiram toj i zemam drug redovna isplata imam postojano veke 3god no soprugot dolzi kaj onie brzi krediti pa znam deka gledaat i za soprugot dali dolzi. Me interesira dali bi mi dale konkretno za nlb banka jas sum redovna i sve ok no toj ima nekoi dolgovi so brzi krediti...
     
    На MartinS94 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MartinS94

    MartinS94 Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2021
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    Добравечер на сите имам кредит и кредитна поради лични причини и еден брз кредит еве веќе 15 дена каснам со уплата на кредит и кредитна кој би биле последиците? Ако неплаќам понатаму да напоменам имам една пријателка која ми е жирант и сум во лоши односи порано бевме многу блиски ми се нафати за кредито со цел банката да ми одобре повише дали и неа би досаѓале пто ако плаќа таа дали е тоа можно ? Во секој случај кој се последициве од сево ова ви благодарам однапред феминки иначе за исплата кредито и кредитна остана уште 12 и 300 евра или 750 000 денари.
     
  3. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    5.433
    Ќе ти тече камата, а на жирантот ќе му пратат известување дека ти не го плаќаш кредитот и ќе и мора жирантот да плаќа. Последиците се поголема камата, дополнителни извршни трошоци, блокада на сметка и задршка од плата и на тебе и на жиранотот. Жиранотот потоа може да те тужи тебе за износот што тој ќе го плати. Во секој случај ќе платиш многу многу повеќе на камати и трошоци.
     
    На cresa-jagoda и MartinS94 им се допаѓа ова.
  4. MartinS94

    MartinS94 Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2021
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    Хм за тоа дека може да тужи можеби но како и тој да плаќа и јас истовремено немие јасно можно е тоа? Иначе немам ништо на мое име живеам во куќа со родители немам ни кола додека таткоми во истата таа банка плаќа кредит на негово име можно е да му напрат и него или општо нив некој проблеми ? Јас имам 27 години сепак полнолетен итн.
     
  5. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    5.433
    Доколку ти не плаќаш ќе плаќа жирантот. Доколку ти плаќаш минимално , да речеме 1000 ден , а треба 4000, останатите можат да ги наплатат од жирантот.
    Нема врска татко ти со тебе, не можат ништо нему да му наплатат. Ниту тој да има било каков проблем во истата банка. Ама ти кога и да се вработиш ќе ти пуштаат налог на плата кај работодавецот. Инаку каматата ќе ти тече за цел период, а каматите не се мали, плус голема сума е кредитот.
     
    На cresa-jagoda и MartinS94 им се допаѓа ова.
  6. MartinS94

    MartinS94 Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2021
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    Земам 18 000 денари колку смее да ми задржува извршителот 1/5 или 1/3 и дали извршителот ке прати за 1)5 решение или јас треба да го барам одкако ке ме блокира преку решение или вбанка да ми го кажат откако ке ме блокира?
     
  7. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Извршителот со оглед на твојата плата тебе ќе ти земе 1/5 од плата.
    До просечната плата се задржува 1/5 а над просечната 1/3
    Извршителите често лажат дека 1/5 е за минималната плата за што повеќе можат да ти задржат но ти немој на таков блеф да потпаднеш и да бидеш изманипулирани. Доколку извршителот прати решение на 1/3 што е незаконски ти веднаш треба за незаконското постапување да го известиш извршителот во писмена форма со повратница или пак во писмена форма со твоето барање на два идентични примероци на кои извршителот на твојот ќе стави печат и архивски број по што е во обврска да ти го предаде тебе да го имаш како доказ.
    Извршителот извршното решение ќе го пушти кај твојот работодавец и тој 1/5 од твојата плата ќе префрла на сметката на извршителот останатото на твојата сметка.
     
    Последна измена: 29 октомври 2021
    На cresa-jagoda и MartinS94 им се допаѓа ова.
  8. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    5.433
    Ке прати решение извршителот каде треба. Само не знам колку е паметно да го развлекуваш кредитот. Дали 1/5 или 1/3, ти сам треба да сакаш повеќе да можеш да плаќаш за да не плаќаш само камати потоа. Сега додека немаш деца фамилија со твоите гледај колку можеш повеќе да исплатиш од него а не да го влечкаш со години само камати да се плаќаат. И не земај брзи кредити повеќе со оглед дека се плаќаат огромни камати.
    Пробај да плаќаш и месечна рата за кредитот, не мора да е целата. Пример ако ти е ратата 3000ден,барем 1000 уплаќај за да не те дадат на извршител. Потоа со извршителските трошоци, и камати ќе враќаш со години и години.
     
    На cresa-jagoda и MartinS94 им се допаѓа ова.
  9. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Според мене штом случајот стигнал до извршител најдобро е на извршителот 1/5 и ништо повеќе, бидејќи колку повеќе му дозволуваш извршителите толку си земаат за право да ги кршат законите.
    Треба толку ти следува по закон толку ќе ми одземеш од плата не преговарам за повеќе од 1/5
     
    На MartinS94 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MartinS94

    MartinS94 Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2021
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    Секој 1ви внесувам 4000 денари и со траен налог ги повлекуваат за кредитната од кој одкако ке ги повлечам ми задржуваат 1200 денари провизија а и друго во тие 1200 . Е сега на секој 10ти со траен налог кредито 11700 со тоа што да напоменам сум со плата во друга банка...а тука внесѕвав за двете во оваа пробав рефинансирање неможи голема е сумата како што реков 65000 кредитна и 685 000 потрошувачки кредит еве веќе втор месец немам платено само дзвонат ... Сум во работен однос но од приватни причини пошто имам и брзи кредити дури три вкупно 3000 евра ... Тие ги плаќав но со кредитов и картичкава кредитна ја утнав веќе 2 месеци..затоа ми беше прашањето што понатаму имам жирант но очекувам јас да плаќам со жирантот сме во никакви односи поранешна блиска пријателка .
     
  11. MartinS94

    MartinS94 Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2021
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    А ако сум договорен на 1/5 по некоја година добивам куќа на мое име а пред то редовно сум плаќал 1/5 по договор со извршителот смеј да ми гиба дома?
     
  12. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    И да си договорен 1/5 или 1/3 или и цела плата, нема никаква гаранција дека доверителот ако забележи недвижност на твое име нема да побара промена на средството на извршување и да тргне по имот, возило и сл.
     
    На NaumovPetre му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MartinS94

    MartinS94 Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2021
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    Дали е можно со адвокато да се договорам кога ке стигни адвокатско решение? За мали суми имав разбрано од пријател кога му стигнало од адвокат решение пред дастигне на нотар па извршител се слушнал со човекот и така направиле
     
  14. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Тоа зависи од доверителот какво овластување ќе му даде на адвокатското друштво кое што го застапува.
    Но во повеќето случаи адвокатското друштво нуди можност за потпишување на договор за да се плати долгот на рати но откако ќе има веќе правосилен нотарски платен налог за во договорот да ги вметнат нотарските и адвокатските трошоци.
    Во секој случај и тоа е подобра опција одколку да имаш нарушена кредитна историја и дополнителни трошоци за извршител.
     
    На MartinS94 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MartinS94

    MartinS94 Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2021
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    Да веќе дзвонат пола месец заминав ми се јавија им реков од приватни причини неможев да платам ми вели кога реков до кога треба можност до кога има но неможам веќе незнам како ке биде и као демек до петок наеднаш сите и пак ми дзвонеја не им кренав искрено имам жирант но нејќам нејзе да и додеват ако и додеват јбг ионака немам контакт па сега што ке биде незнам здравје ... Сега веќе и плаќам казнаа три рати по 6000 плус прва рата 8000 со судски трошоци на три рати поради собраќаен прекршок можеби треба и то да му го кажам..
     
  16. MartinS94

    MartinS94 Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2021
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    ...
     
  17. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Нема потреба ништо да им кажуваш, колку помалку инфо имаат за тебе толку подобро.
     
    На MartinS94 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MartinS94

    MartinS94 Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2021
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    Да не му се јавувам мислиш да чекам писма?
     
  19. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Ако те бараат од агенција за наплата воопшто нема што да разговараш со нив, кога ќе дојде писмо ќе договориш или ќе ангажираш адвокат што ќе си ја тера работата.
     
    На MartinS94 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MartinS94

    MartinS94 Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2021
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    Веќе втора недела каснам и со кредитна и кредит ми јавија од банка првично кога би платил .. им реков незнам имав некој приватни причини .. пошто ете една рата 6150 плус 2000 судски трошок башка уште две по 6150 ради собраќаен прекршок вкупно 20 и 450 ... Е сега натаму незнам како е постапката првично се јавуваат од банка потоа? И дали е можно некако да се договори пред извршител на мала сума на рати да се направи?