1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Извршување на заложен должник

Дискусија во 'Правни совети' започната од josdra, 15 јуни 2013.

  1. josdra

    josdra Активен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Пријател се појавува како заложен-хипотекарен должник за кредит за негов друг пријател. Во банката склучуваат дог. за хипотекарен кредит каде како дог. страни се јавуваат банката и пријателот. Во самиот дог. е наведено дека договорните страни (банката и должникот) се согласни да лицето НН како заложен должник остави хипотека (истата е цитирана во дог). По потпишување на дог. во банката, отишле на нотар, каде што е направен нотарски акт за хипотека, во кој како дог. страни се јавуваат банката како доверител, пријателот, како должник и мојот пријател како хипотекарен должник. Самиот нотарски акт како предмет е наведена хипотека и истата е заведена во јавна книга. Но, во самиот нотарски акт, во делот за извршност е додадена и клаузула на извршност со која заложнот должник изрично се согласува да за обврската на должникот одговара и со целио движен и недвижен имот (спротивно за Закон за договорен залог во кој заложниот должник може да биде и трето лице, кој нема обврски кон доверителот, но е согласен да одговара за обврските на должникот со хипотека и ништо повеќе). Должникот не е во државава, не го вратил кредитот и на мојот пријател му е одземена хипотеката. Бидејќи хипотеката е продадена под проценетата вредност, на хипотекарниот должник од страна на извршителот му е пристигната и забрана за плата (како да е гарант, а не само хипотекарен должник, односно, согласно ЗОО не договорна страна). На поднесениот приговор за неправилност во извршувањето, член 17 кој гласи дека пред извршувањето треба да се определи должникот и износот за плаќање (хипотекарнот должник не е странка во Догоовор и нејзината обврска престана со продавање на хипотеката), Основен суд 2, го одбива приговорот со изговор дека во нотарскиот акт имало клаузула дека гарантира и со целиот движен и недвижен имот, а членот 17, кој другар ми го напаѓа, судот вели дека хипотекарниот должник е должник при реализација на хипотека (а во случајот се работи за забрана на плата). Со реализација на хипотеката, неговата обврска престанува, согласно Законот за договорен залог. Тргајќи од тоа како размислуваат судииве по нашите судови, не е чудно и од страна на апелација жалбата биде одбиена. Ваше мислење, и насоки за понатамошно делување (доколку жалбата биде одбиена од апелација)