1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Изгледот лаже?!

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од yawn, 9 јули 2010.

  1. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    699
    Кој се има измаменоо вака и останал во чудење?Доволен ли е еден поглед за да знаеме каков е човек? Дали лицето е огледало на душата ? Можеби вие сте оние со тотална спротивност излед - карактер ? Чекам одговори и интересни случки :P
     
  2. badgirl12

    badgirl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    15
    Па.. да некогаш зад маската зад надворешниот се крие лошата душа ... затоа ии некогаш е подобро да не се проценува според изгледот зоќто изгледот може да лаже
     
  3. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    многу пати се имам излажано од надворешниот изглед. Еве на пр.имав во клас девојка која да не кажам изгледаше како ефтина к****, се занесуваше дека е манекенка, беше претпознатлива по одот(лошо,многу лошо)....и сите имаа некое искривено мислење за неа. И еден ден случајно некој муабет падна меѓу нас две. Се изненадив, девојката беше многу пријателски располошена, спремна за муабет , за совет. Надворешниот изглед кој што таа го промовираше, беше сосема различен од тоа што всушност е таа.
    Имало и др.пирмери, почесто кога јекој кој изгледа како човек од доверба и збор, да испадне дека е лицемер или лажго.
    Докажано е , дека во голем број од сличаите изгледот лаже. Тоа е како фасада која ја носиме за да се заштитиме од непријателите, а само пријателите може да не познаваат вистински.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    се сложувам дека изгледот понекогаш знае да лаже! јас сум жив пример! мнгоу често ми се случува да слушнам коментари од луѓе со кои сум се зближила дека имале поинакво мислење за мене! најверојатно првиот впечаток за мене им е дека сум разгалена (лигава), воображена и недружелубива :o ...но откога ќе се збилжат повеќе со мене, ќе ме запознаат подобро и ми велат дека сум спротивно од тоа што ме замислувале...дека не сум разгалена туку напротив многу амбициозна и одговорна, дека не сум воображена туку напротив сум многу комуникативна! ова не ми се случило еднаш или двапати...ми се случува скоро секогаш кога ќе се најдам во нова средина со непознати луѓе! од овде знам дека изгледот лаже! потребно е да им се приближиме на луѓето за вситински да ѓи запознаеме!
     
  5. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    Не е изгледот тој што лаже, може да не излаже нечие однесување кога гледаме од страна. Барем така е кај мене. На изглед никогаш не можам да го проценам човека, ама честопати се имам излажано кога го гледам некој како се шмизли и унесува и веднаш стекнувам лошо мислење за таа особа. Или пак кога гледам некој кој цело време се смешка или кога многу убаво зборува, стекнувам добро мислење. И во двата случаја некогаш се покажало дека не сум во право
     
  6. nenuska

    nenuska Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    461
    i jas mislam deka izgledot laze,i na mene mi se ima sluceno pred da zapoznaam nekoj da imam drugo mislenje a koga ke go zapoznaam sosem sprotivno od toa sto sum mislela
     
  7. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Не секогаш, ама во повеќето случаии лаже. Се двоумев дали да си го напишам моето искуство со такви личности, кои што ме зафркнале, кои што сите ги сметаат за најмирни, најневини, најдобри, ангелчиња, а тие всушност, се лицемерни. И нема да го напишам, затоа што ќе ме препознае некој, па и да ме препознае што, постовите се за читање напишани, ама не би откривала. Изгледот знае да лаже, не знаеш што се не се крие под невиното лице и влажните очиња, сето тоа може да биде маска, но кога тогаш се се открива зар не? Второ што помислив кога го прочитав насловот беше, убав дечко, дотеран, светнат од глава до пети, богат, се што и треба на една девојка гледано од физичкиот изглед, но однесување и култура -0. И за таму лаже изгледот, можеби некоја девојка кога ќе го види стокмен, среден ќе си помисли и дека е убаво воспитан како што му прилега, ќе го увеличува што не, но кога ќе го запознае подобро и ќе види како се однесува, сигурно ќе се покае.
     
  8. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    и јас мислам така, се случва за некој/а да мислиме дека е мн добар/а и на крај испага сосема спротивно :doh:
     
  9. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.311
    Допаѓања:
    4.758
    Незнам што личност сум ама никогаш изгледот не ме излажал :D Дали дека не ги судам по изглед .. тоа воопшто не ми е битно :^) Најчесто како што ми е првиот впечаток за некоја личност така ми останува до крај :D
     
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Дали изгледот лаже или не,мислам дека тоа е релативна работа.Лицето во никој случај не е огледало на душата,огледало на душата е карактерот на човекот,затоа што пример човек може да биде убав,преубав,а во карактер никаков,дволичен - лицемерен,егоист,злобен итн.,а може и да биде не толку убав,симпатичен,а карактер добар,искрен,нелицемерен итн.Сето тоа,а и во врска со темата е само релативна работа,иако во глобала е точно дека изгледот лаже,но сепак тоа зависи како што кажав од карактерот на човекот.Додека за да го запознаеш или добро да го познаваш човекот каков е,треба да го знаеш со години,за да процениш и да тврдиш каква личност е,меѓутоа и тоа е релативна работа,затоа што може некој и цел живот да се преправа дека е добар,да мислиш дека е добар,а е сосем спротивно од твоето мислење,само тој што се преправа,кога тогаш ќе биде откриен од другите.Доколку е некој вистински е добар,тогаш тој човек никогаш нема да направи нешто за да се посомневаш во неговиот карактер.Само кога некој ќе каже дека може да го процени другиот по изгледот,па и на прв поглед сигурно лаже.Сум видела секакви луѓе,нема да коментирам за тоа какви се целосно,изглед,карактер,затоа што можеби и не заслужиле да ги коментирам,додека за други ќе кажам секоја чест,луѓе и со карактер и со убавина.Сепак секој си е убав на свој начин,а убавината ја прави карактерот на човекот,не изгледот.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Се имам неколку пати измамено на изглед.
    И на други им се случило да имаат за мене мислење спротивно од она што навистина сум.
    На прв поглед оставам впечаток на дигната особа која сака да наредува и да биде главна (додуша ова до негде и е точно :$ :lol: ), а јас всушност не сакам да се наметнувам на луѓето и да бидам досадна.
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Уф и тоа како знае да лаже.
    Јас си имам едно генерално правило, баба ми викаше немој да се плашиш од тие што зборуваат гласно и се смеат. Плаши се од тие што намќорски молчат. Кучето што лае не каса. :lol:
    Милион пати се имам прелажано врз основа на надворешен изглед, поради присуството на такви стереотипи, ама животот ме учи поинаку. Токму затоа денеска на сите им давам шанса прво да ги запознаам, па дури потоа оформувам мислење за нив кое ќе нема никаква врска со изгледот.
     
  13. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    Лажи изгледот, лажи. :lol:
     
  14. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.738
    Допаѓања:
    8.146
    Пол:
    Женски
    Нормално дека лаже,само со тек на време и благодарение на искуството учиме се помалку да му веруваме.Во принцип секогаш сум имала извесна доза резерва кога е во прашање прифаќање на нови луѓе,но сега таа резерва е каде каде поголема.Таква сум,жив скептик и не се залетувам,а многупати се покажало дека сум во право.
    Сепак,се фаќам себеси како си оформувам некаква претстава за луѓе кои ги познавам сосема површно.А можеби не е тоа лошо,со оглед и дека не сум во некои блиски односи со нив.
     
  15. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Женски
    Да...ми се има случено и мене неколку пати изгледот да ме прелаже да верувам дека тој /таа има добар карактер...но се имам излажано...секогаш не го добиваме она што го очекуваме од некои личности...не значи ако тој е грд, нема став дека не е добар по карактер....лично на мене ми е поважно некој да те почитува отколку да е убав/а а постојано да те грди со зборови, да те понижува....можеби многу личности имаат мислење и за мене дека сум дигната...но јас не се многу замарам бидејки тие не ме познаваат ...јас го ценам она што го мислат моите пријатели, другарки ,роднини...тие најдобро ме познаваат а не некој странци кои прв пат ке те видат и веднаш да судат...затоа е подобро да го/ја запознаеш најпрвин личноста па потоа да судиш по изглед каква е....изгледот во некој ситуации и не е толку важен.... :)
     
  16. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    Лаже и тоа како .Пред вас ангели по вас аждери ...Не сите се разбира . :) ништо не останало тајно ..па на лицето некогаш маската ќе му падне и ќе се види дека изгледот лаже :)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Изгледот знае да излаже
    ми се има случено за личност пред да ја запознаам да мислам леле колку е дигната, а од кога ја запознав добив сосема друг впечаток што се испостави сосема спротивен од тој мојот првичниот.
    Викаат демек според изгледот можеш да го познаеш човекот каков бил , демек ако не е среден и таков е , ама не е тоа 100 % точно, зошто изгледот знае и да излаже.
     
  18. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Точно е дека изгледот знае да лаже. Многупати се имам излажано така, а еве неколку примери: За смрштен, намуртен човек, сум мислела дека е многу лош, а уствари тој бил мек како лепче; за пар кој изгледа дека мнооогу се сакаат, а тие само од корист заедно; за девојка која сум мислела дека е многу чал’мџика и дигната, а уствари била фер и пријатна девојка.
     
    На Keanu_R.Wick му/ѝ се допаѓа ова.
  19. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.547
    Пол:
    Женски
    Изгледот и те како знае да излаже, но млади сме, со годините ќе научиме да ги проценуваме луѓето.
     
  20. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.327
    Допаѓања:
    5.841
    Мене во повеќе случаи ме има излажано изгледот.Го гледам типов прекрасен,се запознавам и дури викам не сум запознала никој како него до сега..посебен беше.По неколку дена му падна маската испадна дека е најголемиот губитник во цела Македонија.Има и уште такви случаи кој не би сакала стварно да ги набројувам.
    И да изгледот лаже не секогаш,но лаже.