Доста често изгледот знае да излаже Колку пати личности кои на прв впечаток ми се чинеа дигнати , кога сум ги запознала подоцна се покажало спротивното и еве и ден денес ми се добри пријатели .
Ооо да! И тоа многу! Јас на пример кога тргнав во средно орвиот ден за едни две мислев дека се дигнати и мамини и татини мази, а они исто мислеле за мене хаха . Ама после се запознавме и сега ми се едни од подобрите другарки Затоа рекле, запознај па суди!
Јас лично имам некоја чудна `способност` да за 5 минути муабет можам да одредам карактер, некој дали лаже... А пак другите мене никако не можат одма да ме проценат. Никогаш од прва никој ме нема проценето точно.
За мене ретко кој погодил...ме прават постара , умислена , дигната...кога се запишав во средно мислам дека цел клас ме мрзеше имаа претстава дека сум дигната дека сакам да командам но .. подоцна ме ставија претседател на класот бидејќи видоа дека сум грижлива реална и ги сваќам проблемите на луѓето и нели ако можам да помогнам За други луѓе се почесто можам да проценам некого по изглед и прв впечаток...не знам како но ете ми се случува...а и ми се има случено и да погрешам фала богу
Според мене изгледот лаже и тоа во повеќе случаи...така кога ќе мислам за некого дека е добар како личност всушност излегува дека таа личност не вреди ни да се спомне...се разбира и обратно...затоа не секогаш можеме да судиме според изгледот
Да, и тоа како лаже. Затоа не треба да се суди според изглед или прв впечаток. Некој може да познаваш подолго време, а сепак да не го знаеш добро-покасно да си ги покаже рокчињата. Имам заприметено (не мора да значи дека секогаш е така) дека баш оние кои се насмеани од уво до уво, се прават фини и се “лигават“ со слатки зборови, пред тебе се “кукли“ а зад тебе “панукли“, се лицемерни и дволични. Или пак обратно оние кои на изглед се намуртени и не се слаткоречиви, може да се подобри по душа.
Да и тоа како лаже. Мене секогаш погрешно ме проценуваат па после ми кажуваат колку изненадени биле од некоја моја постапка. А и јас се имам излажано иако обично погодувам
Не можеш на пресудиш и да дознаеш каков е човек пред да го запознаеш. Можеме да даваме претпоставки за него но додека не дојдеме во контакт со него никако не можеме да го познаеме. По изгледот многу ретко скоро никогаш да се познае.. има некои изгледа како мислиш на мравка нема да згази а уствари е се спротивно.. исто така се случува и обратното.. Не само што изгледот може да излаже исто така и после многу време дружење со некој сфаќаш дека уствари не е добар човек. Има секакви луѓе, со одлични маски, лицемерни кои тешко ги откриваш дури тогаш кога ќе ти направат зло.. за жал така е. Според мене изгледот не треба да го земаме за пресуда кај некој кој не го познаваме.. само долго познавање може да каже се.. другото се е невистинито.
обично веднаш ги проценувам луѓето дури и по изгледот,но ми се има случено еднаш да се излажам и тоа мнооогу !!! Имав лошо мислење за едно девојче но по 2-3 наши средби мислењето сосема ми се промени.Потоа многу дружевме,ме испочитувала за се и секако и јас неа.Денес сме двете мажени иако живееме во различни градови(се омажи во друг град)сепак нашата комуникација не престана и кога имаме можност се гледаме.Значи држи вода муабетот дека изгледот лажеее!
изгледот и те како знае да излаже колку пати до сега ми се случило да запознаам некој фин со примамлив изглед а подоцна се покажало како најголем сељак што може да постои( ко јаболко го гледаш однадвор убаво, црвено, а кога ке го гризнеш црвјосано) истото и за девојче ја гледаш онака наивна фина мила, а после испага дека не можеш да и веруваш, и ке ти го загорчи животот кога најмалку очекуваш но со време научив дека не е злато се што сјае,искуството доага заедно со возраста
Често знае да лаже изгледот и тоа го кажувам од лично искуство. Многу луѓе кои на прв поглед ми изгледале добри, фини па дури и наивни подоцна излегло дека се злобни и расипани. Секако имало и обратни ситуации. Личности кои прво ми изгледале дигнати и арогантни се покажало дека се тотална спротивност на тоа. Затоа веќе избегнувам да проценувам некого на прв поглед и гледам прво да се запознаеме подобро.
Зависи сега ако видиш некоја целата силиконска,да не се знае што е пластика што не е на телото нејзино, со пет кила шминка,минич кога ќе седне да не кажам што и се гледа. И сега што можеш да се излажеш? А да оваа сигурно е новата модерна Мајка Тереза. Работава ми е дека изглед често може многу да каже,но не треба секогаш да се суди според него, бидејќи убавината е минлива,но карактерот останува секогаш ист.
Скоро секогаш изгледот лаже. Се сеќавам после првата недела во прва средно ги коментиравме децата со мојата најдобра другарка и никој не испадна таков каков што ни се чинеше тогаш
Многу често изгледот лаже, затоа и не треба да се оценува човек пред лично да се запознае. Јас за многу луѓе сум погрешила, а можам да кажам дека и за мене тоа се има случено...многу луѓе што ме знаат само "од гледање" имаат за мене мислење дека сум вообразена и некомуникативна, но штом ме запознаат и поразговараат со мене ми кажуваат дека сум сосем спротивното. Затоа и јас преферирам да ги запознаам подобро луѓето а не да формирам мислење за нив само по надворешниот изглед.
Изгледот лаже, не секогаш, ама лаже! Спојлер Еве еден пр. Бев излезена со друштво и баравме маса за да седнеме. Оддеднаш по улица поминува едно девојче, прва-втора средно, облечено во фармерчиња, јакниче, патичиња, пристојно изгледаше! Другар ми се врти и ми вика: Види ја онаа. Ја знаеш? И јас му викам: Ја познавам, ама не занесувај се, мала е за тебе! А тој ми вика: Епа не е баш мала колку што си мислиш! Дојде за први мај лани кај нас в село, а ние бевме собрани повеќе другари! Почна да се вртка околу нас и ова-она и се качивме четворица! Ај што ме зачуди ова, пошто девојчето беше ем мало, ем пристојно изгледаше, туку и колку селски се изразувала. На сред е*ење, рекла: Леле кољку ми е убо, ме фркет блажојни! Значи, премалевме сите!!
Изгледот на прв поглед , начинот на кој луѓето гледаат кон се она што е околу нив е различно перцепирано од човек до човек ,па и Луцифер бил ангел ,па на крај се претворил во најголемото зло на овој свет.. Повеќето глумат лудило -"леле па што сме фини,наивни ,им веруваме на сите слепо ,помагаме на сите..." ,а уствари после откривањето на маските се открива сосема друга персона Луѓето- посебно оние лицемерните се невидени камелеони ,се адаптираат на секоај можна ситуација ,па излгедот на ангелче може и те како да излаже и да те сј*бе ненормално ,па затоа поконзервативно прифаќање на нови личности во животот е подобро ,отколку залетување во облаци од прва...