Си постојат конкретни стандард стилови на облекување, со кои преку облеката и чевлите, треба да му доловиш на човекот спроти тебе некаква „лична“ фактичка состојба, за она како ти сакаш да се претставиш себе си пред него, односно: „кој си, што си, од каде си и зошто си“. Па, ако ваква манипулативна игра, постои, како добро осмислено правило, код на облекување (вклучително и код на однесување) да речеме во дипломатијата и политиката генерално и е стара колку и самите тие, зашто, тогаш нештата би биле поинакви во обичниот, секојдневниот живот, каде исто така секој сака да покаже некому едно нешто, при тоа да скрие многу други. И, Северина има мила, нежна и невина фаца, ама ете, филмчето покажа дека има прЉав ум. Така што, нити облеката, нити линиите на лицето се нештата што ми кажуваат многу-многу за луѓето, нити пак ми е посебно важно, како се облечени, дали според чевлите изгледа како да го прошетал/а целиот свет, или добрите му/и манири покажуваат дека во вените му/и шприца сина крв. Не, тоа е нештото што го забележувам кај луѓето, бидејќи многу повеќе ќе запомнам да речеме, што кажале, како го кажале, каков „театар“ од гестови ми приредиле, одошто ќе им го запомнам името да речеме Спојлер (ретко кога и им ги слушам, освен ако е потребно да го запомнам па го скротувам умов да не ми бега лево-десно, како што инаку милува) или ќе заприметам дека чантата што ја носат е на распродажба во Шутка (ок, не дека нема да приметам, ама едноставно не по тоа ќе го/ја оценам). Се помалку по изгледот, можам да проценам нечија возраст, всушност и мојата луѓето не можат да ја проценат, пак да не зборуваме за оние вечно младите луѓе порцелани, пластик и ботокс адиктед, многу се луѓето кои едноставно немаат, ама ги молзат домашните до последен денар за да потрошат на гардероба, само и само да движат рамо до рамо со кругот на луѓе со кои движат (тоа некако ни е стандард во градов наш, а верувам проблемот е и пошироко) и впрочем, може да си налинцкан, нашминкан, да смрдиш на парфем од 500 евра во минијатурно шишенце збран, а да се бањаш од празник на празник, дома да чистиш само кога мењаш намештај, пошто мораш негде да го ставиш новиот нели. И, она за девојчето, коментарот... во патичињата што и се качиле 4ца, јас многу и не би се врзувала на машки приказни, можеби бидејќи сум и јас женско, знам какви се шетаат меѓу нас, но... во резерва си го ставам обично коментарот на машките.
изгледот лаже ......ама не и мене никогаш не успеале таквите да ми ја продаат таа приказна дека се нешто поинакво од тоаа што навистина се
Лаже и тоа премногу во некои случаеви. Да тоа мирното во друштвоо што го имаме и што нон стоп го реметиме дека ни е најфино, единствено нормално суштество околу нас, што изгледа повлечено и си трае испадна сосема спротивното. Што не дознав(ме). Убаво си викаат испод мира - триста вира
Ах, колку многу имам да кажувам на оваа тема..но ќе бидам кратка. Едноставно-Неможеш според изгледот да знаеш дали јаболкото е црвливо или познатата Испод мира-триста вира. Многупати, делувам поразлично од она што навистина сум. Многу на прв поглед сметаат дека сум лоша, дигната и се дружам само со одбрано друштво. А нема врска..Толку сум со добра душа, сакам на сите да помогнам, воопшто не сум разгалена и се дружам со секој што ми одговара, не ги делам луѓето на високо или ниско ниво. И колку пати за некоја личност сум помислила различно од она што навистина е,па научив прво да ја запознаам личноста па потоа да судам. Спојлер Па, не бев баш кратка
Љочк си лин, те знам сега тебе. И баш кога со некој често се карам, со тој човек обично после ќе сум бфф. навистина изгледот лаже, пример-една другарка, таа учеше во иста генерација, но никогаш не сум и го чула гласот. И после сакав нешто да ја прашам, и цело време се шегувам, и кога оп-почна да се смее. Од чиста љубопитност, продолжив со муабетот, и таа всушност имаше некој израз на лицето, а не така, каква што беше отсекогаш- Се зачудив, навистина.
Очите се огледало на душата. Но постојат и такви кои се одлични глумици и може да ти се напикат под кожа но за срека јас бидејки бев еднаш измамена така, ми се разви оној сенс и на прв поглед успешно приметувам кој е искрен а кој не.
се согласувам со тхелиттле17 на пример ако си дебела те сметаат за лузер , глупава , нема стил и јас сум богата нејзе нема да ја дружам јас сум прав пример за тоа и многу ме понижуваа ама во душа навистина не сум таква:с
Никогаш не се знае од изгледот каква е личноста. Можеби е жив лицемер хаха Шала на страна, сите знаеме какви ѓаволчиња со ангелски лица постојат и тоа во огромен број !
Дефинитивно! Кај мене лично барем, првиот впечаток игра многу голема улога во тоа какво мислење ќе оформам за личноста и не секогаш било истото точно. Во секој случај, сум пружила шанса да се смени тоа, на подобро или полошо, па да се види кој каков е.
Понекогаш.. не секогаш. Еве кај мене е така .. првиот впечаток што го имаат луѓето за мене е најчесто грешен,ме доживуваат на некој друг начин. Можеби дека со непознати сум ладна и чудна.. ми треба време да се опуштам.Блазе си им на тие што имале среќа да ме запознаат подобро. Јас лично не сум имала некоја ситуација кадешто нечив изглед ме излажал.. можда пошо не се ослонувам многу на првиот впечаток а сум имала неколку ситуации кадешто првобитното однесување на некого се испоставило како лажно, а тој/таа на крај испаднал/а сосема друга личност
Да, дефинитивно изгледот лаже. Знаете она "Испод мира 300 вира". Не се верува на првиот впечаток затоа што не е се секогаш така како што го гледаш ти И во позитивен и негативен контекст.
Точно, изгледот лаже. Надворешната „маска“ не секогаш можеме да ја извадиме со само еден поглед. Можеби е Ѓавол со ангелско лице. Или крута и безчуствителна личност која во дното на душата е сосема обратно... Пример за мене скоро секогаш луѓето стекнуваат погрешно мислење бидејќи сум да „мртва ладна“. А исто така и јас погрешив за една девојка за која имав ужасно мислење, а и многу други зборуваа така за неа и и јас (за прв пат осудив личност без да ја запознаам) го стекнав тоа мислење, а искрено и така ми изгледаше. Девојката е другарка на мои блиски другарки и така се запознав со неа, и при првиот муабет што го направивме моето мислење за неа се смена. Препријатна девојка, многу племенита и добра. Сосема различ но од тоа што мислев....
Според мене изгледот може да го излаже само оној кој не научил да го процени во правилно светло!!!! До сега сите кој сум ги запознала и за сите со кој сум разговарала - моето прво мислење никогаш не ме излажало .... Секогаш сум била во право за каква особа станува збор... а за комплетната слика да ја осознам сум им давала и време за поправен но никогаш не било поправено моето првично мислење!!! Ако за некој по изглед од 1во видување речам дека не е за мене (дали како другар/ка или нешто сл.) , и не е !!! .........
никој неможе да процени од изглед...а и првиот впечаток многу често е грешен...секој си имаме свои мигови кога сме расположени и кога сме на лева нога станати...е сега како ке те начека човек така и ке мисли дури искуството не покаже
Се согласувам дека изгледот лаже, но има и некои работи кои може да ги дознаеме за еден човекот од деталите на него.На пример, изгрицкани нокти и искинати заноктици значи дека човекот е нервозен, неисчистени чевли означуваат некој што не се грижи за својот изглед или нема време...Сакам да кажам, општиот изглед лаже, ама деталите можат многу да ни кажат за тоа какви се навистина луѓето