Море не да лаже... Ако немаш доволно искуство да го процениш човек по надворешниот изглед , а и внатрешниот, ќе те излаже. Во второ одделение, во мојот клас дојде едно ново девојченце. Се викаше Верица - стокмено, дотеранко, среденко. Косичката уредно врзана во репче, облеката испеглана, чевличките неизчукани.Мирна, внимаваше на часовите. Си помислив: Колку внимателно девојче, сигурно добро ќе се сложуваме. Но како растевме, се подобро ја запознавав. Се изненадив . Го изневери моето мислење за неа. Стануваше лоша. Нон-стоп се каравме. Љубоморна беше. Размислуваше негативно за се. Добив ново искуство. Не си давам веднаш мислење за другите. Ги оставам да се покажат какви се самите.
Лаже , тоа сигурно. Некогаш и покрај некои луѓе што имаат убав изглед , тие се лоши. НО мислам дека погледот и неговите/нејзините постапки не лажат. Мора да се киксне некаде
испод мира 300та вира - поговоркиве некако како да почнаа да го имаат своето право и вистинско значење,секако дека изгледот лаже,со текот на времето и од искуства што се вели и од далеку ке можете да препознаете што е во ред а што не е па ке може да се избегне личноста (комплетно)
Дефинитивно.Знам девојка од маало абе на изглед ангелче,мирна а на секој 2 недели со нов дечко ја гледам Исто многу луѓе ми имаат кажано дека пред да ме запознаат сум оставала впечаток на многу лигаво и воображено суштество а уствари сум тотална спротивност од тоа. Кaко што кажа оливера испод мира триста вира
Секако дека лаже. 99,9 % лаже. Бар јас во мои ситуации сум потврдила така, а и јас сум таква, сите што ќе ме запознаат или видат мислат дека сум толку мила, тивка, повлечена, мравка не газам, а уствари обратното сум .
Изгледот не лаже, изгледот е константа туку нашата перцепција за одредената личност е факторот кој варира. Со текот на годините си доаѓа мудроста па се учиме работите да ги гледаме од повеке агли и перспективи, аналогно подобро ги согледуваме работите.
Освен една ситуација: типка облечена ко за пред мтв, игра на маса и крши чаши на `мешај мала` не може да биде интелигентна...
Во денешно време не само изгледот туку се лаже. Парите лажат Изгледот не е пресуден за карактерот на една личност. На прв впечаток ќе не излаже ама на првата реченица ако добро процениме, нема да не излаже. Зависи како перцепираме во дадена ситуација.
Изгледот многупати знае да излаже . Мислам сите се имаме сретнато со некоја личност што на почетокот сме мислеле дека знае да ги цени работите што ги поседува , знае да даде совет а после сваќаме дека гадно сме се излажале во впечатокот .. Јас не сум научена да ги гледам луѓето според изгледот оти многупати се потврдило спротивното .. Можеби треба да го гледаш некој спротивно на тоа што се претставува за да оформиш правилно мислење за него , барем во денешно време кога не се знае кој што јаде а кој пие
Јас не памтам да сум запознала некој, а да не ми кажел: "Девојче, не ми се верува каков карактер имаш, те сметав за вообразена, безчувствителна..." Освен тоа често ме прават постара, сите очекуваат да имам минимум 17-18 години. Кога почнав да го ширам кругот на пријатели, чудно ми беше кога ќе ми кажеа дека изгледам за многу постара, исто така и кога ќе ми кажеа дека мојот карактер е сосема спротивно на она што го очекувале од мене. Дел од луѓето почнале разговор со мене само да видат колку ме бива да направам добар муабет, и токму тие луѓе денес се едни од моите најблиски пријатели. Така да, не му верувајте на изгледот, лаже и тоа многу! Не можеш да го процениш подарокот или да откриеш што се крие во него, само според неговата паковка.
Еве за мене некој можеби мисли дека сум многу затворена и незборлива а не е баш така.Кога ќе запознаам некој добро не можам уста да затворам.И ми имаат кажано дека добиле некој впечаток за мене кој подоцна им се променил и затоа мислам дека изгледот знае помалку да лаже. И јас така пребрзо сум оценила некои личности но подоцна се покажало дека воопшто не е така.Затоа првиот впечаток не е секогаш точен.
Па да лаже, но лаже природниот изглед, додека облеката сами си ја одредуваме и мислам дека таа не лаже. Пример јас имам блед тен, плави очи и таква некоја фацичка, па сите мислат дека сум некое мило, нежно девојче, онакво романтично, добричко , а тоа нема врска. Кога ќе кажам дека слушам рок сте се чудеа Којзнае што мислат дека слушам, романтини балади, дека гледам романтични филмчиња и читам некои глупари романи, а нема врска. Ама ај откако се офарбав црвена веќе не ме гледаат дотолку така . Но сепак ако видам некоја облечена во минич од кој и се гледаат гаќите, деколте од кое и излагаат градите, на лицето 100 кила потемна пудра од нејзиниот тен, или пак бел како керамичка кукла, истапирана коса како на бугарска певаљка итн. неможе да биде спротивно од тоа. Не е само до мислењето туку и ми се покажало тоа точно. Сите вакви што ги знам се некои разгалени, ушмизлени, глупави девојчиња ( ок може има мали исклучоци, но стварно незнам зошто паметни и нормални девојчиња би си дозвололе да исзгледаат толку ефтино). Сепак за обратно може изгледот да лаже. иа многу примерно облечени, не се шминкаат, косата не си ја средуваат итн. а се најголеми шмизли и се многу самобендисани .... и искрено првите повеќе ги оправдувам
Јас никогаш не правам утка и секогаш можам да проценам дали човек е добар или лош. Едноставно е тоа,еден разговор и се проценува. Ако е самобендисан и себичен ќе зборува само за своите интереси,постигнувања и сл. Кога е дружољубив и те почитува ќе ти даде збор и на тебе.Ќе го интересира што мислиш и сл. Несакам да наведувам примери но јас секогаш човек го сакам и почитувам по тоа што го има и што го носи во него //срцето// .А не поради изгледот.
Дефинитивно изгледот лаже. Имам една другарка која на прв поглед изгледа како многу озбилно и затвворено девојче, бидејќи не разговара со тие што не ги познава добро и ретко се смее пред истите, но кога ќе ја запознаеш подобро сваќаш дека всушност и не е таква
Ми се има десено неколку пати некоја личност да ја мислам поинаква... Имаше една другарка која ми изгледаше како некоја што многу се филма глупира речено по мое и така нешто се фативме за муабет се зачудив многу ддобра личност на изглет така делува како крената ама да се заправиш муабет добра личност е иако напати многу ме нервирра што се филма ама психички е мила така добра личност
Сите ме мислат дека сум постара отколку што сум. Ме мислат затворена, па ги приметувам како се изненадуваат кога ќе се опуштам