Охооо, да беше личност изгледот и да имаше нос, ќе велевме Пинокио вафли да јаде! Мене ме има излажано многу пати. Понекогаш целосната слика што ја добиваш за некоја личност се базира врз неговиот изглед. Мислам, на прво гледање и на што друго? Штета на чело не ни пишува карактерни особини. Уствари, среќа за некои. Впечаток кога ќе видиш тотално разголена девојка со чељави батка покрај неа во кафиќ, дупло постар, сигурно нема да ти остави позитивно мислење. Ама во таа ситуација, изгледот лаже ли? Хух.. Милион примери има кога лаже и уште толку кога не.
секако дека изгледот лаже. Јас имав една сокласничка која изгледа како ангелче,толку срамежлива и добра. А всушност била курва која е добра само додека не го земе тоа што го сака од тебе
Изгледот лаже и тоа многу. јас со многу другарки сум се излажала така. ќе ми се лигави ќе ми се прави некоја добра но ќе видиш опп, ќе те остави сама кога најмногу ќе ти треба. то се се само маски. во денешно време никој не е искрен.
И тоа како лаже изгледот. Денес сите шетаат по улица маскирани. Треба време за да ги запознаеш, да ја симнат маската, па да ги процениш луѓето.
Да,изгледот лаже.Мразам кога некој суди по изглед.Јас не сум таква и не судам веднаш,мора прво да ја запознаам личност и да кажам дали навистина е добра особа или е еден/една кој/а има маска на своето лице.
Мене лично досега ничиј изглед не ме излажал на ниеден начин, за други... знам дека има луѓе кои се залажуваат.
Па да, верувам дека изгледот лаже и верувам дека не треба да му судиме на човекот по облеката, туку по душата, по однесувањето, по зборот. Ми се има случувано да судам по изглед, но потоа откако ќе ја запознаам личноста сфаќам каква е и дали е точна мојата претпоставка, односно моето судење. Сепак, не можеме да знаеме каква е личноста доколку не се запознаеме со неа, не видиме како се однесува, каков карактер има и се тоа... поздравче
Епа вака со мене, јас кога ќе здогледам некој, повеќето пати знам каква личнос е. Само по држењето и по погледот. Незнам што е ама понекогаш и сум во право! знам и кога некоја личност е малку налутена па да се пазам
Изгледот и те како знае да излаже.Може некој на прв поглед да делува како мравка да не гази,а уствари е покварен до срж.На сета среќа имам добра интуиција и до сега ретко кога сум се излажала во однос на некого.Често пати и другарките бараат мое мислење за некoja личност зошто прогнозите секогаш ми излегувале точни на крај
баш ! за многу луге кои се привлечни , згодни увидов дека се безобразни , без осет и многу дигнати ! но не е ова правило за сите ..
Не секогаш, но во повеќето случаи да! И тоа многу... Сум запознала многу луѓе за кои мислев дека се од доверба...но испаднало дека се лицемери, дволични, лоши, подли..... И обратно. Луѓето се такви, имаат многу маски, некои за да се прикријат, за да се заштитат или други само за да искористат..... Но не секогаш изгледот го покажува она што всушност е таа личност..
И не само изгледот, туку и однесувањето и зборувањето. Ако мене ме видете без ни еден збор за поделите со мене, веројатно би помислиле : замислачка, разгалена една, злобна, лоша, како да не постои никој друг освен неа, лажливка, нечесна и којзнае уште што... Но, кога ќе ми кажеш само едно “Здраво“ или “како си ?“ или пак “да се запознаеме“, среќавате една дружрљубива, мила, нежна, искрена, отворена, наивна и мнооогу, мнооогу срамежлива личност. Мојот проблем е во тоа што се однесувам (би помислиле “ладно“) срамежливо и без самодоберба со другите, ако не ми кажат нешто, јас пак ништо. Неможам да муабетам со старци или постари луѓе со кои не сум блиска, едноставно незнам на што тема да зборувам Ааааа, еве една случка од која се изненадив: Во школо дoјде едно ново девојче и кога прашала една моја другарка со кого најмногу се дружи и која и би ја препорачала за блиска пријателка, една на списокот сум била јас. Девојчето едноставно се збунила и мислела дека се шегува, затоа што воопшто добра не ме проценила, после мојот прв разговор со неа, ми кажа за ова, ми се извини и призна дека многу грешела досега, бидејќи со мене се однесуваше како со некој марсовец xD
Изгледот лаже, но луѓето и зборовите повеќе лажат и поумешно. Ретко кој веќе проценува некого на прв поглед, па според изглед уште помалку. Педантноста, дотераноста, среденоста не игра голема улога во карактерот на човекот. Точно е дека е убаво човек секогаш да е среден и педантен, но тоа не значи дека душта му е добра и намерите искрени. Порано често се лажев, денес гледам да ги тргнам на страна, и да ги раграничам, колку тоа некој изледа фин и мил на зборови, а колку на дела. Ако устата лаже, очите не лажат и таквите брзо се откриваат. И дефинитивно многу често за луѓе кои сум имала лош прв впечаток,подоцна ми се сменил за 180 степени, и обратно.
секако дека изгледот лаже треба некој добро да го запознаеш за да дадеш вистинско мислење за неа/него
Јас се немам измамено.Зависи за кој за некој да но некој луѓе можат да не лажат цел живот и да не ги отриеме.Лицето е огледало на душата 10%.