Да лаже и на добро и на лошо,за некој ќе помислиш лошо ке испадне грешка си,за некој ќе си мислиш дека е добар ќе испадне не точно
Изгледот може да лаже, затоа треба добро да се опсервира личноста, да не се избрзува со мислење, за да не бидеме изненадени од она првичното.
Сите ги лаже, само колку често, зависи кој колку добар читач е. Има луѓе што делуваат самоуверено во сѐ што ќе направат и кажат, а во еден момент забележуваш дека доволни биле два-три збора/контрааргументи за да бидат срозени. Некои луѓе пак, делуваат многу мирно и тивко, а способни се светот да го срушат ако им се пружи можност.
Ако човек е нервозен, исфрустриран, нонстоп се мршти, нормално дека некои брчки ќе се оформат баш на тие места и човекот ќе добие таква фаца. Нервозите, стресот, омразата исто така можат да влијаат на оформување на лицето, па и на погледот. Од друга страна, мил човек ќе оформи и мила фаца и мил поглед. Но сепак ова е само до негде. Има и добри глумци и глумици. Али затоа длабински муабет со некој не лаже. Лесно се приметува празнотијата, злобата, гневот, арогантноста или себичноста кај некои луѓе, но и добродушност, искреност, отвореност, понизност.
Обично е така, ама не мора да значи. Јас на луѓето им делувам невино, а грешка се, гледаш (читаш) дека сум лоша. Ама па можда душава стварно ми е добра.
Формирам мислење за сите според изглед и ко ќе се запознам лично сфаќам дека изгледот лаже и тоа многу..
Сметам дека цртите на лицето многу откриваат (читај-залажуваат) кој каков е, т.е придонесува на впечатокот кој се создава а некогаш е тешко и да се сузбие. Дури и личноста може така да се перцепира, да има таква претстава за себе, поради самите црти а да се чувствува поинаку внатре. Изразите на лицето откриваат повеќе, на пр. строг израз, педагошки израз, студен итн. Физиономијата е доста битна, но и опасна, затоа што некои луѓе се базираат стриктно на неа. Строго лице може да крие огнено срце. Волк во јагнешка кожа исто.
Се разбира дека изгледот лаже ако очекуваме да ни долови со каков карактер си имаме работа. Почнувајки од генетски одредената физиономија, па облека, па став. Се тоа кажува по нешто, ама не е "упатство за употреба " или класифицирање
Јас сум од тие луѓе што им треба време и време за да откријат какви навистина се луѓето. Обично, за сите имам добро мислење, но на крајот гледам за кои луѓе сум била во право, а за кои не..
Во право си. Изгледот и тоа како знае да излаже. Ме гледаш дека имам мила фаца, а всушност сум злобна.
Изгледот лаже. Сама си го имам почувствувано тоа пошо имам bitch resting face. 90% од луѓето ми рекле леле колку строг поглед имаш, си мислиш којзнае колку злобна личност некоја си, а кога ќе те запознае човек гледа дека не е така. Затоа и не судам по изглед, нема врска тоа.
Изгледот лаже, битно е да има убава душа и чисто срце. Ако твоите чувства проработат и било како изгледа и било какви мани ако ја сакаш ќе ја прифатиш како што ја/го дал бог и најбитно да не потфрлиш под други влијаниа и да не дозволиш да те премислуваат, пошто ти ќе живееш за незе а таа за тебе а не за другите шо ќе речат какви партнери сте т.е убави или не убави.