1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Изглед за на плажа

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Magnolija, 19 јули 2011.

  1. SarahTayMomsen

    SarahTayMomsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    650
    [​IMG]
    [​IMG]
    Дотерани? нема шанси тамо одам да се бајнам а не во дискотека или на свадба (па добро се прават и свадби на плажи) Шминка - никако! Косата фатена,очила,чанта,апостолнки и тоа! :*
     
  2. Star19

    Star19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    70
    Не, во никој случај не одам дотерана на плажа. Ставам само малку водоотпрна пудра, купаќите, нешто лесно за носење некое фустанче или сл., апостолки и толку. Знам дека секој си има свое мислење ама не можам да ги разберам оние кои се дотеруваат за на плажа. Ако на плажа одат со сандали на плута или штикли тогаш за вечерта во дискотека што ке облечат? Lady Gaga style? :lol:
     
  3. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Не одам дотерана на плажа , купаќите на мене , наочари и сандали .
    [​IMG]
    [​IMG]
    ИЛИ
    [​IMG]
    И САНДАЛИ
    [​IMG]
    (САМО НЕ СО ВАКВА ШАРА) .
     
  4. Princess.Serena

    Princess.Serena Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    102
    Не одам дотерана на плажа, само купаќи, апостолки, наочари може некоја марама или нешто наметка и толку! :)
     
  5. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.763
    едноставно..купаќи,наочари за сонце,ташна за крпа и крема за сончање..без шминка..вода ..и некоја наметка или фустанче или шорц и мајца зависи,апостолки и тоа е се
     
  6. Dinamickid

    Dinamickid Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    27
    За на нудистичка плажа,одлично иам смислно како ќе излезам !!
    Со пешкирчето на газето закачено,ммм
     
  7. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.071
    Допаѓања:
    17.212
    Пол:
    Женски
    за на плажа се знае купаќите,наочарите,некоја добра ташна за на плажа,апостолките и пареото
     

    Прикачени фајлови:

    На Dinamickid му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
  9. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Како што треба, како што секое нормално женско се облекува, купачите, шешир, марама, наочари апостолки и фурам :D
    Секогаш сите креми ги земам со себе, а верувајте носам едно 5 различни фактора :D
    Ташна најголема на свет, со сите тие креми во неа, лабело, обавезно списанија, книга, и телфонот за музика и наочарите на глава :)
    Во послесно време практикувам да носм некое прозирно фустанче што е само за на плажа.
    Често си земам маичка со кратки ракави за да не горам по пат до плажа.
    Ги меркам на асос оние туникине за на плажа а и целозните комбилизони, ќе се подновам летоска со некој од нив :)
    Без шминка, штикли и други разни глупости.
    Не се пеглам НИКОГАШ, јас за искачање се фенирам не се пеглам па за на плажа.
    Косата собрана во репче или пунџа, ретко пуштена.
    Знам да носам некогаш некоја алка но ретко, не се воопшто практични...
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  10. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.744
    Допаѓања:
    130.758
    Најубаво ми е кога одам само да се испливам, па носам само купачи и гумени кломпи. Ни пешкир, ни облека, ништо! Косата главно фатена, да не ми се мавта пред очи кога гњурам.

    Еве вакви слични ми се
     

    Прикачени фајлови:

    • Kupaci.jpg
      Kupaci.jpg
      Големина на фајлот:
      8,6 KB
      Прегледи:
      336
    • Crocks.jpg
      Crocks.jpg
      Големина на фајлот:
      25,3 KB
      Прегледи:
      336
  11. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    Очила, голема чанта за на плажа, убав костим за капење, апостолки, косата во пунџа или реп, лицето чисто без ни грам шминка, само лабело или сјајче на муцето и тоа е тоа.. Дури да стигнам на плажа носам една бела ептен проѕирна кошулка со ластик од едното до другото рамо и краток џинс :) .
     
  12. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.293
    Допаѓања:
    16.697
    Купачи, шорцеви и маичка, апостолки или римјанки, напочари,ташна за на плажа со крпа, крема за сончање, грицки, телефон, пари, вода, и то је то. :)
     
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Шминка??? :o Јас за излегување слабо се шминкам, а не пак на плажа :^)
    За на плажа врз бикините носам некое прозирно фустанче или пак кратки шорцеви или сукњичка и обична маишка, некое топче или рамбовка. Апостолки и ташна со средна големина, не носам многу креми и чуда, доволно ми е крема и масло, лабело, книга, телефон со слушалки, паричник и еден пешкир.
    Носам шешир, очила за сонце, косата ми е во пунџичка или пак во плетенка, а неизбежен детал ми е цветот во коса, обожавам цветови во коса, посебно на виткана :)
    Накит не носам во никој слушај, тотално непрактично ми е, ниту саат не носам. Носам само алка на ногата, и мене ми е тоа многу секси :P
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Купаќи, марама, апостолки,наочри,шешир, голема торба (а во натре-остатокот,се што е потребно за на плажа)
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.105
    Абе отварам каталог од Голден поинт,Палмерс и Викторијас сикрет и правам комбинации за секој ден! Ниту една комбинација да не ми се повтори и точка! А секое утро мојот млад дечко од 65 години ми испраќа по еден свежо набран хавајски цвет и го испраќа се до Трпејца,за да можам да го ставам во мојата коса...љубов! :$

    Абе многу ми се смешни жените кои одат на плажа,со ... алки,обетки,ланчиња и ШМИНКА. Шешир кој го носи само на фотографии и е елегантен и ЦРН... Да,те молам носи го.Постојано. Црното привлекува зраци. Ќе ти се свари главата и ... толку. И НАЛАНИ на онака бе,еее минимално штикличе! Тамам да прави дупчиња и ти по неа расад да пушташ. Распуштени коси тоа на сите страни и оп...вечерта грбот бел,кај што била косата... Тоа наочарите не ги вади,не гииии вадиии зошто ако нема шминка, ќе ја наруши таа аура на совршеност,а и да носи,наочара увек крие гадна фаца! Е сеа дали се оние ветробрани кои фаќаат цела фаца,ох секако тие стојат на сите,особено на оние со исклучително непретставителни црти на лицето или добро познатите реј бан,кои наводно стојат на секоја фаца. Не стојат хани...не знам како да ти кажам,ама не,не стојат. На долга или на шпицеста фаца,не стојат,помири се,иако се асоцијација на бед ес,сексипилна женска.Ама во твојот случај,не душо моја.И сега доаѓа моментот,ОНА НЕ ВЛАГА У ВОДА ЧОВЕЧЕ ЦЕЛ ФАКИНГ ДЕН!!! За да не си го расипе евтиниот лук. Хеееј,овој евтин изглед кошта и време и пари,нема што ти тука некоја си да ми кажуваш дека има МОРЕ освен фотоапарат,кафич и лежалка. И јас глупава! :( Девојчето ладна правело од сабајле,да ја мокри сеа,па пудра после тоа да става,па дур се накити... ехеее... Абе чиниш е у Ница на некоја јахта која ќе отплови се до некое рајско место или Беверли хилс,место на педалинка у охридско,она мисли дека е на Атлантски на некоја јахта. Па и од педалинка у егејско исто ти се фаќа,ужас. И да не ги заборавам купачите со пуш ап ефект. Сериозно,кого заебаваш?!


    Мислам,да не ме разберете погрешно,шо сакаат нека праат,јас сум за сеирот тука! :D Мора да постојат и вакви во овој гаден свет,да ни ги засмеваат деновите,да ни ги збогатуваат,да се ко макарон посластица,ко што знам... олеснување после опстипација...Да се изнасмееш поштено...

    Мојот лук е,врзувам коса, облакам фустан,купачи,апостолки и огромна ташна и не мора сите да се ускладени со боите.Тоа е правилото,да не мора да се ускладени боите...точка. На одмор сум! Ало! На одмор!!! И не носам додатоци,ме повредуваат и ми гребат технологија по ташна или ги губам,а и нема потреба едноставно коа не носам суво злато туку сум бижутерија човек и со моите 354305350 влагања у вода и нивно невадење ќе се уништат,а јас да трошам време за бањање на раскитување,нема шанси!А-а! Добро,освен џинџурките кои задолжително ги носам ко амајлии енд став,а тие никад не ги вадам дури и коа се бањам по дома.А алка на нога ко аксесориз само за на плажа,мене не ми е,јас у текот на целата година на лева нога носам една алка со значение разбираш и СИТЕ ГИ НЕРВИРА,особено мајка ми,ми е гајлееееее! :D Наочари не носам,зошто ме нервираат,ме потат,ми служат за косата.Ако треба збрчкана че станам на 25,плус...со диоптер треба да носам нешо шо не сакам,а ме кошта мини богатство кое ќе го скршам пошо не пазам. Не сум пицајзла ко ХИИИИИИИ ПАЗИ НАОЧАРИТЕ,ЛЕЛЕ НАОЧАРИТЕ,ЛЕЛЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ НАОЧАРИТЕ. Колку се нервирам кога некоја вака ќе ми се онади за наочарите кои не вредат пет пари...ама сериозно. Во прв момент се стресувам,викам дала женава 5000-10 000 за истиве....ахам.Да!
    За мојот изглед се погрижува ај донт гив а фак,на одмор сум и мојата имагинација со име,како ќе ми прдне денес!
     
    На Zivyle, BeYourself, Ordinary и 9 други им се допаѓа ова.
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    Јас сум ко бог да чува на плажа :rofl:

    Ако видите некој у најдубоката сенка, како постојано се премачува со најјакоо млеко тоа сум јас :devil:


    Сето тоа зачинето со маица со подолги ракави, шорц со тенденција да е подолгичок крпа врз прстите кои ми зиркаат од апостолка и капче и наочара за кул еффект :emo: :rofl:
     
  17. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.029
    Со која душа чекам лето не можам да опишам. Инаку апостолки, купачи, и врз нив фустан/марама. Торба, пешкир, млеко за сончање. Ништо со ништо не ми одговара и ич не ми чуе. Наочари, ластик за коса, слушалки, книга/весник, карти, итн итн. Шминка ни во лудило на плажа не носам, па ни лабело кое е всушност штетно на +40 на сонце изложување. Храна и вода не носам, ако ми се јаде или пие по околина барам.
     
  18. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
  19. beautiful11

    beautiful11 Активен член

    Се зачлени на:
    1 март 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    Одам дотерана на плажа и ич не ми е гајле дали другите мислат дека тоа е во ред или не е. Сакам секаде да бидам цаком пакум без разлика дали одам во тоалет, на плажа или на скијање. Со мене понесувам мала ташничка и одделно кесе во кое што ми стојат крпите. Во ташната обично носам шминки и млеко за сончање. Носам нараквици и обетки, но не ланчиња или прстени. Косата обично ми е врзана и дополнителен додаток-цвикери за сонце. Никогаш не ги губам работите на плажа а без апарат за сликање не излегувам од дома. Да тоа сум јас и ми се допага тој начин на одење на плажа. Влегувам во вода се бањам, но не ја мокрам главата и лицето. Не носам штикли или високи потпетици, се знае ниски сандали или маринки за на плажа. И тоа е тоа па ајде веке нека доага ова лето го чекам со месеци веке :rofl:
     
  20. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Само неопходните ствари.
    Купачи - едни на мене други во ташна (во случај да се бањам пред заминување, па да не сум мокра)
    фустанче за на плажа или шорц/сукња со маичка, апостолки или гумени сандали, шеширче или капче,
    очила за сонце (што ретко ги ставам) и огромна ташна во која има пешкир, млеко и масло за сончање, крема за лице и лабело со заштитен фактор, шишенце вода, книгичка и во мал несесер пари и телефон.
    Косата секогаш ми е собрана во хаосна пунџичка. Од накит не носам скоро ништо. Дури и прстенот и саатот што постојано ги носам ги вадам. Не сакам да ми се познаваат посветли траги на кожа, затоа и купачите ми се без бретели. Е сега штом почне сезона на сандали јас си го ставам прстенчето на ножен прст и тоа стои таму се до крај на лето.