Костим за капење , некое си лесно фустанче , наочари за сонце , вода , крема за сончање , торбица, апостолки или сандали Шминка дефинитивно НЕ
Жените сакаат секогаш да бидат средени и совршени,па дури и на патот од хотелот до плажа. Јас најмногу ги сакам кафтаните и тенките кошулки.Во исто време ми се и практични,лефтерни за на плажа,но исто така и ми изгледаат преубаво,лелеаво,летно. Од модните додатоци омилени моментално ми се големите шешири и сламените торби,покрај наочарите кои секогаш се неизбежни. Накит на плажа не сакам,само големи цветови во коса.Совршена комбинација за со некое коктелче
Па не замарам многу за мојот изглед на плажа. Едноставно најбитно ми е да имам костим за капење, некои убави апостолки, ташна, ама не многу голема, каде што ќе си ги ставам најбитните работи за на плажа, како што е на пр. крема (млеко) за сончање, мобилниот... Може да си носами некое шеширче ако ми текне На себе најчесто си носам некоја маичка со шорц, но исто така сакам и кратки летни фустанчиња. Тоа е тоа.
Бикини, апостолки, некое фустанче, ташната за на плажа со сите потребни работи внатре, може да се случи и некои обетки,ама не секогаш, од шминка водоотпорна маскара и евентуално може и некое сјајче зашто по долго стоење на сонце устата ми е сува. А да, и наочари за сонце.
Сакам да изгледам убаво кога одам на плажа и се трудам да бидам во тон. На пр. летово купив сини купачи со цветови, си купив маичка (само поголем број) и ја носев како фустанче, плави апостолки и имав бела торба со посветли и потемни линии на плаво. Мислам дека изгледав интересно.
jas nosam shminka na plaza taka se custvuvam podobro , ne gledam nisto loso vo toa , a obozavam i bel kostum za kapenje , neon pink ili leopard najubavo na mnogu izsoncana kozha
Јас за на плажа одозгора носам шорцеви и маица или понекогаш фустанче. Одоздола бикини(никогаш не носам костим). Корпа, наочари за сонце, крем, пешкир, книга, карти, мобилен, наовчаник, апостолки и ластиче за коса, а понекогаш и шешир ист како на сликата од the.vampire.girl.
Шминка не! Спреј за тело ( не парфем ) дводелни купачи марама врзана одозгора наочари за сонце чанта така поголема по можност Некоја интересна фризура сандалки нокти на нозе и раце обавезно средени и така ...