1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Изгубени (Lost)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Phyramide, 6 јуни 2011.

  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Lost - една од најпопуларните американски серии на изминатава деценија.
    [​IMG]

    Лично за мене можеби најдобрата серија која со нетрпение ја очекував и следев без здив. Излезена од работилницата на J. J.Abrams, Jeffrey Lieber и Damon Lindelof.

    Јас им се поклонувам на дечкиве затоа што начинот на кој што беше создаден и осмислен серискиов е уникатен. Почна како необичен трилер, понекогаш дури и хорор за потоа да се развие во тешка психолошка драма која ги следеше судбините на Џек, Кејт, Сојер, Хуго, Чарли, Џон и ред други, заробени на еден навидум обичен остров. Јас ретко следам сериски особено не следам онакви слатки, лесни лимунадести американски, затоа што ми се здодевни и предизвикуваат R.E.M. на моите очи (copyright - Теодора). Но овој, овој ме остави без зборови со секоја епизода која следеше. Едноставно ме маѓепса.

    Дали го гледавте серискиов и какво е вашето мислење? :)

    Лично мене сите ликови ми оставија длабок впечаток. Џек го сакав, затоа што е идниот татко на моите деца :!: :D
    Кејт ми беше се она што една секси женска треба да го поседува.
    Сојер - кој може да остане рамнодушен на неговиот сарказам?
    Хуго - ах Хуго и неговото - duuude!
    Хобитот Чарли... :lol:

    Џејкоб :x

    ....и навистина многу други ликови. Секој уникатен, секој од нив со причина на островот.
     
    На Beauchamp, lolyta777 и k.i.m им се допаѓа ова.
  2. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Пирамитке :clap: за темата.
    Lost e мојата омилена серија. Ја гледав додека ја даваа на А1, ама буквално без да трепнам.
    Ниту еден момент не беше досаден во серијава, абе да тркнеш вода да се напиеш дури трае, и обавезно губиш некој битен момент.
    Штета што кај нас не го даваа како што треба, ги враќаа сезоните, па пауза неколку месеци и се изгубив, па не ми текнуваше на некои работи :| И пак, последната сезона не ја имам гледано.
    Омилен глумец, а воедно и најубав ми беше Бун :inlove:
    Исто пофалба и до женските сите до една беа убави со минимална шминка.
    И Џек беше закон, а Соер ми беше многу интересен :lol:
    Алал да му е тимот што го создал филмов, секоја чест, се беше перфектно осмислено :bow:
    А, да, како ме нервираше тој идиотот лошиот со големите плави очи, како се викаше го заборавив, уф не можев да го поднесам :devil:
    Едит: Ми текна, Бен :punch:
     
    На viki44e и Phyramide им се допаѓа ова.
  3. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    За среќа, ова ми е изгледано па нема како кај Хртс да се предумам :D и ќе кажам серијава ми премина од омилена во најомразена.

    Не сум спиела заради Лост, сум барала стримови за да можам епизодата уште одма да ја гледам, сум прегледувала епизоди и сум останувала со подзината уста. Првата сезона - Факинг амејзинг. Понатаму се посмотани и посмотани ми стануваа сезоните, серијата од најдобра, ја направија научна фантастика со многу нереалности и нелогичности за да заврши најглупаво што може.

    На крајот ми идеше како еден од јутјуб да станам и да го фрлам лап топов. Воопшто не требаше толку да комплицираат, статуети, мечки, црни чадови, работи кои никогаш не ни ги разјаснија а толку ги заплеткаа.

    Џек не ти го давам, мој си е :lol:
    Сојер ми беше најдобриот лик (јас и негативците :D )
    Кејт ми беше многу моронски лик.
    Хуго ми беше најсмешен.

    А да најголемата грешка беше што го убија овој лик
    [​IMG]
    [​IMG]

    Што ми се превртува во главава кога го гледам не кажувам, мудро ќе си молчам :D
    Среќа во the vampire diaries си го гледам :D
     
    На 1209 и Phyramide им се допаѓа ова.
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Да да Бен :D Добра фаца избрале, дефинитивно иритира, впрочем како и самиот лик :) И мене страшно многу ми идеше на живци.

    Инаку и Мира Фурлан се појавува во серискиот, јас воскликнав кога ја видов.

    А како само претпоставував дека Бун ти се свиѓа :wasntme:

    Уф Кимче трк да ја симнеш до крај, одличен е крајот. Ме остави :x

    Дезмод ми беше интересен од почеток, дури да се навикнам на неговиот шкотски акцент, јао мори мајко, дупли превод ми беше потребен :D

    Мислам дека се што е спомнато во серискиот, ништо не е излишно. Дефинитивно одлично измислено сценарио.

    Sawyer имаше најдобра палета на надимаци за сите. И што и да кажеше ме смееше до коски.
    Некои од цитатите, иако мислам дека се што кажуваше вреди да се напише. Едноставно се премногу.

    "Doctor playing golf. Woo, boy howdy, now I've heard everything. What's next, cop eating a donut?"

    Kate: Where did that come from?
    Sawyer: Probably bear village. How the hell do I know?

    I don’t know if you Islams got a concept of karma, but I get the sense this island just served you up a heapin’ platter of cosmic payback.

    Looks like we've got ourselves a theft... Who's gonna call the cops?


    :rofl:
     
    На k.i.m и Sparks им се допаѓа ова.
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Јас бев фан на серијава, но посебно првите сезони. После ми ја расипаа серијата.
    Посебно што ја пратев и редовно после секоја епизода читав коментари за истата од луѓе од целиот свет кои ја гледаа и ако првата и втората сезона ми беа перфектни, веќе понатаму почнаа да се губат сценаристите во целата серија. Направија големи грешки, направи неколку лапсузи во стилот на заборавија на некои работи во претходните сезони и направија каша попара.
    Заборавија да објаснат милион работи, а некои еднаш на еден начин ги објаснија, друг пат на друг, па откако заврши серијата решија сценаристите поради поплаките на гледачите да издадат како мини филм во продолжение, али не знам до кај им е тој план и како се реализира.
    Битно знам дека имаше многу незадоволни гледачи, а и Лост требаше да има многу повеќе сезони, но решија да прекратат порано и наместо оние 22-24 епизоди во просек што ги прават во една сезона, ги скратија на 10 помалку епизоди.
    Така да јас за серијава имам и позитивни но и негативни зборови.
    А Џек го сакав ептен, уф каков маж.
    А Соер мх мх мх хо посакувам :)
     
  6. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Малку офтопик, гледан ви е FlashForward?

    Истите сценаристи се од Лост, а и Чарли глуми таму :)
    Е тоа беше серија и пол, штета само 1 сезона што издржа. Макар што можеа и неа да ја расипат, вака со една сезона ми е меѓу омилените.

    Инаку јас си бев тим Кејт/Соер. Многу ми одговараа, Џек си го сакав за мене де :D
    А да и улогата што ја имаше Emilie de Ravin беше одлична. Добро го осмислиле сето тоа со трудниците.
    Ама пак ќе кажам, имаше многу работи што беа непотребни посебно во последната сезона.
    Кога веќе сценаристите знаеја дека е крај, подобро ќе беше да ги отплеткуваа работите, а не уште толку да заплеткаат за на крај да не доразјаснат.

    Но добро, некој е обожавател на Лост заради тоа како е доловена приказната, а не на сите елементи кои ги воведоа.

    Сепак секоја чест за идејата за нешто ново и поразлично.
     
  7. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Кејт и Џек најубавиот пар :inlove:
    Прва епизода што ја гледав ми беше кога го убија Чарли мислам се викаше типот ( со плава коса некаде на почетокот на 1ва сезона ) и отогаш не пропуштав.
    Многу, многу ја сакав, иако ми беше страв до касно останував само да ја изгледам.
    Тешко заспивав, со тек на време почнав да гледам без глас и некако помалку се плашев :lol:
    Како што рече росоњерка ја расипаа серијата после, ја искомплицираа, тешко крај со крај да сврзеш.

    Ме интересира дали некој знае како заврши ?
    се шпекулираше дека во лудница ќе се разбудат така некако.. :?:

    И во неколку епизоди се појавуваше една хрватска актерка ако ви текнува.
     
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Пинкче, да де, спомнав, Мира Фурлан - во улога на лудата Французинка, таа мислиш нели? :)

    Него не знам дали да кажуваме како завршил серискиов а? :?:

    Абе, девојки, признавам дека можеби имало пропусти ама јас не ги забележав :wasntme:

    Се забележа дека е скратена серијата, дека избрзале, дека набрзински ја завршија на крај, тоа да.
    И мислам дека се работеше за втората или третата сезона кога малце ја затупеа. Ама потоа се врати пак во сета светлина.

    Мене ми даваше смисол се што беше спомнато, кажано итн. Ваљда добро сум ја разбрала.
    А можеби сум изоставила некои детали. Но сепак целовкупниот впечаток ми беше одличен.

    Е да и јас сум Кејт/Џек тим :D
     
    На pink4ever му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Загледав сосем малку, нецела прва сезона.
    Моето трпение е кревко, серијава just doesn't cut it or me.

    Кејт.
    Каде да почнам?
    Како актерка и како лик во серијата ми е целосна утка.
    Кретен.
    Антипатична ми е до смрт, ако нешто ме иритира тоа е нејзиниот лик.

    Другарка ми манијачно ја гледаше, и сосем се разочара, слично на Спаркс и Роси.
    Истиот коментар го имаше - каша попара и зажали за потрошеното време.

    100 пати си помислив да ја симнам цела и да ја изгледам, и 100 пати наоѓам поинтересни серии за гледање.

    Lost... I'll pass.
     
  10. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Колку ја гледав серијава порано, најомилен ми беше. Ама после почнаа малку досадна да ми станува со тоа бункерот. Најомилен лик ми беше таа бремената, и’ го заборавив името.
     
  11. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Абе американска глупа работа. Кардашијан и Биг брадр имаат милионски гледачи, рушат рекорди, а една одлична si fi серија нема гледаност и ја укинуваат ради тоа. Мамето нивно, сите добри серии ги прекинаа

    Лост ја обожавам. Не сум спиела со ноќи чекајќи епизода нова. Ако го занемариме глупиот крај тогаш серијава е врв, најбитно е дека ми предизвикуваше возбуда секоја нова епизода, секоја нова мистерија. Иако заврши според мене најглупо на свет сепак 6 години ја гледав без да трепнам и тоа ми е најбитно. Не ми е поентата да гледам досадии цело време и после добар крај.....тука немаше досадна епизода. Мада како што привршуваше се повеќе бев скептична дека ќе успеат да ја расплетат приказната. И Абрамс самиот појма нема каде заглави :) вметнаа се што можеше да и текне, за на крај да нема никаква поврзаност. Ама јас лично пак си ја сакам :) приврзана сум си некако

    Инаку Соер уф, мажиште ипол. Докторот ми беше плачко
     
    На green.eyes, Sparks и Phyramide им се допаѓа ова.
  12. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Ја гледав порано кога ја даваа на А1, бев буквално опседната, после почнав да се губам, ми стана без везе некако.
    Омилен лик ми беше Чарли, многу ми беше срцкаст некако. И хуго д дууд.
    Ама сепак, еден и единствен, незаменливиот Соер. Улогата беше како скроена за него, па уште со тој изглед... Ме тераше на грешни мисли уште од мали нозе :lol:
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  13. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Уф како да почнам...првпат дознав за серијава од сестра ми, си ја гледала на работа на нет. за време на кафе пауза, а јас пуста новопечена мамица...(јас самата бев ЛОСТ :lol: ) појма немав и дека постои серијава, а не камо ли да ја гледам.. :$
    И сосем случајно се погоди да ја даваат прво на една од кабелскиве канали...таму ја загледав.
    Ми се виде интересна, не...не интересна...фрапирана бев :o и и` дадов задача на сестра ми да ми ги симне од нет. Секоја прилика ја користев да изгледам епизода..се сеќавам имав уште еден испит до дипломирање, учев како луда само за да имам време навчер кога ќе ја заспијам малата да изгледам барем 2 епизоди...
    Морам да признаам дека не ја догледав до крај...не ми ги симна сестра ми сите сезони, па така имам гледано само онолку колку што даваа на А1.

    Интересна ми беше затоа што беше полна со мистерии, пр. тој црниот чад...што по ѓаволите беше тоа :?: потоа како и од каде се појавуваа коњи и сл.
    Малку се изгубив кога се вратија на островот и кога летаа низ минатото, сегашноста и иднината...како на пр. Лок умира, а потоа пак го има :^) ...ама добро, не ја догледав, па затоа не ми е баш јасно и плус таа сезона не ја гледав редовно.
    Еве сама си ставам обврска да ја догледам...кога ќе завршам со Борџии :lol:

    Омилен лик-Соер..
    Мене типов ми зрачи со сексипил, дали поради сарказмот, дали поради изгледот...не знам, ама не ме оставаше рамнодушна...и како само за сите имаше надимаци :lol: ...ептен јак лик.
    Од друга страна...Џек :inlove: -Ах Џек...за Џек, ноу комент...

    Морам и Хуго да го спомнам и неговата манијакална симпатична опседнатост со бројките, буцкото Хуго-дуд..и Саид-мај фејворит терорист.

    Кој ме нервираше?....Лок, не знам зошто ама толку ми беше антипатичен |( и малото исплашено лигаво човече Бен.
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  14. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.087
    Ја следев...Топ серија..
    За да сфатам што всушност се десило..треба да ја гледам наредната епизода..
    Потоа тоа пак се повторува и пак и пак..и така станав опседната со серијава..
    Поинаква од другите,нон стоп во неизвесност..неверојатна заплетканост..
    И на крај незнам што се деси..престанаа да ги даваат и не укапирав како заврши |(
    Омилен лик...Епа повеќе се..

    Прво Саид...незнам зошто имаше нешто толку прекрасно во човекот... :D
    Го обожавав неговиот лик.
    [​IMG]
    Џон Лок..страчево исто прекрасно..нон стоп некоја тајна поврзана со него се откриваше..
    Прво ме иритираше,ама потоа си го засакав..
    [​IMG]
    Соер...Уф ама зајадливо суштество,нон стоп има нешто за приговор...ама му простуваме нели ..секси секси богами.. 8)
    [​IMG]
    Кејт..Симпатична,неодлучна на моменти..ме нервираше кога беше со Соер..повеќе ги сакав во комбинација со Џек.
    [​IMG]
    Бенџамин..Човекот ми беше гаден..секоја чест на глумата.Помалце и психо ми беше..онака да не речам ме плашеше :D
    [​IMG]
    иии Џек...Може да ми каже некоја каде освен во Изгубени има глумено актеров..?
    Инаку Џек..одговорно батенце,на моменти дури и премногу..малку кукавица гледано кон односот со Кејт..си го сакав и знаев дека Џек ќе среди се. :D
    [​IMG]
    Искрено дел од работите а и ликовите ги имам заборавено...Тој дебелиот се сеќавам дека имаше некоја опседнатост..и тој наркоман што беше .Бен или како и да се викаше..ме нервираше,замараше правеше разни екцеси со бебето на таа плавата...

    Ако како заврши серијата може да каже некој??Отприлика барем.. :wasntme:
    Се на се..Супер серија..баш би сакала да си ја догледам..
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  15. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Ах, слаба ми е меморијата на компјутер инаку ќе го имав догледано сигурно...
    А претпоставуваше дека Бун ми се свиѓа, а? :wasntme: Ме насмеа сега :lol:

    Соер е цар. Не можев да најдам цитат на нет за ова ама ќе се потрудам некако да го опишам, ептен ми беше смешно. Не се сеќавам најдобро ама мислам дека беше Џек со Соер кога останаа за никаде со тие сплавовите во вода, и Соер нешто провоцираше, а Џек му вели: Соер престани или... А Соер: Да престанам или што? Ќе ме испрскаш? :rofl: Леле уште ми се смее на ова, не знам како го опишав, но можеби ќе ви текне.
    А на Хуго пак, секогаш му се смеев на косата :lol:
    Леле уште можам јас да си пишувам за серијава, ама ај да не претерувам :$
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  16. apple12

    apple12 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.019
    Допаѓања:
    3.291
    Пол:
    Женски
    Леле првата сезона бев опседната со филмов, не пропуштав ни една епизода..... Ама после некако се изгубив, пропуштив неколку епизоди и целата приказна за Изгубени и мене ми се изгуби хехехе, се беше испомешани, минатото, иднината и сегашноста.... И да седнев да гледам ништо не сфаќав.. така да се откажав од филмов и некакоа се разочарав, не очекував дека ќе има толку фантазија во него...
     
  17. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    Аххх, само што си ја изгледав целата серија по незнам кој пат. И сигурно ќе ја гледам уште некој пат! Само никогаш не го сваќам крајот. :x
     
  18. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.482
    Соер ми беше омилен :)
    Мене повеќе ми одеа Кејт и Соер него Кејт и Џек :wasntme:
     
    На anichka94 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Почнав да ја гледам.
    Прва сезона, втора, врска немам.
    Ама кога веќе стана очигледно колку тупат и тупат, се откажав.
    Пола испоумреа, се најдоа психопати и така натаму.

    А тоа бројките па, сите ги пишуваа на ранец и знам едно девојче го мавнаа со нешто по глава. Ситно, како гума или салотејп и тука се крена фама. Леле таа и таа ги имала бројките запишано во тетратка и ете што и се случило. |(
     
  20. COolgirL93

    COolgirL93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    12
    Од почетокот многу ја пратев но потоа стана досадна и несфатлива и не ја гледав, а најомилен лик Soer :D